Вреди ли за еден да се изгубат сите?

  • Креатор на темата ITK
  • Време на започнување
N

navivacka

Гостин
Не вреди...воопшто не,сега дури сватив јас:tapp:...направив таква грешка,заради него ги загубив пријателите и пријателките а сега него воопшто не го интересира...колку сакам да го вратам назад времето и да размислувам како сега.Сега повторно ги имам пријателите но нее тоа тоа што беше.
 

Крусер

Тотем Пума
Член од
4 јули 2008
Мислења
3.552
Поени од реакции
1.606
Не вреди. Она што вреди е човек да стои на своите нозе и да си ја гледа својата работа. А оние кои вредат, самите ќе останат, а оние кои не вредат самите ќе си одат.
 
Член од
13 јуни 2009
Мислења
105
Поени од реакции
37
Хммм ..
Што ќе се случи, ако не остави засекогаш таа личност ? Ќе ги молиме за прошка тие што сме ги оставиле ?
Не доага во обзир заради некоја личност јас да ги оставам моите драги, тогаш таа личност е себична, ме изолира од светот, ме чува само за себе .. Тоа не е нормално !
Сакам да се дружам со сите, иако можеби имам некој посебен до себе, можеби тој посебниот ќе замине некогаш нема вечно да биде до мене, а моите најблиски се секогаш тука за мене :)
Не вреди мојата љубов да ја посветам само на еден човек, не заслужил само тој, заслужиле сите што ме сакаат.
Ако некогаш се најдам во вакви моменти, а знам дека нема шанси да се случи тоа, ќе се обидам да го разберам значењето на зборот другарство и тогаш ќе знам дека стварно сум ја донела вистинската одлука.
За никој не вреди, без разлика дали е мојот посебен е тој или пак станува збор за некоја друга личност да се откажам од личности што ми се потребни.
Заминуваат и доаѓаат личности ... но сега знам тука покрај себе ги имам тие што највеќе ги сакам!
 

аллександар

Вечно ненаспан
Член од
5 мај 2006
Мислења
7.380
Поени од реакции
2.522
ЈОК! еден ко ниеден. од два па натака се брои! се шалам..
па искрено не ми е објасливо прво како може ради еден сите да ги изгубиш или напуштиш шо и да е.. мислам многу нормално е дека не вреди.. колку и да е блиска и драга таа особа ке ја преболиш ке ја заборавиш и ке продолжош понатака.. шо ако еден ден сватиме дека сме згреишле и сме останале со само една погрешна личност а образот пред сите други го имаме изгубено??? лоша ситуација.. ептен лоша!
 

SiSSi_

Princess.
Член од
17 март 2009
Мислења
69
Поени од реакции
10
Никако!
Дечковците минат, пријателите и сл. се засекогаш!
 

Heartbreaker

The Real ROCKNROLLA
Член од
6 декември 2009
Мислења
276
Поени од реакции
28
Да е таа личноста со која би требало да бидам до крајот на мојот живот, тогаш не би ме натерала да морам да избирам. Затоа мојот одговор е не. Никоја не е вредна освен таа што е вредна, за која јас ќе бидам вреден, а секој околу мене највреден
 
Д

ДаркхарТ

Гостин
Доколку некој сам побара да се оттргнеш од личност што ти значи и притоа си свесен дека личноста за тебе не претставува никаква опасност не вреди!
Ако истото го одлучиш сам, или постепено се одделиш од таа блиска личност тоа може да се случи од разни причини. Најчесто причината е премногу време поминато со партнерот. Со тек на времето избледува блискоста.

Никако!
Дечковците минат, пријателите и сл. се засекогаш!
Неточно! И пријателите минат кога ти е најтешко. Само родителите и блискиот круг на роднини се секогаш тука за тебе.
 

\m/arko

A place where the beer flows like wine...
Член од
15 јануари 2008
Мислења
6.357
Поени од реакции
789
Испаѓа помеѓу лубената/иот и другарите... Мрзам коа треба да бирам ама затоа паметен избор секогаш правам. Едно време баталував вакви особи заради другарите, ама со тек на настаните би се запрашал дали би го направил истово пак.
 

Кент

Професионалец
Член од
16 февруари 2010
Мислења
255
Поени од реакции
15
Не вреди. Таа една да е толку вредна нема да дозволи да ги изгубам сите.
 
Член од
10 октомври 2009
Мислења
502
Поени од реакции
113
..Језда ако ств. личноста те сака, нема да те натера на било кој начин да изгубиш некој!... Али од друга страна, има некои ‘‘другари‘‘ што Можат да ти расипат нешо што подолго време си го градел и врз основа на тоа...Ќе мораш да избираш!!..:toe::smir:
 

Вилинско коњче

It is my party :))
Член од
31 декември 2009
Мислења
550
Поени од реакции
62
Вреди ли заради една личност да се изгубат сите останати блиски? Кога би биле во ситуација да бирате меѓу една личност што ви значи најмногу и останати блиски другари другарки семејство...?
Веднаш ќе кажам - ВРЕДИ - вистинските пријатели ќе бидат покрај тебе секогаш - а момчето што ти значи можеш многу лесно да го изгубиш (засекогаш) :back:
Прашај паталец - не гаталец:tapp:

Не вреди...воопшто не,сега дури сватив јас:tapp:...направив таква грешка,заради него ги загубив пријателите и пријателките а сега него воопшто не го интересира...колку сакам да го вратам назад времето и да размислувам како сега.Сега повторно ги имам пријателите но нее тоа тоа што беше.
Навивачка,

Јас направив обратно! Многу ги слушав пријателите - па го изгубив него - а сега пријателите кај се ???? Секој си брка своја работа .... море да ми е овој памет пред една година :tapp:... би средила јас се :back:

Не вреди. Она што вреди е човек да стои на своите нозе и да си ја гледа својата работа. А оние кои вредат, самите ќе останат, а оние кои не вредат самите ќе си одат.
Крусер,

А ако таа личност се покае и сака да се врати? :vozbud:
 

831

HOATH IAIDA
Член од
8 ноември 2009
Мислења
6.655
Поени од реакции
11.663
ВРЕДИ, зависно од тоа за кого станува збор, и ако си проклето убеден дека тој еден е вистинскиот човек, тој еден може да вреди за илјада...
 

Me2

интериста
Член од
21 ноември 2009
Мислења
5.205
Поени од реакции
2.199
Значи во одредени случаи, вреди да се изгубат сите заради еден, но од другата страна невреди заради еден што само што си го запознал, стварно невреди :toe:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom