Втора светска војна (1939-1945) - генерална дискусија!

Македон91

Благородник
Член од
21 јануари 2009
Мислења
2.134
Поени од реакции
120
Втората светска војна е глобален вооружен конфликт што почнал на 7 јули 1937 година во Азија и на 1 септември 1939 во Европа и траел до 8 мај 1945 во Европа со капитулацијата на Германија, а до 2 септември 1945 во Азија со капитулацијата на Јапонија. Втората Светска војна ги зафатила мнозинството на земји во светот на секој населен континент. Речиси сите земји што биле вклучени во Првата Светска војна биле инволвирани и во Втората Светска Војна. Таа е најголемиот и најскапиот вооружен конфликт во светската историја. Во неа учествувале 61 земја. Земји кои објавиле воена неутралност биле: Ирска, Португалија, Шпанија, Швајцарија, Шведска и Ватикан. Латиноамериканските држави биле на страната на Сојузниците, меѓутоа не зеле некое поактивно учество во војната.

Европа во предвечерието на војната, август 1939.

Завојувани страни:
- Силите на Оската: Германија, Јапонија, Италија, Сан Марино, Унгарија, Романија, Бугарија (до 1944), Финска (како сојузник против СССР), Ирак (како сојузник против Велика Британија), Тајланд (како сојузник на Јапонија).
- Сојузничките Сили: Големата Тројка (Велика Британија, САД, СССР), Полска, Данска, Норвешка, западноевропските земји (Франција, Белгија, Луксембург, Холандија), Египет, Грција, Југославија, Австралија, Јужна Африка и уште 36 нации. Вкупно 51 земја.

Хронологија на поважни настани:

1939
1 септември Хитлер ја напаѓа Полска. По два дена, Велика Британија и Франција и објавуваат војна на Германија.
17 септември По склученото примирје со Јапонија, СССР ја напаѓа Полска од источната граница. Веќе во октомври, Полска е поделена меѓу Германија (западниот) и СССР (источниот дел).
30 ноември СССР врши инвазија врз Финска. Следната (1940) година Финска е принудена на територијални отстапки во полза на СССР.

1940
9 април Германија ги окупира Данска и Норвешка
мај-јуни Германскитот “Блицкриг” ги освојува Белгија, Холандија, Луксембург и Франција.
22 јуни Франција потпишува примирје со Германија (во истиот вагон во кој е склучен Версајскиот договор од 1919).
10 јули Почеток на “воздухопловната битка" за Британија.
септември потпишан и формализиран Тројниот пакт: Германија, Италија и Јапонија.
23 јули Советите ги освојуваат Литванија, Летонија и Естонија.
3-19 август Италијанците ја окупираат Британската Сомалија во источна Африка.
13 септември Италијанска инвазија врз Египет.
28 октомври Италија ја напаѓа Грција.
31 октомври Убедлива победа на британските воздухоплови во Битката за Британија. Хитлер ја одложува инвазијата.
9-10 декември Британците започнуваат пустинска офанзива во Северна Африка против Италијанците.

1941
22 јануари Тобрук (Северна Африка) паѓа под власт на Британските и Австралиските трупи.
6 април По претходниот ултиматум, Грција и Југославија се нападнати од Германија.
1 мај Германскиот напад брз Тобрук е одбиен.
15 мај Започнува британската контраофанзива во Египет.
22 јуни Почеток на “операцијата Барбароса”. Силите на Оската го напаѓаат СССР.
28 јуни Германците го завземаат Минск.
14 август Атлантска повелба (САД и Велика Британија)
20 август Почнува опсадата на Ленинград
19 септември Киев е окупиран од страна на Нацистите.
2 октомври По опсадата на Ленинград и Севастопол, Германците ја напаѓаат Москва
7 декември Јапонскиот напад врз Перл Харбор. САД и објавува војна на Јапонија.
11 декември Германија и објавува војна на САД.

1942
21 јануари Започнува контраофанзивата на Ромел од Ел Агејла.
15 февруари Сингапур паѓа под јапонска контрола.
18 април Американскиот генерал Дулитл го бомбардира Токио.
7 јуни Американска (морнарска) победа во битката кај островот Мидвеј.
21 јуни Ромел го завзема Тобрук
1-30 јули Првата битка за Ел Аламеј
27 август Германските трупи се пред портите на Сталинград.
23 октомври Монтгомери го победува Ромел во битката кај Ел Аламеј.
13 декември Ромел се повлекува од Ел Агејла.
16 декември Советите ги поразуваат Италијанците на реката Дон во СССР.

Европа за време на војната, 1941-1942.

1943
27 јануари Дневни бомбардариња врз германските градови од страна на Американците.
23 јануари Осмата Армија на Монтгомери го превзема Триполи од Италијанците.с
2 февруари Германците се повлекуваат од Сталинград. Првиот голем пораз.Пресврт во војната.
2 март Германците се повлекуваат од Тунис.
19 април Еврејското востание во Варшава.
13 јули Битката кај Курск.Стратешка победа на Советскиот Сојуз.
19 јули Сојузниците го бомбардираат Рим.
3 септември Италија капитулира. Германците го освојуваат северниот дел и формираат квинслишка влада на чело со Мусолини.
28 ноември Техеранска конференција

1944
27 јануари По 872 дена опсада Ленинград е ослободен.
18 март Британците го бомбардираат Хамбург.
12 мај Советите го ослободуваат Крим, ги протеруваат Силите на оската од Украина и вршат инвазија во Романија.
4 јуни Ослободување на Рим.
6 јуни Почеток на операцијата Оверлорд. Истоварување на англо-американски трупи во Нормандија.
20 јуни Пропаднат еден од најдобро организираните обиди за атентат врз Хитлер. Убиени се околу 5000 членови на заговорот.
22 јуни Голема советска офанзива во Белорусија (“Операција Багратион”).
25 август Ослободување на Париз.
31 август Букурешт е ослободен од страна на Советите.
14 октомври Атина е ослободена. Ромел извршува самоубиство.

Германскиот Рајх за време на најголемиот територијален подем, 1942 година.

1945
17 јануари Советите ја завземаат Варшава.
26 јануари Советите го ослободуваат логорот Аушвиц.
февруари Кримска конференција (Јалта).
февруари САД го освојуваат Ивоџима.
21 април Советите се пред Берлин. Почнува битката за Берлин.
28 април Мусолини е фатен и обесен од италијанските партизани.
30 април Адолф Хитлер се самоубива.
2 мај Германските трупи во северна Италија се предаават.
8 мај Германија го потпишува актот за безусловна капитулација.
9 мај Херман Геринг е фатен од припадниците на 7та Американска армија.
23 мај Рајхмаршалот Химлер извршува самоубиство.
5 јуни САД, Франција, СССР и Велика Британија ја окупираат Германија и ја превземаат власта.
8 август СССР и објавува војна на Јапонија и вршат инвазија во Манџурија.
6-9 августФрлени првите атомски бомби над Хирошима и Нагасаки.
14 август По огромните човечки и материјални загуби, Јапонија прифаќа безусловна капитулација.
2 септември На бродот “Мисури” Јапонија ја потпишува безусловната капитулација. Официјален крај на Втората светска војна.
24 октомври Формална инаугурација на ООН.
20 ноември Започнува Нирнбершкиот процес. Осудени 24 нацистички функционери.

