Втора Светска Војна

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.498
Франција и Англија замижале пред аншлусот и анексијата на ЧС, ама не можеле пред нападот врз Полска (поради повеќе причини, од кои најбитна е меѓусебниот договор за вакви ситуации).
Така знаеме дека по/поради нападот врз Полска, тие и објавуваат Војна на Германија.

Прашањето ми е: Зошто не му објавиле војна и на СССР?
Како прво, Германија на нападна Полска на 1 Септември, а ФР и ВБ војна и објавија на 3 Септември.
Русија изврши инвазија дури на 17 Септември.

Значи немало причина истовремено да им прогласат војна.

Друго, се воделе задкулисни двојни игри.
Освен тоа што Русите и Германците имале свој пакт за ненапаѓање и неутралност во случај трети сили да нападнат една од нив постоеле и други договори (неофицијални).
Така уште пред нападот на Германците на Полска, за кој сите знаеле дека ќе се случи кога тогаш, Сталин испрати писмо до Британците во кое бара согласност да навлезат Руските трупи во Полска доколку Германија ја нападне Полска.
Британците го одбиваат овој предлог на Сталин.

Сталин уште од почеток имаше за цел да ја искористи Германија за свој продор, како спасител да се наметне откако останатиот дел од Европа ќе биде изнемоштен од војната со Германците. Така ќе си овозможел продор на својата макрсистичка идеологија на Запад. Благодарение на руските бајонети.

Трета причина зошто не и објавиле војна на Русија е немањето капацитет да водат војна и со Русија.
 
F

FilipMacedon

Гостин
Германците откако ја освоија Франција,требаше да се концентрираат на Британија,ако паднеше и Британија пред 41,Германија ке беше победник во војната.
 
Х

Ханзо

Гостин
Германците откако ја освоија Франција,требаше да се концентрираат на Британија,ако паднеше и Британија пред 41,Германија ке беше победник во војната.
Не е баш така лесно.
Погрешно од идеолошки аспект и морал на трупите и народот. Нацистичката идеологија не ги сметала Англичаните за подлуѓе, за разлика од Словените, туку напротив, како потенцијални сојузници. Им била ветена борба против подлуѓето и ширење на Lebensraum, нешто што со Британија го нема, а и Хитлер во Mein Kampf кажува дека проширувањето треба да биде на исток. Па така, имаме Германци кои се борат против народ кој го сметаат за близок, без идеолошка нак*рченост (важна работа во војна).
Погрешно од стратешки аспект. На Германија и биле потребни ресурси, и била потребна територија. Таа борба само ги истоштувала. Понатаму, за инвазија на островот, требало да се погрижат за две работи: Royal Navy и Royal Air Force (колку се ројални Анличаниве), што не било така лесна работа, посебно со првите. Стратегиско бомбардирање не доаѓа во предвид, германската авијациска доктрина била насочена кон воздушна супериорност и тактичка поддршка, а Bf 109 можел да лета само до Лондон од најистурените бази во Франција. Се понатаму е голем ризик за бомбардерите, воглавно He 111 и Do 17, тактички бомбардери со мал товарен капацитет и слаба одбрана, што ги прави несоодветни за стратегиско бомбардирање. Ех да беше така „ај уште малку и ќе победиме“ лесно.
 
Без разлика,Германија можеше да навлезе во Британија,иаку со ризик,сепак можеше.
Тактита ја гледаш од макро аспект,но ако погледнеме од микро и не е така,да беа концентрирани на Британија,со такви сјајни генерали како што ги имаше Хитлер, не верувам дека Британија немаше да остане без капитулација.
И Троја неможеше да се освои,па со итрина на Одисеј падна градот.
Всушност имало план како да се освои Британија,но како што рече Хитлер на Британците сметал како потенцијални сојузници.
Операцијата се викала Морски Лав ili Unternehmen Seelöwe
http://en.wikipedia.org/wiki/Operation_Sealion
 
СрбоЛегенда

Сами против свих
Член од
24 декември 2008
Мислења
2.694
Поени од реакции
123
Можеше да навлезе никој не го спори тоа,ќе се истовареа ,ќе напредуваа 2 дена,ќе им дојдеше Ројал нејви од позади и цврц храна,нафта,муниција,појачања и цела војска дига бело знаме.

Троја немаше најголема морнарица на светот.(Иако е мит)
 
За два дена веќе ке беа до Лондон.
 
СрбоЛегенда

Сами против свих
Член од
24 декември 2008
Мислења
2.694
Поени од реакции
123
Пешки до Лондон без никаков отпор би стигнале.И дали би се искрцале соодветно со оглед на тоа дека немаат ама баш никакво искуство со десантни операции.И да стигнале во Лондон би стигнале само да се предадат пред Бакингемската палата.
 
F

FilipMacedon

Гостин
Пад на владата не значи и пад на морнарицата. Британската морнарица.
Ке имаа доволно Германците за да ги седнат Британците на преговарачка маса,плус да не заборавиме на многубројните нацисти во Британија на чело со Освалд Мозли,кој сигурно ке дадеа подршка на Германците.
Со еден збор Британците морално ке беа уништени,со добра пропаганда,многумина би ја подржале идејата за мир со Германија,и уште едно нешто многу битно ,Америка со таква ситуација ни на крај не би тргнале со агресивна дипломатија кон Германија,а камоли пак војна да и објават.
 
Член од
18 февруари 2008
Мислења
2.201
Поени од реакции
86
Тогаш тие сеуште не го знаеа тоа, во септември 1939 година Англија и Франција не знаеа дека Германија ќе ги испердаши(уште не беа удрени гради в гради). Сепак се покажаа добри политичари што не му објавија војна на СССР. А и добро знаеа дека германско-рускиот пакт нема да трае долго, и Англичаните работеа против тој пакт, како што знаеа и дека Германците се мошне јаки, со беспрекорен во тоа време армиски морал, јака централна команда, вооружување, технологија, индустрија и образован кадар во наука, економија, војска.
Го знаеа,бидејќи имаа прилично импресивна демонстрација кога војските на нивните во тоа време пулени на Истокот Чехословачка и Полска,беа за кратко време збришани .Викаш немало таму ниту еден нивни офицер/и?.А дека нема да трае пактот не знаеа,ами работеа истиот да не потрае.Зошто?Затоа што знаеја дека Рускиот ваљак е единствениот кој може да им ја спаси кожинката.

ПС Британија нема потреба да се освојува.Доволно е само да биде отсечена од сите страни.Нешто што требаше да го направат (и за малку и ке успееа во тоа да не беше барбароса) германските подморници,бидејќи од сите други страни Британија беше изолирана.
 
B

Borg_Drone

Летото 1940 година се зафркнаа Германците, кога не знаеа за Chain home network системот (радарскиот систем), кога добар дел од нивната авијација (Луфтвафе) беше уништен.Само тука се зафркнаа, инаку Британија си беше изолирана, и голем дел од нејзината флота беше осакатена, нив ги спасија Американците и никој друг, им направија бродови.
 
Член од
18 февруари 2008
Мислења
2.201
Поени од реакции
86
Најголема грешка на Луфтвафе беше што место аеродромите се префрли на бомбардирање на урбаните површини.Ако си ги читал мемоарите на Черчил тој и самиот има признаено дека ако продолжела само уште недела две Луфтвафе со тактиката на уништување на базите на РАФ,воздушната битка за Британија ке беше изгубена.Со превласт во воздухот на Луфтвафе мислам дека на Британија и немаше спас.
 
Ги немам читано, но ќе ги читам тоа е сигурно. :)
Инаку урбаните површини беа бомбардирани главно поради тоа што Хитлер сакаше да изврши притисок врз населението; да опадне моралот кај населението.Черчил не попуштал и Хитлер тоа го знаеше и сакаше да го притисне населението да изврши притисок врз владата на Черчил да се предаде.Што и не е толку лоша тактика но добра е и тактиката со уништувањето на аеродромите, целосно осакатени ќе биле не ќе можеле да ја употребуваат веќе нивната авијација, инаку знам дека оваа операцијава што ја направиле Луфтвафе имала само една цел:Да ја уништат RAF, но веќе било доцна за тоа, новата технологија на Британците ги зафркнала.
Инаку си беа веќе изолирани, готови беа да паднат, друг од страна ги спаси.
 
Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
Најголема грешка на Луфтвафе беше што место аеродромите се префрли на бомбардирање на урбаните површини.Ако си ги читал мемоарите на Черчил тој и самиот има признаено дека ако продолжела само уште недела две Луфтвафе со тактиката на уништување на базите на РАФ,воздушната битка за Британија ке беше изгубена.Со превласт во воздухот на Луфтвафе мислам дека на Британија и немаше спас.
RAF бил над своја територија.Секој пилот кој се спасил со падобран или принудно слетал имал можност повторно да се бори.За разлика од германските...Техничките (не)можности на германската авијација за водење на таков вид борба биле пресудни.Пред се немањето бомбардер кој би имал доволен долет и носивост.Исто и ловец за заштита.Идејата дека Бф-110 ќе биде тоа се изјаловила брзо.
Без разлика на се главна препрека била Британската Флота во тоа време на прво место во светот по тонажа.За време на битката Германците имале само 40-тина оперативни подморници раштркани на повеќе подрачја.Гермаската површинска флота немала никави шанси да ја совлада британската и да овозможи доволно време за десант од такви размери. Така да на крај идејата за завземање на Британија била повеќе вишфул тинкинг на Хитлер отколку реална опција.

Најдобрата шанса ја пропуштиле уште кога почнале да градат “мртва стража“, мастодонти како Бизмарк и Тирпиц или Проектот “К“ кој не го но завршиле наместо тие средства да ги употребат за градење на подморници - единствената работа која можела да ја скрши Британија како што за малку и сторила во Април 1917...
 
Kajgana Shop

На врв Bottom