Не знам која е и дали воопшто ја има - ako ја има и ако постои - граница како граница во години. Иако во денешно време се изнагледавме разно разни „врски“ и „бракови“ па сето тоа ни е нормално... но постојат 2 работи кои за мене се прифатливи...
прво, доколку и двата партнери се изживеани т.е. реализирани како луѓе т.е. поминале одреден број на врски низ животот, поминале низ сопствени кризи, се бореле со сопствени и туѓи демони, искусиле од животот и добро и лошо... и повеќе и помалку....
второ, доколку и двата партнери го саакаат тоа од вистински причини тогаш имаат основа. пред сè би требало и двата да се доволно зрели (без разлика на нивните години)
често е случај женското да е помало па да се затреска во некој повозрасен реализиран маж кој ќе го гледа со поинакви очи бидејќи може да и обезбеди стабилност и сигурност која во себе жената по дифолт ја нема (не од видот жена е и не ја бива за ништо туку напротив како потреба за сигурност и закрила) или пак кога помал по години маж ќе се залета по некоја „тетка“ во свои триесетти или четриесетти години.
од друга страна, секој си бара еден вид на стабилност. никој не сака цел живот да се расправа со деца па затоа и ја сфаќам потребата да се биде со постар партнер..., без разлика дали машкото или женското има потреба од врска во која нема да осеќа дека треба да се избори за сè и сешто и врска во која нема да мора да се објаснува до недоглед за своите постапки и одлуки. сепак, како што е случај и со созревањето, така и со останатите работи во животот вистински се ужива после триесеттата.... па со тоа најверојатно и во добар маж или па жена
во принцип, не го осудувам овој вид на врски и не мислам дека од старт се осудени на пропаст доколку се работи за две зрели и реализирани личности.