Втора светска војна (1939-1945) - генерална дискусија!

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.267
И повторно тоа те прави експерт за воена техника исто колку што и мене возачката дозвола ме прави експерт за автомобили.
Најуништуван тенк во втора светска војна е т34
80% од сите произведени - беа и уништени.
Масовно беа уништувани и во 1941 и во 1945.
Последни месеци од војната кога германија веќе беше пред пропаст кога немаа ни подршка од воздух, ни искусен кадар, кога дивизиите им беа десеткувани и без доволно опрема и муниција... од 12.500 произведени Т-24, уништија 12.000
Многу бројни беа недостатоците на 34, и тоа се влечеше цело време, од непоуздани мотори, од катастрофален менувач, од слаба прегледност од слаба пробивност на топот од куполата.......
И во корејската војна т34 беше многу послаб од амерички шермани.
Она шо т34 гго прослави е шо беа произведени во огромен број и фрлани на фронт каде исто беа масовно уништувани. Залсугата на 34 н е во негов квалитет туку во работниците кои го правеа толку многу.
Во 1941 беа уништени скоро сите Т34 од страна на германците иако германци тогаш немаа ни пантери ни тигри.

Али од кај ти тоа да го знаеш
 
Член од
14 ноември 2013
Мислења
6.309
Поени од реакции
19.662
Германците ја загубиле војната, но поентата е што русите трпеле секогаш многу поголеми загуби, и во 1941 и во 1945.
Тоа се должи на неспособноста на руските офицери, инфериорноста на руските војници како и од многу слаб квалитет на руското оружје опреа и техника.
Ах зборуваш за невооружаните Руси кои гинеле во милионски бројки, мит кој никако да умре. Секако ако се отвори книга тогаш ќе се увиди дека загубите на Советите наспрема Германците се 1.3 : 1.

Инаку Т34 бил револуционерен и најпроизведуван тенк во војната но дефенитивно не бил еден од најдобрите.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.483
Поени од реакции
11.539
Најуништуван тенк во втора светска војна е т34
80% од сите произведени - беа и уништени.
Масовно беа уништувани и во 1941 и во 1945.
Последни месеци од војната кога германија веќе беше пред пропаст кога немаа ни подршка од воздух, ни искусен кадар, кога дивизиите им беа десеткувани и без доволно опрема и муниција... од 12.500 произведени Т-24, уништија 12.000
Многу бројни беа недостатоците на 34, и тоа се влечеше цело време, од непоуздани мотори, од катастрофален менувач, од слаба прегледност од слаба пробивност на топот од куполата.......
И во корејската војна т34 беше многу послаб од амерички шермани.
Она шо т34 гго прослави е шо беа произведени во огромен број и фрлани на фронт каде исто беа масовно уништувани. Залсугата на 34 н е во негов квалитет туку во работниците кои го правеа толку многу.
Во 1941 беа уништени скоро сите Т34 од страна на германците иако германци тогаш немаа ни пантери ни тигри.

Али од кај ти тоа да го знаеш
Никој не ги оспорува загубите на Советскиот Сојуз во Втората Светска Војна, но тоа не се должи на квалитетот на оружјата, туку на неквалитетот на кадрите кои командувале со Црвената Армија.

Во германскиот Вермахт и покрај презирот на Адолф Хитлер кон генералите и пруските традиции, сепак морало да се докажеш како офицер ако сакаш да напредуваш.

Во Црвената Армија единствен услов за напредување во втората половина на 1930-те години и на почетокот на 1940-те години била лојалност кон вождот, односно кон другарот Јосиф Висарионович Сталин.

Дури откако последиците на ваквите политики на вождот почнале да се чувствуваат после зимската војна помеѓу Советскиот Сојуз и Финска во 1939 и 1940 година, конечно вождот дозволил компетентни офицери да командуваат со Црвената Армија, дури и наредил ослободување на некои од жртвите на неговите чистки и теророт од 1930-те години, како генералот Константин Рокосовски, кој кога бил вратен во служба во Црвената Армија во 1940 година, бил речиси без ниту еден заб, бидејќи му ги испокршиле припадниците на НКВД додека бил во затвор.

Но бидејќи е лесно да се уништуваат, а тешко е да се создаваат професионални кадри, Црвената Армија дури во 1943 година почнала да се опоравува од тешките загуби претрпени во 1941 и 1942 година, по заслуга на фирерот и германските генерали, но истовремено и во голема мерка по заслуга на вождот.
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.267
Никој не ги оспорува загубите на Советскиот Сојуз во Втората Светска Војна, но тоа не се должи на квалитетот на оружјата, туку на неквалитетот на кадрите кои командувале со Црвената Армија.
Шо има врска кадарот на црвената атмија со тоа што топот на т 34 беше со послабо дејство од оној на шерман?
Шо има врска кадарот на црвената армија со тоа што Т34 имаше најслаба прегледност од сите возила
Што иа кадарот на црвената армија со тоа што во возење не можеше да се префрли во повисок степен на брзина па најчесто не одеа побрзо од 15 км/час
шо има врска кадарот на црвената армија со тоа што на секои сат време возење мораа да прават паузи од пола сат поради прегревање на мотоите
шо врска има кадаро на црвената армија со тоа што само при марш без борбени дејствја оклопна дивизија на црвена армија исгуби 30% од тенковите ради дефекти
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.223
Поени од реакции
78.804
...
Тоа се должи на неспособноста на руските офицери, инфериорноста на руските војници како и од многу слаб квалитет на руското оружје опреа и техника.
...a не на традиционалната негрижа на Стаљин за човечките животи?

Мада, кога станува збор за традиционална негрижа/неценење за човечки животи, не е ни до Стаљин све. Еве и денес, една од причините поради кои Русите успеаја да средат работа во Чеченија е тоа што Чеченците знаат дека немаат никаква фрка Русите, за татковината да жртвуваат човечки животи. Понатаму, се вели, по трагите од трупови ќе познаеш дека некоја работа е завршена/направена од руска, а не од друга мафија.
Во земја, во која лесно се умира, нема толку фрка за жртвување на човечки животи, заради било какви причини.
Втора Светска Војна руското население ја дочека во услови кога се умира од глад (и разни други причини) лесно, кога било кој може било кого да набеди за било што и да биде стрелан или отеран на робија.
Саможртвувањето на војниците за татковината има поголема психолошка потпора кај рускиот и германскиот војник во II С.В., отколку кај американскиот, францускиот или енглескиот војник.
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.267
Ах зборуваш за невооружаните Руси кои гинеле во милионски бројки, мит кој никако да умре. Секако ако се отвори книга тогаш ќе се увиди дека загубите на Советите наспрема Германците се 1.3 : 1.

Инаку Т34 бил револуционерен и најпроизведуван тенк во војната но дефенитивно не бил еден од најдобрите.
Пишувам само за воени губитоци - загинати руски војници и односот е многу поголем
Т34 немаше ништо револуционарно во него, подвозјето му беше земено од америчкиот тенк Кристи, телото со косини од француските тенкови.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.483
Поени од реакции
11.539
Шо има врска кадарот на црвената атмија со тоа што топот на т 34 беше со послабо дејство од оној на шерман?
Шо има врска кадарот на црвената армија со тоа што Т34 имаше најслаба прегледност од сите возила
Што иа кадарот на црвената армија со тоа што во возење не можеше да се префрли во повисок степен на брзина па најчесто не одеа побрзо од 15 км/час
шо има врска кадарот на црвената армија со тоа што на секои сат време возење мораа да прават паузи од пола сат поради прегревање на мотоите
шо врска има кадаро на црвената армија со тоа што само при марш без борбени дејствја оклопна дивизија на црвена армија исгуби 30% од тенковите ради дефекти
Сето ова ти го виде со твои очи, или лично ти го кажаа ветераните од големата татковинска војна ?

Или го знаеш од твоето искуство со постарите тенкови кои Советскиот Сојуз и` ги дал на Југославија, а кои веќе си го отсвириле своето ?

Експерт си за воена техника исто колку што си експерт и за дигиталната телевизија, за правото, или подобро кажано, исто колку што има остатоци од ланскиот снег.

Пишувам само за воени губитоци - загинати руски војници и односот е многу поголем
Т34 немаше ништо револуционарно во него, подвозјето му беше земено од америчкиот тенк Кристи, телото со косини од француските тенкови.
Но на советските воени инженери им текна да ги комбинираат таквите особини во еден од најдобрите тенкови од Втората Светска Војна, не им текна на швабите.

И на крајот Т-34 патролираше низ Берлин во мај 1945, а не шерманите на американците - овие вториве пристигнаа во Берлин откако швабите веќе потпишаа безусловна капитулација.
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.267
Сето ова ти го виде со твои очи, или лично ти го кажаа ветераните од големата татковинска војна ?

Или го знаеш од твоето искуство со постарите тенкови кои Советскиот Сојуз и` ги дал на Југославија, а кои веќе си го отсвириле своето ?

Експерт си за воена техника исто колку што си експерт и за дигиталната телевизија, за правото, или подобро кажано, исто колку што има остатоци од ланскиот снег.
слабиот квалитет на руската технологиј се покажа и во рчиси сите судири после втора светска војна, сегаде тие претрпувале многу поголем загуби од страна на западно и америчко оружје.
Ти за руски тенкови знаеш од филмови и пропаганди, јас знам од стручна литература.

еве ти еден факт и на секој твој следен пост ќе ти давам уште по некој
Русите во 1941 година за време на нападот на германија имаа во своите единици 3.000 Т34. Тоа е голема бројка, еквивалент на 10 тенковски дивизии или над 3 тенковски армии.
Германците во напад на русија употребиле 2700 тенкови голем број од нив панзер 3 со 37мм топови.
за неполни 3 месеци скоро сите т34 беа уништени а германците напредуваа до Москва[DOUBLEPOST=1506011249][/DOUBLEPOST]
И на крајот Т-34 патролираше низ Берлин во мај 1945, а не шерманите на американците - овие вториве пристигнаа во Берлин откако швабите веќе потпишаа безусловна капитулација.
хахахахахах
еве ти руси со шермани од кои неколку слики каде патролираат низ берлин
18.jpg 21.jpg 40da05cc6e26b351650ed3d58ef81435--lend-lease-general-sherman.jpg SC2056351-1.jpg

русите стигнаа до берлин на криљата на америчката индустрија и помош
 
Последно уредено:
Член од
14 ноември 2013
Мислења
6.309
Поени од реакции
19.662
Пишувам само за воени губитоци - загинати руски војници и односот е многу поголем
Т34 немаше ништо револуционарно во него, подвозјето му беше земено од америчкиот тенк Кристи, телото со косини од француските тенкови.
Севкупниот броj на неповратни загуби како загинати или исчезнати за Советите (за Руси е околу 5-6 милиони) е 11,285,057 а 8,649,500 е за Оската (Германија и сојузници, Германија сама има околу 6.9 милиони) па од овде се добива сооднос од 1.3 наспрема 1.

Се согласувам дека Германците биле дефенитивно најдобри војници во војната, подобри не само од Советите но и од Американците и Британците, тоа многу се должи на тоа што они имале најефикасни NCO но има и доста митови како Советски човечки бранови, 4 Шерман за секој Тигар итн.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.483
Поени од реакции
11.539
слабиот квалитет на руската технологиј се покажа и во рчиси сите судири после втора светска војна, сегаде тие претрпувале многу поголем загуби од страна на западно и америчко оружје.
Ти за руски тенкови знаеш од филмови и пропаганди, јас знам од стручна литература.

еве ти еден факт и на секој твој следен пост ќе ти давам уште по некој
Русите во 1941 година за време на нападот на германија имаа во своите единици 3.000 Т34. Тоа е голема бројка, еквивалент на 10 тенковски дивизии или над 3 тенковски армии.
Германците во напад на русија употребиле 2700 тенкови голем број од нив панзер 3 со 37мм топови.
за неполни 3 месеци скоро сите т34 беа уништени а германците напредуваа до Москва
Вади слободно колку сакаш факти, еве и јас ќе ти извадам по неколку факти:

Другарот Сталин забранува контра-напад против нацистите на 22 јуни 1941, бидејќи верува дека нападот е дело на одметнат генерал и без одобрение на Хитлер.

Поминуваат повеќе часови од витално значење за безбедноста и постоењето на Советскиот Сојуз, но дури откако Вјачеслав Молотов потврдува дека западните медиуми во САД и Велика Британија објавуваат дека Нацистичка Германија го нападнала Советскиот Сојуз, конечно вождот одобрува контра-напад, откако веќе речиси 1.500 борбени авиони се уништени на земја без воопшто да полетаат, а веќе на 27 јуни 1941, само 5 дена од почетокот на Операција Барбароса, само во Белорусија Вермахтот пријавува дека има заробено над 3.000 советски тенкови - не уништени, туку заробени.

Вождот наредува пред Револуционерниот трибунал да биде изведен Дмитри Павлов - командантот на Западниот фронт, под обвинение за кукавичлук и криминална неспособност. На 22 јули 1941, Павлов е стрелан за предавство, но Вермахтот и понатаму напредува.

Вождот планира да направи нов пример и од Иван Коњев после поразот кај Смоленск на крајот од јули 1941, но Георги Жуков излегува во одбрана на Коњев со оправданието дека смртта на Павлов не ја подобрила ситуацијата на фронтот, поради што повеќе од сигурно е дека ниту смртта на Коњев нема да ја подобри ситуацијата на фронтот. Откако го спасува животот на Коњев, Жуков подоцна ја спасува и Москва, но дури откако вождот конечно им остава простор за маневар на генералите во октомври 1941, на кои претходно им забранувал да се повлекуваат, со што ги осудил на смрт, како Михаил Кирпонос, кој загинал во битката за Киев во септември 1941 бидејќи вождот му забранил да се повлече.

хахахахахах
еве ти руси со шермани од кои неколку слики каде патролираат низ берлин
Прегледај го приврзокот 177659 Прегледај го приврзокот 177660 Прегледај го приврзокот 177661 Прегледај го приврзокот 177662

русите стигнаа до берлин на криљата на америчката индустрија и помош
Слободно смеј се колку сакаш, ама гледаш, тие први пристигнаа до Берлин, но не само со американските шермани, туку и со советските Т-34 тенкови, колку и да ти е тешко да прифатиш.
 
Последно уредено:

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.223
Поени од реакции
78.804
Ќе ви најдам 65000 сведочења на Германски панцер екипажи, руски и американски тенковски ветерани, кои сите без исклучок велат дека Т34 е најдобриот тенк во II С.В.
Значи, луѓе кои имале искуство со тие машини in situ и во тие тогашни услови, според кои и го оценуваме тенкот.
 
На YouTube си ги нашол, не се рачунаат тие за таквите како @Let 3.
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.267
Севкупниот броj на неповратни загуби како загинати или исчезнати за Советите (за Руси е околу 5-6 милиони) е 11,285,057 а 8,649,500 е за Оската (Германија и сојузници, Германија сама има околу 6.9 милиони) па од овде се добива сооднос од 1.3 наспрема 1.

Се согласувам дека Германците биле дефенитивно најдобри војници во војната, подобри не само од Советите но и од Американците и Британците, тоа многу се должи на тоа што они имале најефикасни NCO но има и доста митови како Советски човечки бранови, 4 Шерман за секој Тигар итн.
Вкупно во војната загинаа 5,1 милион германски војници
Не гинеа сите на источен фронт во борба против русите.
На исток загинаа 4,3 милиони германски војници наспроти 8,3 милиони руски војници или 1:1,93
На исток германците изгубија 35.000 тенкови и борбени возила наспроти 96.000 руски или 1:2,74
На исток германците изгубија 18.000 авиони наспроти нешто над 105.000 руски или 1:5,83
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.223
Поени од реакции
78.804
Вкупно во војната загинаа 5,1 милион германски војници
Не гинеа сите на источен фронт во борба против русите.
Не бе, не гинеа сите на Источен фронт, имаше погинати и на западен и на медитерански фронт, еве споредба:

Само 4/5 од германските војници загинаа на Источен Фронт.
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
23.598
Поени од реакции
38.747
Вкупно во војната загинаа 5,1 милион германски војници
Не гинеа сите на источен фронт во борба против русите.
На исток загинаа 4,3 милиони германски војници наспроти 8,3 милиони руски војници или 1:1,93
На исток германците изгубија 35.000 тенкови и борбени возила наспроти 96.000 руски или 1:2,74
На исток германците изгубија 18.000 авиони наспроти нешто над 105.000 руски или 1:5,83
Разликата е што германците имале подобра обука од русите, поспретни генерали на почетокот и ради тоа напредувале. Околу тенковите, германските тенкови имале многу подобар оклоп, обучени екипажи додека русите не ги имале тие ствари. И тоа што бил обучен кадар Сталин го пратил на гулаг.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom