Време е за добри дела!

Член од
13 октомври 2005
Мислења
525
Поени од реакции
47
Време е за добри дела

Маркетинг агенцијата Публицис иницираше отворање број за донации за деца без родители и родителска грижа и деца под старателство.

Средствата кои беа собрани за време на забавата на Публицис, агенцијата ќе ги дуплира од сопствени средства и ќе ги донира на децата без родители сместени во згрижувачки семејства, како и на децата под старателство.

Ве повикуваме вас, со огромна желба да помогнеме заедно - да се јавите веднаш на телефонскиот број 070 143 403 (од кој било број на T-Mobile) и да донирате 100 денари за да им помогнеме на децата.

Луѓето ќе заборават што сте зборувале и што сте направиле, но никогаш нема да заборават какви чувства сте им предизвикале.

---------------

Превземено од Он Нет

---------------
Темава е отворена за помош, а не за фалбаџиство. Затоа, молам оние што донираат нека го прават тоа тајно.

Благодарам...

п.с. Би замолил модераторите да ја означат темава како “Важно“ и/или да ја сместат темава на посоодветно место на форумов, ако го има, а доколку не е проблем за вакви нешта би било убаво да има посебен подфорум. Благодарам!!
 
Член од
20 март 2007
Мислења
8.493
Поени од реакции
308
Средено, кој што е во можност нека му помогне на овие деца.
 
Член од
13 октомври 2005
Мислења
525
Поени од реакции
47
Донирајте

075 / 14 34 24
донирајте 50,00 денари

070 / 14 34 24
донирајте 100,00 денари

Ви благодариме!
Вашaтa донација ќе биде искористена за дневниот центар за деца на улица



----------------
Превземено од сајтот на Детската Амбасада - Меѓаши. Посетете го нивниот сајт на: http://www.childrensembassy.org.mk/





КАКО ДА СТАНЕТЕ ЧЛЕН НА ЦРВЕНИОТ КРСТ ?
Во Република Македонија во организацијата на Црвениот крст на Република Македонија, работат 34 општински организации и Градската организација на Црвениот крст во Скопје.

Секој граѓанин на нашата држава кој е заинтересиран за вклучување во реализацијата на активностите на Црвениот крст на Република Македонија, може истото да го стори со посета на една од општинските организации на Црвениот крст, каде што ќе добие подетални информации за сите активности кои што се реализираат во општинската организација на Црвениот крст, како и да се одлучи во кои дел од активностите ќе се вклучи.

Правата, обрските и престанокот на членството во организацијата на Црвениот крст на Република Македонија е регулирано со Статутот на Црвениот крст на Република Македонија.

Во Статутот на Црвениот крст на Република Македонија е регулирано следното:
член 10
Членувањето во Црвениот крст на РМ е доброволно и отворено за сите.

Член на Црвениот крст може да биде секој граѓанин кој го прифаќа овој статут и доброволно потпишува пристапница .

Членот на Црвениот крст поседува членска книшка.

Формата и содржината на пристапницата и членската книшка се регулираат со акт на Извршниот одбор на Собранието на Црвениот крст на РМ.​
член 11

Членови на Црвениот крст можат да бидат:​
- Активни
- Претплатници
- Почесни
- Патрони
Активни членови се лицата кои активно се вклучени во работата на Црвениот крст и плаќаат годишна членарина.

Претплатници се членови кои плаќаат годишна членарина.

Почесни членови се лица од јавниот живот во Република Македонија и странство, кои со својата доброволна работа, особено со своите заслуги и донации имаат посебен придонес во развојот на Црвениот крст, а за почесни членови се прогласени од Извршниот одбор на Црвениот крст на РМ.

Патрон е јавна личност назначена од Извршниот одбор, кој постојано го помага националното друштво.

Во активностите на Црвениот крст може да волонтираат и други лица.​
член 12

Членовите ги имаат следните обврски:​
- Да ги почитуваат и дисеминираат основните принципи ;
- Да ја унапредуваат работата на Црвениот крст на РМ;
- Да го признаваат и почитуваат Статутот, вклучувајќи го и задолжението да се почитува и потпомага заштитата на амблемот;
- Да плаќаат годишна членарина;
- Да учествуваат активно во работата на националното друштво.​
член 13

Членовите на Црвениот крст ги имаат следните права:​
- Да се оспособуваат за извршување на конкретни задачи на организацијата
- Да учествуваат во работата на организацијата;
- Да бираат и бидат избрани во органите и телата на организацијата;
- Да доставуваат предлози и да иницираат прашања до било кој авторитет во националното друштво.​
член 14

Членството во Црвениот крст престанува:​
- Со поднесување писмена изјава за истапување;
- Со неплаќање годишна членарина, освен доколку претплатата не се обнови, заради што членот претплатник ќе добие потсетување еден месец пред истекот на тековната година;
- Со исклучување.​
член 15
Општинската организација на Црвениот крст исклучува член од членството во следните случаи:

- При повреда на основните принципи на Движењето;
- Непочитување на Статутот на Црвениот крст на РМ;
- Злоупотреба на амблемот на Црвениот крст;
- Вклучување во активности кои се штетни за угледот или активностите на Црвениот крст на РМ.

Во случаите на полесна повреда, членот на Црвениот крст добива опомена, и последна опомена пред исклучување.
Членот на Црвениот крст има право на жалба по изречената мерка до Извршниот одбор на Црвениот крст на РМ.​
член 16
Постапката за исклучување од членството во Организацијата, изречените мерки и правото на жалба се регулира со посебен акт донесен од Собранието на Црвениот крст на РМ.​


---------------
Веб страна: http://www.ckrm.org.mk/kakodastanamv.html
 

Ѓорѓески

Бивши Скај Дог
Член од
25 мај 2007
Мислења
6.661
Поени од реакции
945
Е ај баш да видам дали братми и сестрами ќе добијат нешто од оваа акција.

Ова е смешно, нешто што ниедно дете не го добило!

Имаше само до сега 2 пати слични донации и тоа од една Шведска организација.
Памтам бев помалечок, добивме едни кревети на спрат кои и како се квалитетни енего уште спијам на тој кревет.
Но тоа не беше Македонско!
Тоа не беше од Македонија!
Дури имаше случаеви некои деца не примија никаква помош!
Ова се лажги од лично искуство знам.

Ова ти е мижи да те баем дека ќе добијат децава што се под старателство некаква помош!

Па до кога ќе се лажеме, им кинат социјална помош си ги делат службениците меѓу себе парите, и кога одат да се жалат кај Народниот Првобранител дека ништо не добиле, тој едноставно.... Локална Самоуправа....
Јебемти вакви донации, чив џеб само ќе се наполни.

Се извинувам за својата реакција, не можам да ве гледам како ви ги крадат парите.
Децата ништо нема да добијат, ќе го добијат она искинатото уствари прашање е дали и тоа ќе го добијат.

Оние кои сакаат да си бидат со чиста совест ок е нека си донираат.:smir:
 
Член од
13 октомври 2005
Мислења
525
Поени од реакции
47
БРОЕВИ ЗА ДОНАЦИИ НА T-MOBILE




Да помогнеме заедно

Да бидеме хумани и да им подадеме рака на оние на кои им е најпотребна. Да донираме 100 денари од сметката и внесеме ведрина и насмевка во животите на оние на кои можеме заеднички да им помогнеме. Со едно јавување донирате 100 денари од вашата сметка. Средствата кои ги донирате ќе бидат префрлени на посебни жиро сметки отворени за оваа намена. На овој начин донирате средства кои можат да помогнат на лицата на кои нашата помош им е најпотребна. Во цената не се вклучени 18% ДДВ.

Активни броеви за донации

143 102 Мартина Милошеска
Мартина има 4 години, и боледува од церебрална парализа. Со 6-те третмани на кои ќе се подложи се очекува драстично подобрување на нејзината состојба.

143 103 Теодора Јовановска
Теодора има скоро 3 месеци, а родена е со тешка срцева аномалија, која мора да се оперира во Педијатрискиот Кардиохируршки центар во Софија, Бугарија. Операцијата е 14.000 ЕУР, а семејството на Теодора има потреба од финансиска поддршка за да може да се реализира операцијата.
143 113 Катерина Николовска
Катерина има 6 години. Со цел да и се зачува видот на десното око потребно е повторно да се подвргне на операција во Детската клиничка болница во Москва, Русија. Операцијата чини 7.000 ЕУР.

143 116 Стефанија Китановска
Петгодишната Стефанија конечно беше дијагностицирана со конкретен тип на леукемија, по што се закажани три посебни третмани за трансплантација во Ротердамската клиника Св. Еразмо во Холандија. Стефанија е веќе таму и се спрема за операциите кои ќе чинат околу 50.000 ЕУР.
143 133 Андреј Стојановски
Едногодишниот Андреј боелдува од меѓукоморен дефект и потребни му се 12.000 ЕУР за итна операција на срцето во Кардиохируршкиот центар во Софија.

143 161 Јаготка Величковска
За зачувување на ногата Јаготка има потреба од операција на колкот, и вградување на персонализирана протеза. Операцијата ќе се изврши во Скопскиот клинички центар, и чини 3.500 ЕУР, поради специфичноста на потребната протеза.
143 171 Емануела Грижоска
Единаесетмесечната Емануела има тешка срцева аномалија, која мора да се оперира во Педијатрискиот кардиохируршки центар во Софија, Бугарија. Операцијата чини 13.000 ЕУР, а семејството треба да плати партиципација од 3.000 ЕУР за да може да се реализира операцијата.
143 173 Никола Спасовски
На 12 годишниот Никола треба да му се изврши срцева операција во Педијатрискиот кардиохируршки центар во Софија. Операцијата чини 14.000 ЕУР.
143 183 Никита Дошкова
16 годишната Никита има глиома, и итна потреба од операција во некој од реномираните европски медицински центри.
143 193 Марјан Симоновски
Марјан има потреба од итна операција на левото око, со која би му се зачувал видот. Операцијата ќе се реализира во Русија, а чини најмалку 10.000 ЕУР.


------------------

Превземено од сајтот на Т-MOBILE: http://www.tmobileformacedonia.org/default-mk.asp?ItemID=3FF7DA4537E50042B9801AD13B82E61D
 

Kajgana Shop

На врв Bottom