Втора светска војна (1939-1945) - генерална дискусија!

Член од
28 декември 2015
Мислења
2.191
Поени од реакции
3.561
Во тек на борбите за Окинава, Јапанците се во завршна фаза на еден интересен проект. Се работи за наменски самоубилачки авион, различен од останатите авиони употребувани за таа намена.
Иако во борба веќе била употребена Јокосука Ока, наменскиот ракетен самоубилачки авион, тој имал еден куп проблеми како што се мизерен домет (40км) и зависност од авионот-носач. "Тешките" бомбардери кои го носеле тоа чудо со боева глава од 1200кг биле лесна цел за америчките пресретнувачи. Носејќи ја Ока нивната подвижност била никаква, дометот намален а немале ниту ловачка пратња.
Сепак потопиле неколку амерички брода користејќи ја својата брзина во пикирање од 900+ км на час.

Ока :

Јапанската армија за разлика од флотата нарачува старт на производство на 8.000 авиони месечно од типот Накаџима Ки-115 Цуруги, класични клипни авиони на база на веќе постоечки ловци но градени од нестратешки материјали како дрво и остали ствари кои можеле да се произведуваат со нискоквалификувана работна сила.
Отстранети биле скоро сите инструменти, боци за кислород, оклоп, заштита за резервоари, буквално све што се може за да едно летало оди на пат во еден правец.
Овие авиони требало да се пилотираат од страна на полуобучени тинејџери кои после неколку часа летање со едрилици и двоседа варијанта на било каков ловец би биле "за дом спремни".

Но во реалноста биле произведени околу 100 авиони од овој тип, заедно со 1000+ во фаза на склопување.
Се покажало дека и искусни тест-пилоти тешко се носат со управување на овој бизарен авион, неколкумина и загинале во пробите. Со тоа паднале во вода плановите за жртвување на expendable средношколци без воена обука кои би ги летале овие нешта до палубите на америчките бродови. Но и покрај тоа производството во Август 1945 било во полн ек (барем колку што дозволувале условите).
Авионот носел по една противоклопна бомба од 800кг која требало со еден погодок да потопи еден капитален брод.

Ки-115 Цуруги :

Тактиката на употреба на Ки-115 предвидувала истовремен напад на 300-400 авиони од овој тип при што би се постигнала сатурација, неред и хаос кај американци така што до целта би се пробиле барем 1/5 од тие 300-400 кои тргнале во напад (50-80 погодоци по операција).
 
Последно уредено:

Beric Dondarrion

Lord of Blackhaven
Член од
14 август 2006
Мислења
34.801
Поени од реакции
53.072
Отстранети биле скоро сите инструменти, боци за кислород, оклоп, заштита за резервоари, буквално све што се може за да едно летало оди на пат во еден правец.
И пред тоа вложувањето во сигурноста и комфорот на пилотот, возачот, морнарот, војникот... била последна ставка кај Јапонците, само што сега при крајот, тоа кратење (во безбедност, комфор...) било неопходно.
Инаку, после капитулацијата, Американците кога влегле и све испитале, биле зачудени колку работи (при крајот на војната) Јапонците почнале да прават од дрво.
 
Член од
28 декември 2015
Мислења
2.191
Поени од реакции
3.561
И пред тоа вложувањето во сигурноста и комфорот на пилотот, возачот, морнарот, војникот... била последна ставка кај Јапонците, само што сега при крајот, тоа кратење (во безбедност, комфор...) било неопходно.
Инаку, после капитулацијата, Американците кога влегле и све испитале, биле зачудени колку работи (при крајот на војната) Јапонците почнале да прават од дрво.
Типичен пример е познатиот Зеро кој до 1944 немал никаква заштита, делумно поради јапанската идеологија наводно базирана на Бушидо традициите каде што воинот е потрошен материјал, делумно поради техничко-тактичките барања на флотата (максимален можен долет и максимална можна подвижност).
Американците лесно доаѓаат до контра-тактика на неверојатната подвижност на Зеро (и не само Зеро) со тоа што монтираат што повеќе тешки митралези кои во кратките интервали кога се пружала можност би истуриле максимална количина олово по незаштитените јапански авиони. Не биле ретки случаи кога Хелкет или Корсер буквално би ги пресекле на пола Зеро и остали.

Во 1944 веќе започнуваат да монтираат оклопно стакло, челични плочи на седиште на пилот и покрај својата традиција да ја сметаат живата сила за потрошен материјал. Но до крај на војната нема да монтираат самозатварачки резервоари а тоа било кобно во борба кога запалителни куршуми од 12,7мм правеле огнени топки од јапанските авиони. Тука веќе влегуваме во водите на идиотизмот кај јапанската страна за кој има многу докази.:angel:
Автоматски споено мислење:

Во последната година на војната во употреба влегуваат и самоубилачки брзи дрвени глисери наречени Шинјо и мини-подморниците Каитен, исто на база на теоретската можност за one shot-one kill.
Интересно е што и двата концепти драматично потфрлаат во борба.

Последно уредено:

Beric Dondarrion

Lord of Blackhaven
Член од
14 август 2006
Мислења
34.801
Поени од реакции
53.072
Во 1944 веќе започнуваат да монтираат оклопно стакло, челични плочи на седиште на пилот и покрај својата традиција да ја сметаат живата сила за потрошен материјал.
Ја искрено до сега не сум знаел дека почнале при крај да вложуваат во безбедност на пилотите.
Они најдобрите пилоти ги изгубија доста пред ова, така да овие подобрувања на безбедноста верувам дека ги направиле не затоа што виделе дека им снемува добри пилоти, туку затоа што им снемува пилоти.

Генерално гледано, таква била ситуацијата заради бушидото. Не е чудо некој бушидото да го смета како главен кривец за брзото исчезнување на добрите јапонски пилоти (меѓу другите губитоци на секој незаштитен возач, подморничар, војник...), колку и да звучи чудно.
Автоматски споено мислење:

Американците лесно доаѓаат до контра-тактика на неверојатната подвижност на Зеро (и не само Зеро) со тоа што монтираат што повеќе тешки митралези кои во кратките интервали кога се пружала можност би истуриле максимална количина олово по незаштитените јапански авиони. Не биле ретки случаи кога Хелкет или Корсер буквално би ги пресекле на пола Зеро и остали.
Тоа да, ама сметам дека брз пресврт во воздушните дуели е направен за време на Мидвеј кога почнуваат со Тач-маневарот. После тоа, со тој маневар, битките веќе не биле исти. Плус, секако монтирањето на поголема огнена моќ.
 
Последно уредено:
Член од
28 декември 2015
Мислења
2.191
Поени од реакции
3.561
Ја искрено до сега не сум знаел дека почнале при крај да вложуваат во безбедност на пилотите.
Они најдобрите пилоти ги изгубија доста пред ова, така да овие подобрувања на безбедноста верувам дека ги направиле не затоа што виделе дека им снемува добри пилоти, туку затоа што им снемува пилоти.

Генерално гледано, таква била ситуацијата заради бушидото. Не е чудо некој бушидото да го смета како главен кривец за брзото исчезнување на добрите јапонски пилоти (меѓу другите губитоци на секој незаштитен возач, подморничар, војник...), колку и да звучи чудно.
Чудна е огромната разлика кај амери и јапанци во поглед на однос према сопствени војници. Никогаш не сум можел да сфатам тоа до која мера било изразено. Јапан е едина голема сила која нема оклопен транспортер во војната. Слично е кај тенкови каде амери ставаат по неколку "шахти" на Шерман за излегување и спас на посада од погоден тенк при што загубите на тенкисти се намалуваат значително. Јапанци не се замараат со такви ситници.
 
Beric Dondarrion

Lord of Blackhaven
Член од
14 август 2006
Мислења
34.801
Поени од реакции
53.072
Во последната година на војната во употреба влегуваат и самоубилачки брзи дрвени глисери наречени Шинјо и мини-подморниците Каитен, исто на база на теоретската можност за one shot-one kill.
Интересно е што и двата концепти драматично потфрлаат во борба.
Баш пред некоја година гледав еден филм за посадата на каитените. Млади дечки од воена школа-камикази. Седат у подморници и кога треба ги испалуваат со каитенот да го наведат на целта.
Колку што се сеќавам, они седат у подморницата и имаат посебен третман, пошто се жртвуваат за императорот.
И се испалуваат еден по еден, кога ќе треба. Само еден несреќник увек кога ќе требаше да го испалат, нешто откажуваше (се дешавало тоа, не е дека било невообичаено). И он цел филм беше мизерен дека не може да си ја исполни должноста, па го тешеа другите, као ај следечи пут боље ќе биде.
На крај испадна дека некој од посадата со кој се спријателил намерно тајно го саботирал секој покушај, за да не погине пријателов.
 
Член од
4 март 2021
Мислења
3
Поени од реакции
0
Дечки, ме интересира дали негден постои листа на сите паднати македонски борци во војната? Документ, книга или нешто на интернет. И ако нема, зошто?
 
Eisenhorn

Lord Inquisitor
Член од
6 мај 2009
Мислења
1.371
Поени од реакции
843
Nakajima Ki-84 Hayate

Too little, too late. Без доволно гориво и обучени пилоти и недоволен број на овој инаку сосем солиден ловец.

Last Nakajima Ki-84 in flight - Aviation - IL-2 Sturmovik Forum

1024 × 682

Тоа да, ама сметам дека брз пресврт во воздушните дуели е направен за време на Мидвеј кога почнуваат со Тач-маневарот. После тоа, со тој маневар, битките веќе не биле исти. Плус, секако монтирањето на поголема огнена моќ.
Ако не се лажам и Grumman F6F Hellcat има придонесено дека бил скроен за борба со Јапонски ловци, пред се A6M Zero.
Grumman F6F Hellcat – CAF SoCal2560 × 1702

Некаде прочитав дека Јапонците никогаш не се опоравиле од Мидвеј, изгинале најискусните пилоти кои имале тешка и долга обука а замените никогаш не можеле да го достигнат тоа ниво.

Плус недостаток на авионско гориво доведува околу 44та мислам просечен нов Јапонски пилот ловец да доаѓа во единица со 60 часа самостоен лет а Американски и Британски со 600 часа.

Америка секои 2-3 месеци произведувала нафтени деривати колку Јапонија за 5 години.
 
Beric Dondarrion

Lord of Blackhaven
Член од
14 август 2006
Мислења
34.801
Поени од реакции
53.072
Некаде прочитав дека Јапонците никогаш не се опоравиле од Мидвеј, изгинале најискусните пилоти кои имале тешка и долга обука а замените никогаш не можеле да го достигнат тоа ниво.
Никогаш не се опоравиле со пилоти, а со бродови, се вратиле на пред-Мидвеј кон крајот на 43-та, почеток на 44-та, кога Американците веќе имале неколку пати повеќе од нивната пред-мидвеј бродовска сила.
 
Член од
28 декември 2015
Мислења
2.191
Поени од реакции
3.561
Дечки, ме интересира дали негден постои листа на сите паднати македонски борци во војната? Документ, книга или нешто на интернет. И ако нема, зошто?
Тешко тоа на нет да најдеш, библиотека ти е поголема шанса, имаше книги во кои беа опфатени сите загинати лица од територија на општините какви постоеле за време на СФРЈ/СРМ. Во нив имаше и борци и цивили, значи буквално сите кои загинале 41-45 како резултат на дејствување на окупаторот, со тоа што борците беа скоро сите со фотографии а цивилите беа како на индекс нешто.

Nakajima Ki-84 Hayate

Too little, too late. Без доволно гориво и обучени пилоти и недоволен број на овој инаку сосем солиден ловец.

