Втора светска војна (1939-1945) - генерална дискусија!

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.068
Поени од реакции
78.278
Загинал нешто помалку од месец дена по истоварувањето, па многу е веројатно животот да го изгубил таму кај што испозагинале и повеќето, во областа веднаш зад плажите, исполнета со мали ниви/градини со издигнати меѓи помеѓу нив. Меѓите се од земја и дрва. Има негде и кај нас такви.
Заебан простор за напредување, за кој сојузниците неспремни биле.
Американците од западните две плажи, по истоварот, се нашле испред таа зона. Додека сфатиле каква тактика треба да се примени за да се напредува во таква област, испозагинале многумина.
 
Член од
14 ноември 2013
Мислења
6.189
Поени од реакции
19.266
Ајзенхауер сакал да отвори фронт во Франција, Черчил во Италија. Кога заглавиле во Италија се решиле дефенитивно да одат со сета сила во Франција.
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.862
Русија денес му порача на Западот дека истоварувањето во Нормандија во 1944 година не било одлучувачко за крајот на Втората светска војна и дека улогата на западните сојузници не треба да се преувеличува.
Не се грешка додуша, затоа што војната на 6 јуни 1944 година веќе беше решена, но од друга страна кога се потенцира Сталинград и големите губитоци на Оската таму, многу се заборава дека речиси во истиот период тие губат дури и повеќе воена снага отколку во Сталинград со капитиулацијата во Северна Африка, одосно со паѓањето на последното упориште во Тунис.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.068
Поени од реакции
78.278
Ајзенхауер сакал да отвори фронт во Франција, Черчил во Италија. Кога заглавиле во Италија се решиле дефенитивно да одат со сета сила во Франција.
Најпрвин Американците сакале Западна Европа. Британија не била спремна за тоа тогаш, а и не биле условите созреани за таму тогаш. Затоа заеднички се одлучиле за преку Северна Африка. На Американците, објективно, пред да го отворат Западниот им требало некоја уводна епизода - Да се окрвавават малку пред главното, да не идат директно и одма преку западна Европа.
И кога веќе така решиле, Черчил сакал на Балкан (он имал некаква фиксација со Балканот), ама не му прифатиле, па Сицилија било одлучено да биде следната станица (многу подобра опција отколку Балкан).
 

Klin

Колце
Член од
6 јануари 2014
Мислења
4.395
Поени од реакции
7.839
Инвазијата на Северна Африка и операција Факел е отпочната меѓу другото и поради фактот што колонијалните сили стационирани таму кои тогаш поради своите квинслишки влади дома служеле на силите на Оската, биле расположени за промена на страната со исклучок на мал дел офицерски кадар. Самото истоварување во Оран е драматично до последен миг поради фактот што покрај куп договарања (разузнавачки активности) сеуште било неизвесно како ќе се одвиваат работите. Комплетен пресврт има кога е извршен Атентат на Адмирал Дарлан како врховен командант на сите француски сили на територијата на Северна Африка после што се расчинети сите негови поддржувачи итн. Па формирање на силите на Слободните Французи, Де Гол, Леклерк...

Некој спомна претходно дека Черчил го форсира Балканот како следна точка на инвазија со што влегува во директен судир со Ајзенхауер, за што и едниот и другиот имаат пишувано во своите мемоари за ВСВ.

Ајзенхауер настапува од позиција на чиста воена стратегија за пораз на нацистичка Германија во најбрз можен рок за разлика од Черчил кој тогаш уште ги начнува британските империјални интереси на Балканот, особено околу Грција. Тогаш присуството на САД на Балканот а и директните интереси се минорни при што како главни носители на инвазионите сили во целост ја отфрлаат идејата на Черчил, што пак не го спречува нешто подоцна да ја испрати прекалената во борбите во Северна Африка 7ма околопна дивизија т.н Пустински стаорци во амфибиски десант во Грција и ги впушти во директна борба против Демократската Армија на Грција (левицата) затоа шо германската Армиска Група Е е веќе повлечена и не постојат организрани окупациони борбени формации ...и еве до ден денес тие традиционални монархистички сојузништва и нивните империјални интереси траат.
 
Последно уредено:
Член од
29 декември 2007
Мислења
555
Поени од реакции
1.281
Инаку имало и наш човек што загинал во Нормандија. Денес прв пат слушнав за ова.
Се разбира интересна приказна. Но ако (според Википедија) имало 50-60 илјади имигранти од Македонија пред WW2 (тогаш САД има 100 милиони) , значи од 2000 Американци еден е со македонско потекло. Тоа значи од 10 илјади загинати Американци во Нормандија околу петорица се со македонско потекло. Исто и околу 200-300 загинати во Пацификот, Франција, Италија итн..

Е сега да ти кажам за моите два чичковци кои биле градежници во Иран/Персија за време на војната. Во август/септември 1941 има Англо-Советска инвазија на Иран и сите кои се од сојузничките/окупираните територии (Југославија во овој случај) мораат да се приклучат кон една од тие арммии. Мене ми е нејасно зошто не одат заедно во една опција, сеедно, едниот оди ви англиската армија, загинува некаде во Италија, другиот е во Црвената армија и всушност успева да преживее. Кога доаѓа 1948 оди за Голи Оток, како сомнителен елемент и умира не така долго после распушатање од таму во пеесетите.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.068
Поени од реакции
78.278
Прадедо ми, по почетокот на војната на Балканот, отишол на Крит, па во Северна Африка, па во САД.

Патем, еве една споредба по модели од Источен Фронт:
 

Klin

Колце
Член од
6 јануари 2014
Мислења
4.395
Поени од реакции
7.839
Прадедо ми, по почетокот на војната на Балканот, отишол на Крит, па во Северна Африка, па во САД.

Патем, еве една споредба по модели од Источен Фронт:

Hummel vs SU-152 им е погрешна класификација.

Има некоја логика класификацијата ако се изостават податоците кога станале оперативни како дел од борбените формации.

Извор ме интересира и во кој контекст е поставена.

Патем речено го пропушти одбележувањето на датумот на отпочнување на операција Барбароса.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.068
Поени од реакции
78.278
Hummel vs SU-152 им е погрешна класификација.

Има некоја логика класификацијата ако се изостават податоците кога станале оперативни како дел од борбените формации.

Извор ме интересира и во кој контекст е поставена.
Не сум ја толку зумиран на тенкови како повеќето кои се интересираат за Втора Светска и скроз може табелава да содржи невалидни споредби, затоа што не ги правеле они сите свои тенкови во функција да бидат пандан на некои противнички. Инаку, ја најдов сликава у интернет група за воени игри.

HummelПатем речено го пропушти одбележувањето на датумот на отпочнување на операција Барбароса.
како и многу други датуми (намерно, за да незамарам стално)
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.068
Поени од реакции
78.278

Интересна слика.
Германски војник чува стража пред влез во кој влегува германски офицер, а до нив бдеат Стаљин и Ленин.
(ленинградски регион 1941)
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.068
Поени од реакции
78.278
У контекст на времево деновиве:
 
Член од
13 јуни 2009
Мислења
1.227
Поени од реакции
743
бугарската окупација ,картата на цела Македонија во позадина ама неможам да прочитам точно што пишува
 

Kajgana Shop

На врв Bottom