Принцезичка
courage is contagious
- Член од
- 12 декември 2008
- Мислења
- 1.556
- Поени од реакции
- 348
Од 25 150 осмоодделенци, речиси 15 илјади се запишале во средно училиште во првото пријавување. Како што објави Алфа, уписот е завршен во 3 скопски гимназии – Корчагин, Никола Карев и Орце Николов. Ист е случајот и со училиштето Јане Сандански во Битола. И на годинешните уписи, според министерството за образование, покрај за гимназиите, имало голем интерес и за стручните средни училишта.
„Учениците и студентите кога се одлучуваат за која струка или за кој профил ќе се одлучуваат, треба да гледаат кои се тенденциите и можностите на пазарот на трудот. Треба да размислуваат за тоа какви ќе бидат нивните шанси во иднина за вработување“, рече меѓу другото министерот за образование и наука, Никола Тодоров.
За второто пријавување на 29-ти и 30-ти јуни има 20 328 слободни места. Од нив 5300 се во гимназиите, речиси 15 илјади во стручните, 176 во уметничките училишта и 47 слободни места во спортска гимназија. Родителите чии деца нема да се запишат ќе бидат парично казнети бидејќи средното образование е задолжително. Лани се запишале 98,5 проценти од полуматурантите. Министерот Тодоров се уште не знае дали од 1 септември ќе има учебници за сите средношколци. Иако нема заинтереснирани автори кои би ги напишале стручните учебници, тврди дека на стартот на учебната година ќе бидат испечатени најмалку 300 од вкупно 536 ненапишани учебници.
http://vesti.alfa.mk/default.aspx?mId=36&eventId=38400
само за компарација со 2008
Средните училишта во текот на утрешниот ден ќе вршат уписи на кандидати за прием во новата учебна година во вториот уписен рок. По првиот уписен рок, во средните училишта останаа слободни 12.030 слободни места, од кои 7.579 за настава на македонски јазик, 4.029 за албански, 276 за турски наставен јазик, 68 за настава на српски јазик и 78 места за повторувачи.
Во Министерството за образование и наука велат дека од 27.200 ученици кои оваа година завршиле осмо одделение, во првиот уписен рок во средно се запишале 21.496 ученици, додека незапишани останале 5.704 ученици.
Од оваа учебна година почнува да се применува Законот за задолжително средно образование, кој предвидува казна од 1.000 евра за учениците што нема да се запишат во средно. (Ж.Х.З.)
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=41993BD49998B040A6B06DF2FDE8D528
Што се случува овој пат незапишани дупло од 5000 на 10 000
Да не споменувам сериозен пад на бројот на ученици од 27 на 25 илјади