Жртви на војната:
- Во војната се мобилизирани преку 100 милиони војници.
- Точната бројка на загинати не се знае. Се претпоставува дека загинале од 50 до 70 милиони луѓе.
- Убиените цивили се проценуваат на 40-50 милиони.
- Убиените војници се проценуваат на 22-25 милиони.
- СССР (во границите од 1946-1991) имал загуби од 26.6 милиони.
- Третиот Рајх (Германија во границите од 1939) имала загуби од 6.7 - 8.4 милиони. Од нив, дури 5.5 милиони се војници.
- За време на Холокаустот, во систематскиот државнопомогнат геноцид се убиени 6 милиони Евреи.
- Во нацистичките логори се претпоставува дека се убиени помеѓу 11 и 17 милиони луѓе (Евреи, Полјаци, Руси, Африканци, Азијци и други "ниски класи на луѓе" според нацистичката теорија)

Повоена Европа, 1945 година.

Дел од причините поради кои Хитлер ја изгубил војната:
1. Не побарал (не овозможил) влез на Шпанија на страната на Силите на Оската. огромна грешка;
2. Ги стопирал воздушните бомбардирања на сметка на терор бомбардирањата врз Англија;
3. Ја одложил инвазијата врз СССР за да го нападне Балканот и да им помогне на Италијанците во нивната пропадната инвазија врз Грција;
4. Ја потценал човечката сила (бројност) и издржливоста на Советскиот Сојуз;
5. Го забавил пробивот кон Москва во 1941 и не успеал да ја завземе;
6. Во офанзивата од 1942 ги поделил силите со намера да завземе две стратегиски цели: Сталинград и Кавказ. Го влошил проблемот со тоа што ги пренасочил трупите од Сталинград кон Кавказ;
7. Одбил да ја пушти неговата 63та окружна армија да се пробие на Сталинград;
8. Не побарал Јапонија да објави војна на СССР (а за возврат тој им објавил војна на САД!) огромна грешка;
9. Не се посомневал дека сојузниците му ги пробиле тајните кодови се додека не било предоцна за тоа;
10. Доцнел во испраќањето доволен број на трупи на Ромел во Африка. Кога веќе му испратил, било предоцна и тој ги загубил сите;
11. Често не ги слушал советите на Генералштабот, особено во поглед на остапувањето на територија за да се здобие со маневар;
12. Не ги упатил доволно брзо сите достапни Панцер дивизии за одбрана на Нормандија;
13. Не ја ставил економијата на Германија во состојба на тотална војна до 1942, па дури и почетокот на 1943 година;
14. Не вложил доволно ресурси во развојот на атомската бомба;
15. За главни сојузници избрал држави кои му биле од мала употреба. огромна грешка.

Користени извори:

1 2 3 4 5 6

Повелете на дискусија! :smir:
 
k@z@n

RS power
Член од
3 март 2008
Мислења
997
Поени од реакции
53
14. Не вложил доволно ресурси во развојот на атомската бомба

Уште ова да го развиеше како што треба незнам што ке се случуваше денеска...:toe:
 
СрбоЛегенда

Сами против свих
Член од
24 декември 2008
Мислења
2.694
Поени од реакции
123
15ката стави ја 1.

Новембар 1940та Сталин му понудил дека СССР ќе влезе во Оската ако му бидат отстапени Бугарија,Босфор,Дарданели и немешање на Германија и Јапонија во Иран и Индија. Адолфчо не одговорил.

И 6ката ти е наопаку.
 
Член од
6 јануари 2010
Мислења
1.120
Поени од реакции
104
14. Не вложил доволно ресурси во развојот на атомската бомба

Уште ова да го развиеше како што треба незнам што ке се случуваше денеска...:toe:
Немаше да има "денес" :)
Ако уште тогаш почнеле со употреба на хемиско/биолошко оружје, кое се претпоставува дека ќе биде употребено доколку дојде до Трета Светска војна, ќе се гаѓаа американци и руси за време на пост-воениот период, и човештвото ќе исчезнеше. Или, Хитлер би им фрлил уште тогаш на енглезите нуклеарка зошто немал развиена авијација, па немаше да има пресврт 41ва.
 
Manga

Golem alat
Член од
21 април 2006
Мислења
7.753
Поени од реакции
5.011
- Во нацистичките логори се претпоставува дека се убиени помеѓу 11 и 17 милиони луѓе (Евреи, Полјаци, Руси, Африканци, Азијци и други "ниски класи на луѓе" според нацистичката теорија)

-а имаа во план прво да ги депортираат нискиве класи некаде во Палестина , па потоа планот да се изолираат на островот Мадагаскар , но финалното решение беше да се уништат за доброто на човечкиот народ и дигнитет(според нацистичката идеологија)

-Иначе интересно е Хитлер што ја спомнува неговата причина за уништувањето на евреите.
Спред него евреите се криви за првата светска војна ,им се заканил ако пак зионистичките здружениа -ако пак се обидат да се инфилтрираат во европските земји и го поддржуваат комунизмот и работат на нивните цели и распад на Европа - дека ќе ги уништи.

-Тоа и го направија и го искусија кошмарот -Холокауст ,но им се погоди пост-воениот период па си направија држава-Израел

Секогаш е интересно да се дискутира за ВСВ =)
 
+ и си го окешија Сад каде шо се газди. Makes you wonder doesn't it?
 
Manga

Golem alat
Член од
21 април 2006
Мислења
7.753
Поени од реакции
5.011
+ и си го окешија Сад каде шо се газди. Makes you wonder doesn't it?
Добра поента.
Скоро сите банкарски фамилии во САД се со еврејско потекло.

Мала статистика во денешно време

Евреите се најбројни во

United States 6,444,000
France 490,000
Canada 374,000
United Kingdom 295,000
Russia 225,000
 
Solid

Зона на самракот
Член од
26 август 2007
Мислења
7.176
Поени од реакции
4.133
3. Ја одложил инвазијата врз СССР за да го нападне Балканот и да им помогне на Италијанците во нивната пропадната инвазија врз Грција;
Најголемата грешка на Хилер во војната(и сите други точки поврзани со нападот на Русија).Останатите точки се споредни.Русите не ги победија Нацистите,руската зима ја победи армијата на Хитлер.:toe:
Не сакам да одам во детали,Let 3 имаше добро објаснето(во темата за фашизмот) за нападот на Русија,кој како војувал, и сл.
 
Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.408
Поени од реакции
5.063
4. Ја потценал човечката сила (бројност) и издржливоста на Советскиот Сојуз;
Најголемата грешка!
Впрочем, најголема грешка на Хитлер е нападот врз Советскиот сојуз.
 
Македон91

Благородник
Член од
21 јануари 2009
Мислења
2.134
Поени од реакции
120
Најголемата грешка!
Впрочем, најголема грешка на Хитлер е нападот врз Советскиот сојуз.
Не самиот напад, колку подготовката за истиот и погрешните проценки. Плус временските услови се "јагода на шлагот".
Бидејќи, ако ги послушал неговите генерали и ако истовремено СССР бил нападнат од Јапонска страна (од Исток), и ако инвазијата завршела во предвиденото време (до почетокот на зимата) СССР ќе паднел на колена пред Германија за многу кратко време. Всушност, на Хитлер му требало срцевината на империјата: Ленинград, Сталинград и Москва. Останатото и не е важно.
 
Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.408
Поени од реакции
5.063
Најголемата грешка на Хилер во војната(и сите други точки поврзани со нападот на Русија).Останатите точки се споредни.Русите не ги победија Нацистите,руската зима ја победи армијата на Хитлер.:toe:
Не сакам да одам во детали,Let 3 имаше добро објаснето(во темата за фашизмот) за нападот на Русија,кој како војувал, и сл.
Руската зима не ја победи армијата на Хитлер сама, како што беше зима за Германците така беше зима и за Русите.
Сталиновата стратегија ниту чекор назад резултираше со голем број жртви но и со крај на нацизмот.

