Во што веруваат вонземјаните ?

A

ateist

Гостин
ВО ШТО ВЕРУВААТ ВОНЗЕМЈАНИТЕ ?




Псалми 24:1 Господова е земјата и она што ја исполнува вселената е се што живее во неа,

Псалми 33:8 Нека се бои од Господа целата земја; нека треперат пред Него сите жители во вселената,

Псалми 49:1 Чујте го ова сите народи; внимавајте вие сите што живеете по вселената


Исаија 26:18 Бевме непразни, се мачевме, - и како да раѓавме ветар; спасение не и достививме на земјата, и други жители во вселената не се појавија.


Исаија 34:1 Пристапете, народи; слушајте и внимавајте, племиња! Нека слуша земјата и се што ја исполнува, вселената и се што се раѓа во неа!

ЕТЕ !
ТОА Е ТОА !

Како што може да се види на многу места библијата ГАРАНТИРА дека во вселената има и други интелигентни битија дека ние луѓето не сме сами туку има и други .
Дали е логично ? Да логично е бидејќи кога веќе некој гарантитра дека создал се а ние веќе располагаме со такви технички средства со кој бележиме милијарди други галасии во вселената освен нашата тогаш тогаш зошто не би создал и други интелигентни битија во другите галаксии освен во нашата . Нели , ако веќе сакал да ни докаже дека специјално само за нас луѓето е создена земјата и животот воопшто тогаш наједноставно би било да го создаде само нашиот сончев систем па ние луѓето дефинитивно ќе знаевме дека сме уникатни оти освен нашиот сончев ништо друго не би постоело (дури ниту галаксијата во чиј состав е нашиот сончев систем).

И сега сами по себе се наметнуваат неколку логични прашања .

1 ) Што ако тој некој пророк ванземаљац многу поточно ги заслушнал и запишал зборовите за разлика од пророците кој ние ги читаме. А знаеме дека сите пророци од Библијата и Куранот биле пустински луѓе каде често поради дехидрација луѓето гледаат нестварни суштества и слушаат нестварни звуци ( фатаморгана ) . А поради честите песочни бури и слабата хигиена која во времето на пророците скоро и да непостоела фината песочна прашина се лепи заушите и ушните тапанчиња па и да сакале неможеле добро да слушаат . Што ако вистинското божјо име нее ниту Аллах ниту Елохим , Јехова итн туку тој некој пророк ванземаљац точно го слушнал и запишал а тоа е на пример DR51564JU-C711JUTFV-2F5V- REG BR 16 / 84 па така сите песнички и молитви на сите религии и вери се напразни оти не му се обраќаат на вистинскиот бог .

2) Јован 1:18 Бог никој никогаш не Го видел;
Ете според Евангелие по Јован кажува дека никој никогаш не го видел Бог .
Но што ако Бог решил на некоја друга планета да им се претстави на тамошните жители и им дозволил на тамошните сликари точно да го нацртаат па секогаш точно да знаат како изгледа и кого да чекаат при следното доаѓање . Ние такви сознанија немаме оти сите “свети” слики се дело на фантазијатана уметниците а кој и самите незнаат како изгледа туку нагаѓаат или им исполнуваат желба – нарачка на други луѓе па така негде го цртаат како белец негде како црнец како Кинез итн .
Значи шансите Бог да не личи на ниту една слика се огромни а со тоа џабе е и сето клањање на тие слики и сите молитви кон тие слики и напразни биле сите надежи дека таквите слики по храмовите и домовите ќе ги заштителе од било што .

3) Кој може да гарантира дека тие други жители на вселената воопшто и личат физички на нас луѓето а ете може се и поинтелигентни од нас .? Нема такви гаранции .! Ако збориме дека Бог ги создал според својот лик Совршени тогаш може на некоја планета на која и нема копно туку е целата прекриена со водена површина токму ајкулите да еволуирале не само во совршена телесност туку и умствено .Знаеме дека еволуцијата кај ајкулите е завршена и дека тие не еволуираат последните стотина милјони години оти го достигнале Совршенството. Може да детектираат ( хемиски детектори) капка крв на неколку километри,потоа детектори за движење , за електрицитет итн. Значи што ако на една таква планета главната свештеничка ( големата бела ајкула ) за Курбан Бајрам ги повикува другите ајкули да уловат-жтрвуваат по еден човек (оти на таквата планета луѓето претаат –плутаат по површината како жаби и се хранат со планктони и воопшто не се интелигентни ) и во знак на солидарност пленот ( човекот ) го споделат со други видови на ајкули кој се послаби ловци или во пензија ( им отпаднале забите од старост) . Според ова би испаднало дека божјиот небесен избран народ се уствари ајкулите оти го достигнале совршенството ама не на нашата планета .

Итн итн може и многу други примери да наброиме . Поентата е дека според ваквото кажување и логика на библијата од една и од друга страна практиките и верувањата на сите религии и вери што постоеле и постојат во светот на нашата планета шансите дека било која од нив е вистинската се никакви .
 

pAnDa`

Original..
Член од
5 ноември 2009
Мислења
578
Поени од реакции
34
Мое мислење дека сепак не веруваат во ништо зш сепак не постојат.. :wink:
 

The Mad Doc

Алхемичар
Член од
16 март 2009
Мислења
653
Поени од реакции
46
Јас мислам дека се јеховини сведоци.:pos2:

Шала на страна.На секоја факција и е потребна религија за да функционира.Замислете народ кој не верува во ништо.Ако треба војна со каков морал ќе се борат војниците,по кои правила ќе се води рајата?
 
Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334
Јас мислам дека се јеховини сведоци.:pos2:

Шала на страна.На секоја факција и е потребна религија за да функционира.Замислете народ кој не верува во ништо.Ако треба војна со каков морал ќе се борат војниците,по кои правила ќе се води рајата?
Се што ќе најдете кај непријателите и неговите домови, ваше е!
 

The Mad Doc

Алхемичар
Член од
16 март 2009
Мислења
653
Поени од реакции
46
Се што ќе најдете кај непријателите и неговите домови, ваше е!
Не е доволно.Што ако треба да си ја бранат државата.Неможат да речат во името на бога!!!!!!!!!!!!! или слични работи.Едноставо држава без морал и вера не е држава.
 

Bacillus gagous

Biohazardous
Член од
21 јануари 2006
Мислења
7.380
Поени од реакции
168
Не е доволно.Што ако треба да си ја бранат државата.Неможат да речат во името на бога!!!!!!!!!!!!! или слични работи.Едноставо држава без морал и вера не е држава.
Кина не е држава?
 
A

ateist

Гостин
Кина не е држава?
па нее држава туку државетина.
Вчера баш имаше некој историски документарец кога нацистите го нападнале
Советскиот Сојуз го сметале само заааааааа ...."атеистичка рамница" ...Веројатно мислеле дека никој нема да им пружи никаков отпор .
 
V

VeniVidiVici

Гостин
Доста бре со тие вонземјани. Ние и самите повеќе не знаеме во што да веруваме од преполнетост со вакви глупави информации кои никогаш нема да ни притребаат.
Од каде темава ја измисливте бре, жити све...
А и да постојат вонземјани, тогаш се толкави педери што само доаѓаат со некакви летечки чинии и посматраат, па демек ќе земат некои или нешто на испитување и све тајно тоа, и како и секогаш американците ги виделе, па контактирале со нив. Ако се ко шо треба, ќе дојдат ќе кажат вака и вака, ќе пиеме по една и ќе се спријателиме
:) Али тоа е, мора обичниот човек со нешто да се замара и да се забошотува од реалните проблеми па ќе веруваме во глупости.
 

@Dule@

Бананамен )))
Член од
24 ноември 2009
Мислења
119
Поени од реакции
1
Видете реално да прајме моабет црквата паганите се имаат вмешано во војните и ги искористиле како додатна мотивација за војниците и нарадот.Меѓутоа вистинското христијанство проповеда мирољубивост всушност начелата на Исус ако ги применуваме ке има беспрекорен мир.
И факт е дека атеизмот слично како кај некој Кинези може да направи монструми од луѓе кои ке убиваат без никаква тронка грижа на совест зашто едноставно мислат дека војните се дел од животот најаките опстануваат и дека нема кој да ги суди па може и да грешат


А вонземјаните ))) јако прашање првин дали постојат второ можеби имаат сосема друга идеологија на сфаќање на работите.Кој ги знае
 

The Mad Doc

Алхемичар
Член од
16 март 2009
Мислења
653
Поени од реакции
46
Кина не е држава?
Кина е по религиозна Иран.Мора да се свати дека комунизамот е религија.Секоја идеологија која те тера да се потчиниш,да веруваш во неа иако таа не е лично твоја е по дефиниција религија.
Комунистичка Кина се создала по идеологијата на Мао Це Тунг и Ленин и продолжува да живее слепо.Не е веќе како пред многу векови кога зеновите го просветлуваа народот а императорот си владееше во мир и хармонија.Не,сега глупава теорија и филозофија го заслепе гордиот жолт народ и го натера слепо да верува во нешто што не го разбира.Кина не е слободна држава.Кина е робовладетелска држава во која робовите се никој друг освен Кинезите.
 
V

VeniVidiVici

Гостин
Во што и да веруваат нај на крај, само НЕМОЈТЕ У ТУРБО ФОЛК и вие да се колнете, неможам повеќе... неееееееее. Ја мислам дека се екстремни муслимани, вафабити со терористичко педерски поглед на работите. Ебате темата што ја отвориле.
 

@Dule@

Бананамен )))
Член од
24 ноември 2009
Мислења
119
Поени од реакции
1
Во што и да веруваат нај на крај, само НЕМОЈТЕ У ТУРБО ФОЛК и вие да се колнете, неможам повеќе... неееееееее. Ја мислам дека се екстремни муслимани, вафабити со терористичко педерски поглед на работите. Ебате темата што ја отвориле.


)))))))))))хахаха абе немој така може ке ги навредиш ке ни објават војна можда имаат пристап до податоците
 
Г

Господ

Гостин
Јас мислам дека се јеховини сведоци.:pos2:

Шала на страна.На секоја факција и е потребна религија за да функционира.Замислете народ кој не верува во ништо.Ако треба војна со каков морал ќе се борат војниците,по кои правила ќе се води рајата?
А што тебе ти треба виша сила да те учи на морал?
Секое човечко суштество со ронка совест може да разликува добро и лошо:toe:
А религијата и не е баш поврзана со патриотизмот
 

sinatra

Френки
Член од
25 септември 2009
Мислења
186
Поени од реакции
3
Во Библијата, под сите тие вонземски суштества се подразбираат ангелите, серафимите, херувимите, архангелите, па и демоните...кои секако дека веруваат во БОГ. Не се зборува за little green men. Тоа го има само у холивудските сценарија.

Јаков: 2:19 "Ти веруваш дека има само еден Бог. Добро правиш; и бесовите (демоните ) веруваат и треперат."

Замисли човеку, дури и самиот црн ѓавол верува во Господ и се плаши од Него, а тука некои ми се праат фраери.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom