Враснат нокт (Unguis incarnatus)

  • Креатор на темата Roten 96
  • Време на започнување
R

Roten 96

Гостин
ма сега јас имам половина нокт..кога бев во Скопје ми рекоа дека и тој ке ми падне и дека ке порасне нов..отприлика за два месеца..а после може и пак да се повтори затоа и сечувањето на ноктите има голем удел во спречувањето..ако не и најголем..како и носење на не многу тесни петики,чевли итн итн..
 
The_Red1

значи фактички
Член од
18 септември 2009
Мислења
4.209
Поени од реакции
4.756
...ги има во скоро секој поголем супермаркет....во делот за нега на нокти...каде што има турпии грицкалки и слично...клештата е со тенок и шпицаст врв и овозможува да се засече ноктот подлабоко отколку со грицкалка...исто така е добра и за отстранување на здебелена кожа околу ноктите....од досегашното искуство најдобра се покажа клештата од "ТИТАНИА"

....инаку за оние кои покрај тоа што ноктот им е сраснат имаат и гној...пожелно е со стерилна игла да направите пат меѓу ноктот и месото за да може гнојот да истече....и често нанесувајте водороден пероксид 3% (хидроген)...го има во секоја аптека...на инфицираното место
Другар, ке можеш слика да закачиш од клештата? Погуглај малце ако не те мрзи :) Сакам да знам како изгледа :pipi:
 
argenthessis

Highflyer
Член од
9 јуни 2011
Мислења
1.589
Поени од реакции
2.092
Го имав истиов проблем и тоа трипати. Првиот пат беше најстрашно оти многу време не се решавав да појдам на доктор. Најпосле појдов на хирург и тој отстрани само еден дел од ноктот, самата интервенција болеше многу помалку отколку што мислев дека ќе боли, т.е. најболно беше ставањето на локалната анестезијата. :)
После една година го имав истиот проблем и пак интервенција.
Само неколку месеци после вторава интервенција пак истиот проблем.
За третата интервенција, појдов кај сега веќе покојниот Др. Јосиф Докоски во Струга. Од тогаш еве веќе има 5 години и немам никаков проблем.

R.I.P. докторе Докоски.
 
R

Roten 96

Гостин
Дали некој знае што е тоа Semiablatio ? Ми беше напишано во листот кое од болницата ми го дадоа откако ми беше направен хируршкиот зафат...на листот меѓу другото пишуваше дека треба да мирувам,преврска кај матичен доктор,аналгетик по потреба и Semiablatio а мноху ме интересира што значи ова ??ако на некој слично му пишува и ако знае што е нека кажува..ме интересира..барав на гугл ништо нема..ама си претпоставувам дека е во врска со анестезијата нешто.. :)
 
argenthessis

Highflyer
Член од
9 јуни 2011
Мислења
1.589
Поени од реакции
2.092
Дали некој знае што е тоа Semiablatio ? Ми беше напишано во листот кое од болницата ми го дадоа откако ми беше направен хируршкиот зафат...на листот меѓу другото пишуваше дека треба да мирувам,преврска кај матичен доктор,аналгетик по потреба и Semiablatio а мноху ме интересира што значи ова ??ако на некој слично му пишува и ако знае што е нека кажува..ме интересира..барав на гугл ништо нема..ама си претпоставувам дека е во врска со анестезијата нешто.. :)
Не сум доктор ама Semiablatio ти е на латински полу - аблација, предпоставувам половично вадење или стругање на ноктот. :D
 
R

Roten 96

Гостин
Не сум доктор ама Semiablatio ти е на латински полу - аблација, предпоставувам половично вадење или стругање на ноктот. :D
па изгледа тоа ке да е :) оти и половина нокт ми е отсранет има смисла :)
 
Член од
10 јануари 2010
Мислења
136
Поени од реакции
25
Леле мене ми се јави овој проблем со враснат нокт на палецот.,прстот ми е отечен и мислам дека почна да се појавува и гној
..страв ми е да идам на лекар,не сакам на операција зашо не планирам до крајот на летово да седам дома..гледам дека повеќето сте биле на операции и такви чуда па ќе ве замолам да ми објасните малку повеќе за тоа.колку време трае операцијата? после операцијата колку време треба да се седи дома и сл?? ве молам
 
Па интервенцијата е со локална анестезија како кога заб ти вадат, те боцкаат со игла во палецот и ти ставаат анестезија, ова е најболниот дел, после неколку секунди ќе осетиш дека палецот тие како отечен и отрпнат, и после ова скоро и да нема никаква болка. Самата “операција“ трае околу 10 мин, докторот го вади тој дел од ноктот што враснува во кожата и после става јод и ти го преврзува со завој палецот. Тоа е се.
Е сега завојот треба да носиш барем една недела, и не треба да го истиот да го квасиш и сл. барем за тоа време, оти може инфекција да добиеш. За болки јас немав никакви после интервенцијата иако докторот рече дека може да имам. Малку чудно е одењето со завој на палец, и нормално за ова време ќе се пазиш повеќе, без носење на тесни чевли и сл.
Ич не чекај, оти што побрзо, колку повеќе чекаш толку потешка е интервенцијата, а и подолго време ќе трае заздравувањето.
 
јас го имав проблемот..и затоа ја отворив темата но ме интересира дали може повторно да се појави..
 
argenthessis

Highflyer
Член од
9 јуни 2011
Мислења
1.589
Поени од реакции
2.092
јас го имав проблемот..и затоа ја отворив темата но ме интересира дали може повторно да се појави..
Може пак да се појави, треба да внимаваш, без носење на тесни чевли и ако можеш сечи ги ќошовите на ноктите уште пред да дојдат до кожата каде што враснуваат во неа, еве јас така правам и немам проблем повеќе од 5 год.
 
I

Intex

Гостин
Од ова страдам со години, и плус двапати опериран сум. На оперираниот палец не се има појавено после втората операција, ама сега го имам на другата нога, и гледам дека ноктот е скоро блиску до паѓање. Ако падне, ќе има потреба од интервенција, или може и сам да се среди?
 
argenthessis

Highflyer
Член од
9 јуни 2011
Мислења
1.589
Поени од реакции
2.092
Од ова страдам со години, и плус двапати опериран сум. На оперираниот палец не се има појавено после втората операција, ама сега го имам на другата нога, и гледам дека ноктот е скоро блиску до паѓање. Ако падне, ќе има потреба од интервенција, или може и сам да се среди?
Појди на доктор, ако нема потреба од интервенција тој ќе ти каже.
 
Hyperz

Изгубен во времето и просторот...
Член од
13 август 2011
Мислења
715
Поени од реакции
423
Имав и јас ваков проблем, имав среќа со добро си поминав.Мала хируршка интервенција, една недела одмарање на ногата и добро помина.Инаку, другите да ги советувам внимавајте каде одите и распрашајте се за лекарот пред да отидете кај него.Јас најпрво бев во кавадарци, каде што лекарот после исцрпното гледање на прстот од нецели 2 секунди заклучи дека треба ноктот да го „измукниме“(извлечиме) и ке го направеше тоа да не бев алергичен на пеницилин.Сакаше типот да ме носи во хируршка сала и таму да ме „оперирал“,Ништо од тоа не се случи, отидов кај друг лекар кој за 15 минути успеа да го одстрани проблемот, не бев во хируршка сала, и бев свесен цело време и најважно мојот нокт не беше „измукнат“(изваден).Таму дознам и за лошите искуства на некои пациенти од велес, имено еден од тамошните лекари ги вадел ноктите без да им стави анестезија(WTF?), можете само да замислите колкава е таа болка...
 
Kajgana Shop

На врв Bottom