Не самиот напад, колку подготовката за истиот и погрешните проценки. Плус временските услови се "јагода на шлагот".
Бидејќи, ако ги послушал неговите генерали и ако истовремено СССР бил нападнат од Јапонска страна (од Исток), и ако инвазијата завршела во предвиденото време (до почетокот на зимата) СССР ќе паднел на колена пред Германија за многу кратко време. Всушност, на Хитлер му требало срцевината на империјата: Ленинград, Сталинград и Москва. Останатото и не е важно.
Останатото?!
Тоа останатото зад Урал беше целата советска воена индустрија.
Затоа велам, без разлика дали нацистите ќе ја освоеа Москва, ќе беа повторно поразени од советскиот народ.
СССР е најголемата грешка на Хитлер.
 
Македон91

Благородник
Член од
21 јануари 2009
Мислења
2.134
Поени од реакции
120
Руската зима не ја победи армијата на Хитлер сама, како што беше зима за Германците така беше зима и за Русите.
Сталиновата стратегија ниту чекор назад резултираше со голем број жртви но и со крај на нацизмот.
Напротив, зимата беше ЗИМА само за Германците. Русите живеат на таа територија две илјади години и ги знаат сите ефекти на зимата, на временските погоди и непогоди, на студот и снегот. Тие се сраснати со нив.
Додека Германците не биле ни прикладно облечени за тие услови. Плус не ни планирале дека ќе се најдат во огромни пространства каде асфалтот се уште не го измислиле, па затоа нивните механизирани возила пропаѓале во планините од кал. Во таквите услови умирал еден од тројца Германци.
Зборуваме за температура -40!
Сталин изиграл мудро. Бидејќи со Јапонија имал договор за ненапаѓање ја пренасочил сибирската војска од Исток пред вратите на Москва. Тие на санки и скии ги победиле Германците со замрзнати мрсули.

Останатото?!
Тоа останатото зад Урал беше целата советска воена индустрија.
Затоа велам, без разлика дали нацистите ќе ја освоеа Москва, ќе беа повторно поразени од советскиот народ.
СССР е најголемата грешка на Хитлер.
Абе по твојава логика и цел свет да го освоеше Хитлер за една година ќе избувнеа 200 востанија. Остај што ќе беше ако беше..
Значи вака: тоа останатото и не му било толку важно на Хитлер. Нему му била важна линијата АА (Архангелск-Астрахан) значи до Урал.
Главнината на Русија, мозокот и силата на СССР се во тој дел. Европска Русија. Не му требеле Сибир и степите.
 
СрбоЛегенда

Сами против свих
Член од
24 декември 2008
Мислења
2.694
Поени од реакции
123
Како очекуваш да пројдат јапанците 7000 километри низ замрзната пустелија(-60 степени) без никаков пат па да се спојат со германците?
 
Македон91

Благородник
Член од
21 јануари 2009
Мислења
2.134
Поени од реакции
120
Како очекуваш да пројдат јапанците 7000 километри низ замрзната пустелија(-60 степени) без никаков пат па да се спојат со германците?
Не мора да се спојат бе другар. Ако ги нападнеле од Исток сигурно ќе го освоеле Владивосток и другите провинции околу него. СССР ќе бил нападнат од две страни. Ќе му биле пресечени сите водни патишта (освен Северниот Леден Океан :tv:). Сталин ќе морал да испраќа трупи насекаде, ќе му прскала главата, ќе му горело под нозе.
Втора верзија: А зошто да пројдат 7000 километри пеш? Можеле да ја искористат авијацијата и да бомбардираат значајни военостоапнски цели.
 
Член од
10 октомври 2009
Мислења
2.955
Поени од реакции
1.349
7 декември Јапонскиот напад врз Перл Харбор. САД и објавува војна на Јапонија.
11 декември Германија и објавува војна на САД.
:nenene::nenene::nenene: Големи грешки на Оската.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom