Мислев на потопени американски бродови пред влезот на САД во војната во декември 41-ва.:wink:
Аааа. ОК:salut:Не те разбрав, сори.:wink:
Инаку интерсен е податокот дека САД за два месеци во четириесетите години произведувала нафта и нафтени деривати колку Јапонија за цела војна.
Во текот на 1944 и Јапонците и Германците имале проблем со ова. Пред се со намалениот број часови за обука на пилотите пред да ги пратат во борба. Така што просечен сојузнички пилот во 1944 има 600 часови самостоен лет на тренинг пред да полета во битка, додека Германските се смалиле на 100 - 150, а Јапонските уште помалку.
Германија посебно во 44-а произведува повеке муниција, авиони, тенкови и слично него било кога али нема веќе толку гориво за движење на истите.
Американците и Русите имале нафта на претек и немале вакви проблеми во втората половина на војната.
Јапонците како перфекционисти имале една постава морнарички пилоти тренирани пред војната кои пуздер направиле во 36 - 42 (војната во Кина па натаму). Освен морнаричките ловци, морнаричките торпедни авиони и авионите за обрушување имале во битките со Кина, Аустралија, Британија и УСА неверојатен учинок од 80% погодоци во нападите до крајот на 1942.
Но бидејки се работи за мала група хард кор професионалци, обучени во мир со илјадници часови тренинг, тешко се мењале загубите со компетентни пилоти. А пресвртната точка е во Битката кај Мидвеј, каде се случува неверојатна работа.
Јапонските ветерани го бомбардираат островот и ги уништуваат сите авиони кои полетале да ги пресретнат (20-на ловци) како и поредените бомбардери на пистите и се враќаат на носачите каде се пунат со со бомби за втор напад. Во меѓувреме пристигаат Американските авиони од носачите и напаѓаат, Јапонските ловци кои летаат заштита ги масакрираат Американците, кои некоординирано нападнале и ако не се лажам од четири ескадрили (48 авиони) ниту еден авион не преживеал, сите биле соборени од Јапонските ловци. По ова Јапонците наредуваат да се откачат бомбите и да се стават торпеда за напад на Американските бродови кои сега е јасно дека се близу.
Секако се губи време и во тој момент доаѓаат 3 ескадрили Американски едномоторни бомбардери за обрушување кои задоцниле со нападот дека ја утнале точката за собир, Јапонските ловци биле спуштени многу ниско додека ги масакрирале и бркале авионите од првиот бран и немале време да фатат висина, а некои слетале да земат муниција. Така овие три ескадрили ги потопуваат носачите Кага, Акаги и Сорју.
Најголемата загуба не е во бродовите туку во пилотите кои загинале додека биле наредени на палубата, преполна со бомби (кои не биле вретени во хангарите) и торпеда кои се закачувале на бродовите, како и гориво кое со црва преку палубата го полнеле во авионите. Секако една бомба ги активира и тука гине кремот на Јапонското морнаричко воздухопловство.
Преостанатиот носач Хирју двапати праќа по само 10-ина авиони и двата пати ја погаѓаат целта и го онеспособуваат Јорктаун носачот кој подоцна тоне.
Секако ова ги исцрпува пилотите и авионите и конечно преживеаните авиони од Јорктаун заедно со групите од Ентерпрајз го погаѓаат Хирју кој тоне. Адмиралот Јамагучи решава да потоне со бродот и тука Јапонија губи многу способен офицер, кој бил на ниво на Јамамото.
Пилотите од преостанатите носачи кои биле на други делови од Пацификот сега се тенко растегнати и во следните шест месеци до година гинат под притисок на огромен број на сојунички авиони. Така едно задоцнување и утка на плнот од страна на трите Американски ескадрили ја решава судбината на Пацифичката војна. Јапонците веке немале кога да истренираат екипа на тоа ниво на професионалност.