Па учество во планирање се рачуна ваљда како учество.
Па и Вернер фон Браун, Клаус Барби и бројни други херои на НАСА и ЦИА уживаа долги децении слободен и удобен живот, дали во помагање на мисиите за слетување на човекот на Месечината, или во безбројните државни удари и помагања на секој злосторнички режим во Латинска Америка, без амин од Белата Куќа на Авенија Пенсилванија број 1600 во Вашингтон, САД, тешко дека ќе имаа толку убави и долги животи.
Добро, некои како Барби на крајот дочекаа некаква симболична правда, не дека жртвите на таквите како него и нивните семејства навистина дочекаа вистинска правда, но тоа е стариот добар американски принцип кој гласи дека не е важно кој кучкин син е главен во тој и тој регион, се` додека е нивен кучкин син.
Ама сите тие зла биле за поголемо добро, па затоа се оправдани, слично како што безбројни зла направени на македонска територија од 1993 година па наваму се за поголемо добро. Само некои - да не речам повеќето - од нас Македонците, сме ќорави за да го видиме со сопствени очи тоа поголемо добро кое произлегува од менување на знаме, име, Устав, преамбула, амнестија на воени злосторници, бришење на историја, на јазик, на национален идентитет, ама тоа е веќе проблем на нас ќоравите.
Од друга страна па и партизаните биле ќорави на бројните благодети и привилегии кои ги уживале под свастиката во периодот помеѓу 1941 и 1944 година, ама никаде не го пишуваше тоа во учебниците по историја. Но не е битно, сега следува процес на ре-едукација и просветлување низ призмата на балкански татарстан и сигурно сите историски мистерии и недоразбирања ќе ги разрешиме експресно исто како и знамето, името, преамбулата и бројни други историски мистерии и недоразбирања.
Слично Конечно решение за бришење на цел еден народ имаа планирано и нацистите за Евреите, и активно го спроведуваа на дело - во Македонија со своеволната, несебична и недвосмислена помош на балкански татарстан, но во Израел тераат некаква поинаква песна во однос на нивната историја, очигледно и на нив ќе им треба ре-едукација и просветлување низ нацистичката призма и низ призмата на сите мирољубиви и добрососедски држави кои извикуваат Смрт за Израел.