Вработување во УБК

Член од
15 септември 2020
Мислења
34
Поени од реакции
14
Дали ќе има за брзо некој конкурс во мвр за вработување со факултет?
 
Член од
22 јули 2011
Мислења
1.010
Поени од реакции
1.129

Обично секоја година некаде околу Мај месец објавуваа конкурси за во МВР, и потоа преку лето имаа тестирања во Идризово.
Но оваа година поради изборите и короната немаше конкурс.

Ако однапред немаш сигурно дека ќе те примат на работа, џабе ќе аплицираш за во МВР. Посебно за со факултет, малку објавуваат работни позиции на огласи и сето тоа е однапред предвидено за нечии деца и роднини на партиски функционери.
 
Тие тестирањата во Идризово се за обичен полицаец. Има разлика со факултет. Ако, ќе пробам па ќе видиме.
 
Член од
11 јули 2014
Мислења
3.088
Поени од реакции
4.461

И за вработување со високо образование тестирањата се во Идризово :)
 
Член од
29 септември 2011
Мислења
2.098
Поени од реакции
2.220
За високо распиуваат конкурс одиш на лекарски преглед и ако те примаат толку е.Зборувам за инспектори во ПС.
 
Skylake

proseCUTE
Член од
7 јули 2016
Мислења
1.078
Поени од реакции
1.711
Пријави се на конкурс за обичен полицаец, па ако те примат, ќе влезеш во МВР. Ако имаш соодветно образование, од МВР претпоставувам полесно се стига до УБК. Нормално, ова се треба да биде пропратно со тежок партиски грб и роднини или пријатели кои реално можат да ти помогнат да стигнеш до таму до каде што сакаш. Без значителна партиска позадина не си го троши времето да аплицираш државно, поготово не МВР или УБК кадешто се примаат партиски ботови до последно место.
 
Член од
11 јули 2014
Мислења
3.088
Поени од реакции
4.461
За високо распиуваат конкурс одиш на лекарски преглед и ако те примаат толку е.Зборувам за инспектори во ПС.
Имаш тестирања во Идризово. Писмени, тест за интегритет, па психолошки, па интервју, па лекарски. Сето тоа до лекарските се одвива во Идризово, никој не рече дека таму остануваш со спиење.
Тестирањата таму се одвиваат. Од првите писмени тестирања до лекарските, имаш минимум 2 месеци, така да тоа дека се пријавуваш - па ќе те викнат на лекарски, врска нема.
Автоматски споено мислење:

Пријави се на конкурс за обичен полицаец, па ако те примат, ќе влезеш во МВР. Ако имаш соодветно образование, од МВР претпоставувам полесно се стига до УБК. Нормално, ова се треба да биде пропратно со тежок партиски грб и роднини или пријатели кои реално можат да ти помогнат да стигнеш до таму до каде што сакаш. Без значителна партиска позадина не си го троши времето да аплицираш државно, поготово не МВР или УБК кадешто се примаат партиски ботови до последно место.
После конкурсот за обичен полицаец, со договор си обврзан дека 5 години не можеш да одиш скалило погоре од обичен полицаец.
Автоматски споено мислење:

Да, така е. Нема потреба да се оди во Идризово.
Не е така, му објаснив на членот погоре.
За јавен оглас во МВР задолжителни се тестирања.
За интерните огласи каде што примаат по 4,5 луѓе не се тестираат, ама на тие огласи не може секој да аплицира :)
 
Последно уредено:

Skylake

proseCUTE
Член од
7 јули 2016
Мислења
1.078
Поени од реакции
1.711
За интерните огласи каде што примаат по 4,5 луѓе не се тестираат, ама на тие огласи не може секој да аплицира :)
Зошто да неможе секој да аплицира? Ако ги усполнува условите што се бараат секој има право да аплицира. Тоа што конкурсите се кријат, и се објавуваат јавно кај што никој нема да види, или тоа што пред самиот конкурс се знае кој ќе биде примен, тоа е веќе друга работа.
 
Член од
11 јули 2014
Мислења
3.088
Поени од реакции
4.461
Зошто да неможе секој да аплицира? Ако ги усполнува условите што се бараат секој има право да аплицира. Тоа што конкурсите се кријат, и се објавуваат јавно кај што никој нема да види, или тоа што пред самиот конкурс се знае кој ќе биде примен, тоа е веќе друга работа.
Гледаш по самото име. Интерен - внатрешен :) Не е јавен оглас.
 
Член од
22 јули 2011
Мислења
1.010
Поени од реакции
1.129
За високо распиуваат конкурс одиш на лекарски преглед и ако те примаат толку е.Зборувам за инспектори во ПС.

