Втора светска војна (1939-1945) - генерална дискусија!

Член од
28 декември 2015
Мислења
3.211
Поени од реакции
5.613
Историјата ја пишуваат победниците, а вие во WW2 сте биле на погрешната страна. Сеа тоа што СССР ја зел Молдавија ја зел, него зошто Молдавија е сега независна држава а не дел од Романија? Молдавците не се идентификуваат како Романци колку што знам.
Молдавија е независна држава поради фактот што заграбената територија во 1940 подоцна со Хрушчов се здоби со статус на федеративна единка, советска република. Како што сите републики кои го сочинуваа СССР 1991-92 станаа независни суверени држави 15 на број, така и Молдавија.
Не сум детално упатен во ситуацијата таму, знам дека говорат романешти, дека во 17-18.век постоела молдованска држава, дека 1852-1940 била дел од Романија но денес веќе постои засебна молдованска национална свест и практично е малку возможно да се спои со Романија.

Зачетоците на молдованската национална свест сепак е сталинистичката експанзија и бољшевички империјализам.
Треба да се знае и дека малата Антанта не постоела повеќе во 1940 (ЧСР е окупирана од рајхот 38-39) а запдните сојузници не мрднале со прст барем да ја осудат советската агресија.
Исто како Финска и Романија е ставена пред свршен чин. Но за разлика од Финска, во Романија навистина постоеле фашистички организации со антисемитска програма. Бруки.
 
Член од
28 декември 2015
Мислења
3.211
Поени од реакции
5.613

Дали се согласувате дека еден од Големата Тројка на соузниците уствари бил идиот?
Британски историчар прави compelling case околу наводната идиотија на Винстон Черчил но не можам да не приметам дека претерува.
Ако не ве мрзи, погледнете го видеото има интересни поенти. Овој историчар е специјализиран за WW2, имаше одлично видео за нафтата како главна предност за сојузниците и логистиката која ја решила војната додека извиканите оружени системи биле само ударна тупаница и ништо повеќе.
Интересно е што никогаш и никаде лoгистичарите не добиваат медали за храброст, не се споменувани по медиуми, не се снимаат за нив филмови и серии, како да не постојат.
Пример луѓето кои стоеле зад логистиката за Д-деј се неопеани херои кај сојузниците.
Чудновато но вистинито, СССР цело време имал подобра логистика од Рајхот, дури и во најтешките денови.

@Hello Kitty ако имаш време ѕирни го :)
@Eisenhorn и за тебе важи, дај постирај нешто, мене ме немаше пола година и више на форумов, ако имаш време секако :)
 
Eisenhorn

Lord Inquisitor
Член од
6 мај 2009
Мислења
2.850
Поени од реакции
4.942

Кога ќе почне војна аматерите расправаат за тактика а професионалците за логистика.

По Ковид лабави денови сега имам повеќе работа а и повеќе време сум со семејството.

Пијандурата Черчил иако има прилично глупи потези (и во Прва светска) голема работа е што останувал упорен и покрај некои катастрофи на фронтот, и во Европа, Африка и во Азија.

Нафтата секако е најголемата предност на сојузниците, освен за гориво од нафтени деривати се добиваат уште многу работи кои се неопходни во војна како синтетичка гума.
Ако добро се сеќавам во 1944 година Јапонските пилоти имаат 50 - 60 часа самостален лет пред да пристигнат во ескадрилите низ Пацификот и Азија а Американските пилоти имаат 500 - 600 часа.

Колку што Јапонија испумпала и преработила нафта за цел тек на војната толку Америка успевала на секои 60 дена.

Секако ако најдам време ќе продискутирам но не ветувам.

Kajgana Shop

На врв Bottom