Во средните училишта има уште 20 328 слободни места

Принцезичка

courage is contagious
Член од
12 декември 2008
Мислења
1.556
Поени од реакции
348
:eek:

Од 25 150 осмоодделенци, речиси 15 илјади се запишале во средно училиште во првото пријавување. Како што објави Алфа, уписот е завршен во 3 скопски гимназии – Корчагин, Никола Карев и Орце Николов. Ист е случајот и со училиштето Јане Сандански во Битола. И на годинешните уписи, според министерството за образование, покрај за гимназиите, имало голем интерес и за стручните средни училишта.

„Учениците и студентите кога се одлучуваат за која струка или за кој профил ќе се одлучуваат, треба да гледаат кои се тенденциите и можностите на пазарот на трудот. Треба да размислуваат за тоа какви ќе бидат нивните шанси во иднина за вработување“, рече меѓу другото министерот за образование и наука, Никола Тодоров.

За второто пријавување на 29-ти и 30-ти јуни има 20 328 слободни места. Од нив 5300 се во гимназиите, речиси 15 илјади во стручните, 176 во уметничките училишта и 47 слободни места во спортска гимназија. Родителите чии деца нема да се запишат ќе бидат парично казнети бидејќи средното образование е задолжително. Лани се запишале 98,5 проценти од полуматурантите. Министерот Тодоров се уште не знае дали од 1 септември ќе има учебници за сите средношколци. Иако нема заинтереснирани автори кои би ги напишале стручните учебници, тврди дека на стартот на учебната година ќе бидат испечатени најмалку 300 од вкупно 536 ненапишани учебници.


http://vesti.alfa.mk/default.aspx?mId=36&eventId=38400

само за компарација со 2008


Средните училишта во текот на утрешниот ден ќе вршат уписи на кандидати за прием во новата учебна година во вториот уписен рок. По првиот уписен рок, во средните училишта останаа слободни 12.030 слободни места, од кои 7.579 за настава на македонски јазик, 4.029 за албански, 276 за турски наставен јазик, 68 за настава на српски јазик и 78 места за повторувачи.

Во Министерството за образование и наука велат дека од 27.200 ученици кои оваа година завршиле осмо одделение, во првиот уписен рок во средно се запишале 21.496 ученици, додека незапишани останале 5.704 ученици.

Од оваа учебна година почнува да се применува Законот за задолжително средно образование, кој предвидува казна од 1.000 евра за учениците што нема да се запишат во средно. (Ж.Х.З.)


http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=41993BD49998B040A6B06DF2FDE8D528

Што се случува овој пат незапишани дупло од 5000 на 10 000

Да не споменувам сериозен пад на бројот на ученици од 27 на 25 илјади
 
S

smexy

Гостин
Ми се допаѓа.Умира доктрината на образовниот систем.Само штета што училиштето ќе го заменат со поголем ѓаол.
 

Довичински -

Довичински П.
Член од
26 ноември 2009
Мислења
1.205
Поени од реакции
674
Лани во кочани на медицина заради немање на доволен кадар примиа ученици со добар и многу добар успех.
 

Setsuko

Модератор
Член од
29 јануари 2006
Мислења
6.487
Поени од реакции
5.963
Ми се допаѓа.Умира доктрината на образовниот систем.Само штета што училиштето ќе го заменат со поголем ѓаол.
Не, туку умира наталитетот.
 
S

Sagan

Гостин
Секој треба да има трето дете.
Едно за мајката, едно за таткото и едно за... државата. :cautious:

Not.
 
Член од
13 април 2008
Мислења
7.589
Поени од реакции
6.943
Абе не знам и на овие од МОН шо им е. Средното обазование - ЗАДОЛЖИТЕЛНО !

Алооооо абре секој не е за средно, шо е ви е на вас !?!?
 
П

Пепси_

Гостин
Абе оти не донесат закон "Задолжително да се вработи секој завршен студент" да им еам тоа ретардираните се е задолжително оти сакат да постигнат некој си процент во нешто колку да бидат први и да ги фалат од ЕУ дека постигнале нешто.

А ова е сварно чудно братучед ми се запиша оваа година средно во гимназија и ми кажа дека имало многу празни места што тоа не било случај до сега јас мислам за гимназија.
 
T

Tetro

Гостин
„Учениците и студентите кога се одлучуваат за која струка или за кој профил ќе се одлучуваат, треба да гледаат кои се тенденциите и можностите на пазарот на трудот. Треба да размислуваат за тоа какви ќе бидат нивните шанси во иднина за вработување“, рече меѓу другото министерот за образование и наука, Никола Тодоров
Море, министре.
Седнете таму и разгледајте што се бара во државата, и не го прајте народот глуп на сила, оти само вие сте одговорни за ситуацијата, никој друг. Да разгледале можности народот, демек ние нафта пиеме.
Ако мене ме прашаш, одма би ги затворил сите факултети за учители, економија и право, а не да отворате нови во интерес на буџетот. Заврти се на другата страна и види колку невработени квалификувани кадри имаш позади тебе. <Ова со надеж дека некој твој советник ќе ме прочита и тука, па ќе ти шепне на увце>
Родителите чии деца нема да се запишат ќе бидат парично казнети бидејќи средното образование е задолжително.
А јас кој да тужам што пред некој ден добив одговор на апликација за работа во која пишуваше: "Вие сте премногу квалификуван за работното место за кое аплицирате."
Лани се запишале 98,5 проценти од полуматурантите.
Барем децата нема на улица да останат, тие четири години. (y)
Министерот Тодоров се уште не знае дали од 1 септември ќе има учебници за сите средношколци.
Трета година по ред (ако не и повеќе), проблемите се едни те исти. Срамота за образованието е да примораш некој да се запише на школо, а да не му овозможиш материјал за учење.
 
A

Auditore

Гостин
Мене па ми е топ без учебници, поопуштено учење и следење на настава без учебници немало и неќе да има, а и што е вистина не не ни тераат да учиме, Тодоров рулз!
 
Член од
13 август 2010
Мислења
236
Поени од реакции
5
Море, министре.
Седнете таму и разгледајте што се бара во државата, и не го прајте народот глуп на сила, оти само вие сте одговорни за ситуацијата, никој друг. Да разгледале можности народот, демек ние нафта пиеме.
Ако мене ме прашаш, одма би ги затворил сите факултети за учители, економија и право, а не да отворате нови во интерес на буџетот. Заврти се на другата страна и види колку невработени квалификувани кадри имаш позади тебе. <Ова со надеж дека некој твој советник ќе ме прочита и тука, па ќе ти шепне на увце>
Ма не е тоа решението, зошто баш тие факултети да ги затвараат, затоа што секој втор бил правник или економист? Според мене ако сам не си се снајдеш, дали со роднини или пријатели или пак сам, се друго ти е џабе. И се нервирам кога сите имаат такво мислење за општествените науки, кој што сака тоа нека си учи? Како демек тие што ке завршат некои од техничките факултети, одма ке се вработат. А што направија задолжително средно мислам дека не требаше, затоа што после 99% се запишуваат на факултет и квалитетот на предавањето е многу послаб.
 
Член од
20 април 2010
Мислења
718
Поени од реакции
527
Поучени од предходните генерации.....
Нема фејсбук на компјутерите , нема торенти....
 

Kajgana Shop

На врв Bottom