Не е точно тоа.

Јас лично се имам пријавувано на два конкурси во МВР за високо образование, еднаш во 2015 и еднаш во 2018 година. Логично немав добри врски и не ме примија.
И во 2015 и во 2018 на конкурсите одев на тестирање во Идризово во центарот за обука.
Решававме тестови на логика и психолошки тестови.

Во 2018 после тестирањето, ме повикаа и втор пат на интервју, кое беше ептен кратко 3-4 минути. И после толку беше, не ме повикаа за лекарски. Ми ги вратија документите при крај на 2018 година на домашна адреса.

Слушнав од некои кулоари, за тие малку места на огласите за високо образование, тука ептен се примале деца и роднини на високи партиски функционери од партиите кои се на власт во дадениот момент.
Секогаш кога има оглас во МВР, за со средно образование примаат околу 600 кандидати, а со високо образование околу 25-35 кандидати, замисли какви се шансите за работа ако е вистина дека со високо образование само луѓе на високи партиски функционери можат да влезат во МВР со високо образование на огласите.
 
И за тие 600 кандидати многу веројатно се таксани местата. Вака делува дека 600 места се многу, ама кога ќе се направи партиска пресметка ќе видиш дека ниедно место нема да остане за некој рандом лик што би конкурирал, туку сите места ќе бидат поделени на партиски ботови. За време на ДПМНЕ јавна тајна беше дека и ги продаваа овие работни места за 5000 евра по кандидат, 1+1 за 8000 евра :icon_lol: .

Е сега како се прави со овие што се сега на власт, незнам, ама имајки во предвид дека млади масовно бегаат од државава, можеби сега и има некои мали шанси за некој без партиска позадина да влезе во МВР како обичен полицаец.

За МВР со високо образование, ваљда ништо не е сменето, дебел партиски грб или гитла. Самото тоа што те интервјуирале 3-4 минути за работа во МВР со високо образование ти кажува дека присуството на интервјуто е процедурално, а дека факторот дали ќе ја добиеш работата или не зависи од нешто друго.
 
Тоа е сосема јасно дека нема да остане место за рандом лик да упадне на работа како уличен полицаец.
Зборот ми беше дека ( членот кој ја отвори темава) сепак какви-такви сепак поголеми шанси ќе има да се вработи во тие 600 полицајци со средно, отколку во оние 30-тина со високо образование. Затоа што во тие 30-тина работни места од огласите се делат на различни факултети, по 4-5 од Економски, Правен, Филолошки, Безбедност, Криминалистика, Психологија..........

Ниту сега не е ништо сменето, познавам лик кој е полицаец скор е пред пензија, успеа синот да го вработи како обичен полицаец со средно, а во меѓувреме новопечениот полицаец студира нешто во Свети Николе на оној Рускиот Универзитет.

Нема шанси некој да влезе без партиски грб и квалитетни врски за обичен полицаец, но сепак реално процентуално е поголема шанса за влез како обичен полицаец отколку со високо образование во старт во МВР.

За влез во старт со високо образование во МВР не е доволно дебел партиски грб, мора да си нечиј роднина и син на тие високите партиски функционери.
Замисли објавуваат на оглас пример 3 места со Правен факултет, а од цела држава колку има партиски функционери кои имаат синови и ќерки со тој факултет? Можеби 20,30.....
 
Член од
29 јуни 2018
Мислења
3.453
Поени од реакции
5.435
Зошто да неможе секој да аплицира? Ако ги усполнува условите што се бараат секој има право да аплицира. Тоа што конкурсите се кријат, и се објавуваат јавно кај што никој нема да види, или тоа што пред самиот конкурс се знае кој ќе биде примен, тоа е веќе друга работа.
Пошто праиме муабет за чесно, без врски и остали ствари еве еден прост пример.
Ти со економски работиш како економист, 10 години си у фирмата, те ценат колеги, те ценат одговорни итн. Се пензионира твојот шеф, мислиш фер е да примат некој од надвор ако во самата фирма има веќе способен и докажан кадар за таа позиција?
Во неколку фирми знам дека има Интерни конкурси, и тоа не е ништо лошо и е баш фер. Интерен конкурс е конкурс каде што можат да аплицираат само вработените - им се дава шанса да напредуваат. Нешто што сите ние го сакаме. :)

За во МВР не гледам зашо да нема интерни конкурси. И праведно е така, претпоставувам дека и таму има луѓе што по 5, 10 години работат квалитетно и тоа им е шансата за да напредуваат.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom