Вработување во приватни фирми по партиска линија

Член од
19 октомври 2012
Мислења
294
Поени од реакции
249
Уште на почеток да прецизирам дека не мислам на маалски дуќанчиња и слични, кои мислат дека се фирми ... Барам звучни имиња, каде партиската припадност или ургенција и те како може да заврши работа. Јас имам слушното за некои, но заради дискусијата ќе ги кажам попосле :D

И нормално, не ги барам истите за да можам јас да си завршам работа :)
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.175
Поени од реакции
34.324
И нормално, не ги барам истите за да можам јас да си завршам работа :)
А зошто ги бараш имињата на истите тогаш? :)
Темава води кон политички дискусии и меѓупартиски препукувања, кои се забранети на форумов. Ако не дадеш соодветно и разумно објаснување, ќе мора да ја затворам.
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.726
Поени од реакции
9.837
Приватна фирма ќе вработува кого сака,дали партиски,рамковно или по боја на кожа и очи....има право пошто е приватна и никој неможе да и забрани. Ако сака да плаќа неписмени,полустручни и маминимази кадри нека ги вработува..крај краева од своја каса ќе ги плаќа..who cares.
 

deXterche

тадаммм
Член од
12 февруари 2006
Мислења
4.920
Поени од реакции
941
Приватна фирма ќе вработува кого сака,дали партиски,рамковно или по боја на кожа и очи....има право пошто е приватна и никој неможе да и забрани. Ако сака да плаќа неписмени,полустручни и маминимази кадри нека ги вработува..крај краева од своја каса ќе ги плаќа..who cares.
Подобро такви да плаќа одколу "глоба" од инспекции ;)
 
N

NikolaMKD91

Гостин
Точно , сум приметил дека покрај во државната администрација, и во приватниот сектор има партиски вработувања не се во голем број, но ги има. Зошто и како го прават тоа незнам да одговорам. Моја претпоставка е дека газдата на компанијата е тесно поврзан со партијата чии членови вработува. Можеби се работи за меѓусебна соработка , партијата му помага да добие некој тендер а тој за возврат покрај кеш вработува и нивен кадар. Како што кажаа погоре нема ништо спорно во тоа, бидејќи е приватник кого сака и колку сака може да вработи, од свој џеб ги плаќа па макар тоа да биле партиски војничиња со четврто одделение .
 
Член од
19 октомври 2012
Мислења
294
Поени од реакции
249
А зошто ги бараш имињата на истите тогаш? :)
Темава води кон политички дискусии и меѓупартиски препукувања, кои се забранети на форумов. Ако не дадеш соодветно и разумно објаснување, ќе мора да ја затворам.
Ако мислиш дека ќе има препукувања (или ако се појават), затвори ја... немам намера да предизвикувам политичка нетолеранција. Едноставно, сакам дискусија и согледување на реалноста. :)

Приватна фирма ќе вработува кого сака,дали партиски,рамковно или по боја на кожа и очи....има право пошто е приватна и никој неможе да и забрани. Ако сака да плаќа неписмени,полустручни и маминимази кадри нека ги вработува..крај краева од своја каса ќе ги плаќа..who cares.
Е вака, една форма на приватна фирма е и АД, кое може да котира и на берза... Последиците од партиско вработување во овој случај се многу поголеми од она кога газда на мала фирма вработува дете на некој „пријател“.
 
Член од
28 мај 2008
Мислења
3.231
Поени од реакции
4.102
Во Џонсон фабриката во Штип наложено е да се примаат прво луѓе што се членови на ВМРО. За останатите ако има место. Информација од прва рака...
А слушнав истото дека се правело и во Кромберг & Шуберт во Битола, но као демек се разбрало па скандал избил, па повлекле сите апликации и одново се’ од почеток. За ова не сум 100% сигурен, ама за Џонсон со глава тврдам.
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.133
Поени од реакции
18.131
Во дел од стратегиите за влез на странски пазар многу битна и често набројувана важна потреба беше прилагодување со локалните политичко - општествени односи и добра соработка со истите.
На пример Лукоил.
Партиските списоци за бензиската стигнале во Лукоил




Процесот на партизација на приватните фирми е во полн ек ? !

Списоци со по десет луѓе од ВМРО ДПМНЕ и десет од СДСМ стигнале во Скопје во седиштето на Лукоил - дознава www.Ohrid1.com од извори во двете партии.
Според нашите извори списоците во ВМРО ДПМНЕ биле подготвувани по претходни разговори кои ги вршел првиот човек на ОК Охрид Атанаско Михаилов со потенцијалните кандидати, што значи дека де факто тој ги интервјуирал луѓето кои партијата планира да ги вработи во приватна бензиска пумпа која е странска инвестиција.


Во ВМРО ДПМНЕ во најголема тајност се чувала оваа активност, не толку од медиумите колку од членството во партијата кое не било запознато дека се прави список за вработување на атрактивни работни места на бензиската пумпа каде најмалата плата е околу 30 000 денари, а за списокот од десет луѓе кои ќе се вработат на бензиската решавал и знаел Атанаско Михаилов и влијателен член од партијата во Охрид кој е на ангажман во Скопје.

Михаилов ви изјава за Ohrid1.com негира дека правел список.
- Десет пати имам кажано и во дурги прилики дека ние ни вработуваме ни отпуштаме луѓе од некаде и со било какви вработувања Општиснкито Комитет нема врска. Толку за тоа , џабе ме прашуваш нбидејќи Лукоил е приватна фирма и јас не се мешам во никакви враобутва, а најмалку во приватни фирми - рече Атанаско Михаилов


ВО СДСМ ЛОБИСТИТЕ ЗАВРШИЛЕ РАБОТА

И во СДСМ списокот се скроил за неколку дена но интересно е тоа што таму и не се криело толку кој ќе биде на него. Па така на списокот се нашле двајца браќа кои се синови на истакнат активист од партијата и уште неколку лица од СДСМ кои во најголем дел се деца на видни активисти и членови или млади и активни сдсмовци од Охрид.
Се обративме и кај Науме Јованоски првиот човек на СДСМ во Охрид кој кратко ни изјави дека само што се вратил од Грција каде бил на летување и не е во тек со никакви списоци и вработвања на бензиска пумпа.

Нормално, сите негираа чисто ради реда, а јавна тајна е како одеше најголем дел.И втората бензинска во Охрид така се вработија, сигурно и на други места било така.Во неврзан муабет истото ќе го речат и дел партиски активисти и дел вработени.

Едит:Да сметаме дека не е некоја огромна филозофија оваа работа (истовремено нивното гориво е моментално најдобро), ама во фирми како Агенција за цивилно воздухопловство вработување фаци без соодветен тренинг...Сепак и во Лукоил е огромен минус и негативност барањето врски преку партија.Само една од доста такви фирми.
 
Член од
26 октомври 2012
Мислења
2.535
Поени од реакции
3.362
Ја едно ќе ти кажам подалеку од партија зашто од нив нема ништо (на државна чешма ни вода не се пие и во пустина да е ) ;)
 
Член од
19 октомври 2012
Мислења
294
Поени од реакции
249
Падна првата ... Истото го имам чуено и јас за Лукоил... само за друг град :) Како додаток на сето ова, се барало по 5.000 евра за вработување. Значи, ако те примат, си даваш на „кметот“... на оној што удара АМИН на списокот де :facepalm:
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.113
Поени од реакции
8.222
Сум го приметила истото.
Посебно сега кога барав малку посериозна работа.
Во една поголема фирма, не би сакала да кажам која, индирекно бев прашана.
И на несреќа на многу овдешни, реков дека не сум партиски определена.
Вредам повеќе од книшка, а ако на некој му чини така, нека фура.
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.290
Поени од реакции
15.508
Како додаток на сето ова, се барало по 5.000 евра за вработување. Значи, ако те примат, си даваш на „кметот“... на оној што удара АМИН на списокот де :facepalm:
Јас ова го имам слушнато, само како муабет, за банкарскиот сектор, за сумата и банките не би шпекулирал, но сметам дека е можно да има вистина бидејќи во некои од нив платите се доста прималиви ако ја погодиш позицијата, а работата ти е најчесто осигурана за многу години...

Сум го приметила истото.
Посебно сега кога барав малку посериозна работа.
Во една поголема фирма, не би сакала да кажам која, индирекно бев прашана.
И на несреќа на многу овдешни, реков дека не сум партиски определена.
Вредам повеќе од книшка, а ако на некој му чини така, нека фура.
Последниот мохиканец со книшка :D
 

PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
7.854
Поени од реакции
6.495
Не сум 100% сигурен, но сум чул дека во Џонсон Контролс/Џонсон Мети во Бунарџик се примале воглавном по партиски кључ(вмровчичи) ........... колку е сигурно незнам, но сум чул од многумина, а и познавам такви дифтари кои таму работат иако сум скептик дека имаат појма од нешто !
А и по бензинскиве исто така сум прислушнал дека се примале по партиски кључ(вмровчичи наравно) ............ значи не е само државната администрација, туку и во приватниот сектор во одредени фирми предност имаат партиски кадри ................ епа после да не се чудиме зашто пола народ имал партиски книшки(најмногу од оние црвените со лавче)по џебовите ! :X3:
 

mandak

матапрчо
Член од
26 март 2009
Мислења
797
Поени од реакции
524
Леле мори мајко е работата во Битола само тоа ке кажам....РЕК,Жабени..ама секаде баш секаде мора и само мора да си од вмро иначе и господ да ургира нема да те вработат....имаше конкурс за две чупиња за во затворот битола и една моја другарка ја истера работата директно до градоначалникот беше примена 5 месеци пред конкурсот...ако има друг град каде што се врши поголем притисок за партиски вработувања од Битола нека каже некој....
 

Kajgana Shop

На врв Bottom