Прилично ретардирано, за паметен човек...
Егото му го надминувало паметот.
Тој бил агресивен, женкар, знаел да биде многу суров, екстровертен. Бил од многу богата фамилија. Татко му бил главен обвинител во Лос Ангелес. А се оженил во уште побогата фамилија, на веројатно најголемите фармацеути у тоа време. Високо образован, елитист. Зборел неколку јазици и играл поло.
Кога официри биваат префрлани кај него, пцуеле, пошто обично им се пуштал на нивните жени.
Еднаш, во војната, кога се движел со војска (тенкови), на некој мост сопреле затоа што некои мазги не сакале да се тргнат. Отишол напред и ги убил, пред очи на сопственикот. Тоа не било добро примено од печатот (човек да се чуди каков печат имале у тоа време), исто како кога шамарал војници. Матер му ебаа за тоа шамарање, кое не било со исправен повод, ама па од карши германскине генерали стрелаат на лице место иљадници војници, без суд и без ништо.
Кристи суспензијата за тенкови, што ја земале Русите од Американците, за Т-34. Патон бил тој, кој ја одобрил нејзината употреба во американската армија. Он рекол таа суспензија да ја земат.
Нема везе, народ го сакал, али не врвот. Сите у војска го мрзеле.
Има он многу достигнувања, со неговиот смел, агресивен пристап (он ја добил првата копнена битка за Американците и многу други, да не набројувам), но прилично бил запоставуван секогаш кога требало да се додели главнокомандна функција, уште од Факел, па натаму.
Последните шест месеци од војната успеал да си створи многу непријатели и тој дел е приказна за себе.
Работата е, што цивилизирани демократски општества, за какво себе си се сметало американското, немаат интенција да ствараат такви убици, предатори. Не е тоа крајната цел на такво општество. А сепак, доаѓа момент кај што им требаат такви типови и Патон фино си го нашол своето место. Во хаосот на војната. Но, после тоа, кога војната ќе заврши, може и да нема место во новото општество за нив и разумните лидери како Ајзенхауер, да речеме, тоа го знаеле. Па кој како сака нека го сфати тоа.