Last Nakajima Ki-84 in flight - Aviation - IL-2 Sturmovik Forum
1024 × 682

Ако не се лажам и Grumman F6F Hellcat има придонесено дека бил скроен за борба со Јапонски ловци, пред се A6M Zero.
Grumman F6F Hellcat – CAF SoCal2560 × 1702

Некаде прочитав дека Јапонците никогаш не се опоравиле од Мидвеј, изгинале најискусните пилоти кои имале тешка и долга обука а замените никогаш не можеле да го достигнат тоа ниво.

Плус недостаток на авионско гориво доведува околу 44та мислам просечен нов Јапонски пилот ловец да доаѓа во единица со 60 часа самостоен лет а Американски и Британски со 600 часа.

Америка секои 2-3 месеци произведувала нафтени деривати колку Јапонија за 5 години.
До некаде е точно тоа дека не се опоравиле од Мидвеј но и покрај таа катастрофа најголемите јапански асови имаат најмногу воздушни победи 43-45.
Технолошката заостанатост на Јапан излегува на површина некаде 1943 и останува до крајот, пример да земеме авионски мотори, кај амери имаш стандард звездасти со 2000-3000 к.с. кај јапанци одвај има над 1500 к.с. Зеро на пример лета поголем дел од војната со Суисеи од 1.130 к.с.
 
Член од
28 декември 2015
Мислења
2.191
Поени од реакции
3.561
Покрај стотиците немачки подморници во битка за Атлантик, малку се знае дека учествувале и десетици италијански подморници а уште помалку за двете јапански (Ro-501, I-52) кои се единствените јапански пловила потопени на Атлантик за време на WW2.

Куцамо на врата заборављених асова : :angel:

Интересно е што во интербелумот оружени системи од копнена, воздушна и поморска природа развиваат не само големите сили како што тоа е случај денес, туку многу се полагало на домашно производство за задоволување на потребите од опрема, така што многу мали земји развиле прилично квалитетни оружја.
Во наредниве постови би сакал да претставам некои од нив, почнувајќи од Балканот.

Рогожарски Ик-3

Сосема модерен Југословенски ловец од 1938 кој во време на своето појавување бил еден од најмодерните на светот. Но треба да се знае дека во триесетите и четириесетите темпото на развој на воената авијација било такво да само после неколку години она што било врвно станувало просечно.
Сепак и во 1941 иако не така врвен, Ик-3 бил сосема солиден авион кој рамноправно се борел против германски Бф-109 и Бф-110 во Априлската војна 1941. Вооружен со тогаш најдобриот авионски топ на светот, Испано-Суиза ХС-404 од 20мм со 100 гранати кој стрелал од пропелерот и пар митралези од 7,9мм, од овој авион биле произведени најмалку 37 парчиња но само 12-16 учествувале во борбите во 1941. Нарачката била за 100 авиони кои заедно со исто толку Харикени произведени по лиценца и исто толку Бф-109 увезени од Немачка требало да ја сочинуваат кичмата на југословенската ловачка авијација.

ИАР И-79

Романскиот среден бомбардер И-79 од 1937 исто така нарачан во 100 примероци но поради недостиг на ресурси биле изградени некои 75 од нив. Со два германски мотори Јумо Ф-211 од 1440 к.с. овој авион бил сосема добар за своето време иако во битката за Сталинград каде учествувал, веќе годините започнале да му натежнуваат. Можел да носи 1500кг бомби на 1000км растојание. Учeствувал од првиот ден на романската инволвираност во војната (22.6.41) до последниот ден на војната во Европа (9.5.45)

Чудно е како во тоа време, заостанати држави како Југославија па донекаде и Романија и еден куп други успевале да конструираат, испитаат, изградат и внесат во сериско производство високотехнолошки оружени системи. Нешто кое е невозможно во денешно време.
 
Последно уредено:
Член од
8 ноември 2008
Мислења
2.154
Поени од реакции
1.195

Кралството Југославија имало план до 1941 година да има преку 1000 авиони, ама стигнале едвај до околу 300. Имале сопствено производство во неколку фабрики и уште неколку фабрики што работеле опрема за авионите. Некои од фабриките правеле авиони по лиценца или започнале со лиценца за да продолжат со сопствени модели, а некои правеле свој производ. Некои од фабриките биле : Рогожарски, Икарус, Змај, Утва, ДФА (државна фабрика авиона) од Краљево. За други не знам. Другите претежно правеле авионски мотори, инструменти, падобрани и слично.
 
Нема други тие 5 што ги наброја се сите :) Настрана две фабрики за авионски мотори и преку 20 за авионска опрема и авионско вооружување.
ДФА произведувала Бреге-19 извидувачки авиони (некои 450 парчиња) но до 1941 тој авион веќе бил многу застарен а пред почеток на ратот добиваат лиценца за Дорние До-17 кои треба да се окосница на југословенската бомбардерска команда. До Април 41 се направени 72 авиони кои и тоа како учествуваат во војната. Дел од запленетите До-17 се дадени на Финска а дел на Бугарија.

Иако до 1941 тој план не бил остварен, производството на планираните 1000 авиони продолжило, па така требало да имаат 400 ловци (100 Ик-3, 100 Бф-109, 100 Харикен, 100 Маки М.Ц.200) и нешто ситно двомоторни ноќни ловци Рогожарски Р-313.

Бомбардерската авијација требала да има 100 До-17, 100 Бленхајм, 50 Спарвиеро, 100 Змај Р-1 и 100 Икарус Оркан.

Да продолжам понатаму за опремата на помалите земји во WW2, не може а да не се спомене холандскиот гигант Фокер чии авиони биле во светскиот врв за време измеѓу двете војни.
Фокер Д.21 бил изграден како "колонијален" ловец со цел да би брани холандските поседи по светот. Но никогаш не бил употребен за тоа бидејќи приоритетот се изменил 1940. Така Д.21 учествува во војната против Германија но најславна епизода е неговото учество во Зимската војна 39-40 кога овој авион сосема успешно се носел со нестварно помногубројните советски ловци И-15, И-16 и И-153. 15+ пилоти се здобиле со статус на АС летајќи на едноставниот, лесен за одржување и прилично издржлив Фокер Д.21

Автоматски споено мислење:

Еден од помалку познатите феномени во WW2 е гусарството. Обично кога се споменат гусари, луѓето веднаш помислуваат на пирати со превез на око, дрвена нога, кубури околу појас, сабја во рака, нож меѓу заби и папагал на рамо.
Разликата помеѓу пирати и гусари е во тоа што гусарите имаат државна дозвола за гусарење. Пиратите ограбуваат бродови не полагајќи сметка никому.

Како во прва така и во втора светска Германците се оддаваат на гусарење во обид да ја уништат трговската флота на сојузниците. Покрај подморниците, авионите, површинските бродови и торпедните чамци, тука се и камуфлираните "рејдери" т.е. гусари кои запленуваат или потопуваат сојузнички бродови, маскирани како неутрални бродови или дури и сојузнички бродови.

Еден таков случај е гусарскиот брод Корморан кој плови претежно во Индиски океан. За време на неговото гусарење потопени се десетици бродови меѓу кои и југословенски трговски брод. Пловејќи во близина на запдниот брег на Аустралија, Корморан случајно наидува на австралискиот крстосувач Сиднеј.
Корморан се обидел да избега, но поради неговата скромна брзина бил брзо пресретнат од Сиднеј и било побарано да се идентификува.
Германскиот брод се претставил како холански трговски брод. Но за несреќа, Сиднеј имал список на бродови кои сообраќале на таа рута заедно со нивните кодирани пасворди.
Сиднеј побарал од Корморан да го потврди пасвордот на холандскиот брод за кој се претставувал. Нормално, на Корморан никој не го знаел пасвордот и знаеле дека тоа е крај на нивното гусарење.

Но наместо да се предадат на Сиднеј кој се наоѓал на само 900 метра раздалечина, капетанот на Корморан дава наредба да се собере холандското и да се подигне нацистичкото знаме и кога веќе дошол крај, да се умре херојски.
Наместо одговор на пасвордот Корморан лансира две торпеда, ги открива топовите и митралезите кои биле прикриени под церади и отвора оган по Сиднеј.
Корморан бил модифициран трговски брод-гусар кој бил безнадежно инфериорен во однос на Сиднеј кој имал 8 топа од 152мм и 16 топа од 76мм. Корморан располагал со 2 топа од 105мм и десетина ПА топови.

Но исходот на оваа битка ќе биде сензационален. Имено двете германски торпеда истрелани од 900м раздалечина го погодуваат Сиднеј. Започнува да дивее пожар по средината на бродот. И покрај тоа, главните батерии на Сиднеј темелно го решетаат Корморан и ја запечатуваат неговата судбина. Борбата трае скоро два часа, неколку плотуни од Сиднеј го промашуваат Корморан, нишанските справи биле оштетени поради огнот и чадот кои го обвиваат Сиднеј.
Сиднеј го прекинува борбениот контакт и се обидува да отплови кон сојузничко пристаниште за да ги поправи штетите. Но пожарот за жал се шири за неполни 20 мин. до една од 152мм мунициони комори при што се случува огромна експлозија која го прекршува Сиднеј на два дела кои потонуваат веднаш. Ниту еден од 645 члена на посадата не успева да се спаси.

Кај Корморан, и покрај бројните дупки кои зјаат по него, 317 од 393 члена на посадата преживуваат и самите го потопуваат својот број кој ионака бил dead in the water. Посадата преживува и биднува спасена од други гусарски бродови.
 
Последно уредено:
Член од
8 ноември 2008
Мислења
2.154
Поени од реакции
1.195
Нема други тие 5 што ги наброја се сите :) Настрана две фабрики за авионски мотори и преку 20 за авионска опрема и авионско вооружување.
ДФА произведувала Бреге-19 извидувачки авиони (некои 450 парчиња) но до 1941 тој авион веќе бил многу застарен а пред почеток на ратот добиваат лиценца за Дорние До-17 кои треба да се окосница на југословенската бомбардерска команда. До Април 41 се направени 72 авиони кои и тоа како учествуваат во војната. Дел од запленетите До-17 се дадени на Финска а дел на Бугарија.

Иако до 1941 тој план не бил остварен, производството на планираните 1000 авиони продолжило, па така требало да имаат 400 ловци (100 Ик-3, 100 Бф-109, 100 Харикен, 100 Маки М.Ц.200) и нешто ситно двомоторни ноќни ловци Рогожарски Р-313.

Бомбардерската авијација требала да има 100 До-17, 100 Бленхајм, 50 Спарвиеро, 100 Змај Р-1 и 100 Икарус Оркан.

Да продолжам понатаму за опремата на помалите земји во WW2, не може а да не се спомене холандскиот гигант Фокер чии авиони биле во светскиот врв за време измеѓу двете војни.
Фокер Д.21 бил изграден како "колонијален" ловец со цел да би брани холандските поседи по светот. Но никогаш не бил употребен за тоа бидејќи приоритетот се изменил 1940. Така Д.21 учествува во војната против Германија но најславна епизода е неговото учество во Зимската војна 39-40 кога овој авион сосема успешно се носел со нестварно помногубројните советски ловци И-15, И-16 и И-153. 15+ пилоти се здобиле со статус на АС летајќи на едноставниот, лесен за одржување и прилично издржлив Фокер Д.21

Автоматски споено мислење:
Па и тие авиони што ги имале не сите стигнале да учествуваат во одбраната. Делумно биле изненадени, но доббар фактор играат и заповедниците на ескадрилите, но и пилоти, кои намерно не реагирале (Хрвати и делумно Словенци) поради познатите политички ставови (да не “разглабам“ многу, знаете сите). Некои од пилотите успеале да пребегаат заедно со авионите на територија контролирана од сојузниците, а најголемиот дел загинале.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom