Во светот на бајките...

ada

Модератор! ок?
Член од
21 август 2006
Мислења
5.706
Поени од реакции
566
Додека одредени личности и структури ја претставуваат ЕУ како наш Месија, местото во кое тече мед и млеко, ангелите пеат, а европските ѕвездички се смеат и така натаму, очигледно е дека недостасува објективна анализа за тоа што реално може да очекуваме од таа меѓународна структура.

Единственото што ни се презентира е некој воопштен став дека таму ќе напредуваме. Како, конкретно, и кој временски период е потребен, пред да ги почувствуваме резултатите, останува неодговорено, а истовремено се анатемисува секој кој ќе пројави здрава скепса кон ЕУ, односно кон нејзината спасителска улога.
Веројатно ова се должи на фамозната максима на "една госпоѓа", која сметаше дека "Некои прашања не залсужуваат одговор".

Сепак, како што референдумското прашање заслужуваше одговор, и сега ги живееме последиците поради тоа што не го доби истиот, така и недореченостите во врска со унијата заслужуваат да му бидат одговорени на македонскиот народ.

Имено, и кога би станале членка на таа структура, Грција, од позиција на моќ (особено ако не стапи Лисабонскиот договор на сила), ќе може да опструира бројни одлуки и пакети кои би биле од корист за Македонија.

Понатаму, тука е моментот на економската криза, а и опоравувањето од истата кое ќе следи, и кое укажува на тоа дека земјите членки ќе бидат малку повеќе фокусирани кон себе и својата економија, и не баш дарежливи со помош за малите земји како нас.

Ко трето, ја имаме и ситуацијата со оправување од првичниот шок (кој обично трае неколку години) и кој подразбира консолидирање на европските стандради и нашиот низок стандард, а истото секогаш најмногу го чувствува обичниот граѓанин (како примери ги имаме Унгарија и Бугарија).


Има и други моменти кои подоцна ќе ги изнесам, но, воопштено, некако неодржана е тезата за магичното стапче на ЕУ кое ќе ги санира сите наши маки.

Се заборава дека ЕУ е конституириана на начин кој остава простор да има "по-еднаков меѓу еднаквите". Па, може да нагаѓаме кој во случајот меѓу нас и Грција би бил "по-еднаков".

И за крај, слични недоречености има и кога се говори за самиот прием во ЕУ.
Ни се презентира дека, откако ќе се смени името, повеќе не би имале никакви опструкции, дури ни од Грција.
А, што станува станува со поглавијата за правосудство, здраство итн.?
Секое од нив, поединечно, Грција може да го блокира, како што прави Словенија со Хрватска.
Тука е и фактот дека ЕУ не е расположена за нови членки наскоро, односно до 2016, освен кога станува збор за Хрватска и Исланд, евентуално.

Се на се, се продаваат сказни за инстант влез и инстант напредок.
Анализа и здрав сомнеж, никаде.

*гратис:
"Љубовната приказна" помеѓу ЕУ и Гренланд:
http://eu.nanoq.gl/Emner/EuGl/The Greenland Treaty.aspx
 

Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
ЕУ не е мед и млеко, а досега и можеше да биде наша крава молзница, но не успеавме поради немање желба, знаење и доволно мудрост и вештина.

Намне ни треба интервентен влез без евентуална (која нема да се случи никогаш) финансиска инекција од неколку десеттици милијарди евра. Ни требаат фондовите за да ги решиме проблемите со инфраструктурата, земјоделието, сточарството итн.
За да бидеме конкурентни на пазарот, а потоа, кој фалус ќе ни е освен за слободно учество на тој пазар.

ЕУ не е решение, а сега уште помалку. Лисабонскиот и да помине, а ќе помине на мускулите на старите членки, оние првите, тој нема да ни помогне.

ЕУ за нас е сега илузија, а полека и за самата себе.
 

Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.624
Поени од реакции
9.146
Сакаш да кажеш е*ење во здрав мозок цели 18 години :toe:
 

Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
Кој, јас?

Не верувам дека ни Ада тоа го вели, туку велиме дека ЕУ не е Дамблдор за да мафне со магичното стапче и при нашиот прием по целоноќното лавење ќе се разбудиме со по минимална 4000 евра плата, 3% невработеност, по еден мерцедес за секој член во семејство, туку дека при влезот ќе страдаме уште толку поради тоа што многу работопособни ќе се одлеат како сезнонски работници нкаде, ќе останат недоволно работоспособните и продукцијата ќе опадне драстично при доусогласување со регулативите.

Плус, дека Грција ќе може да не јебе како досега за се и како полноправна членка.
 

ada

Модератор! ок?
Член од
21 август 2006
Мислења
5.706
Поени од реакции
566
^ а good one :icon_lol:

Он:

Проблематизирињато и анализата на можностите за влез во ЕУ, како и придобивките од истиот, се неопходни, особено во даденава ситуација во Мк.

Имаме група луѓе (со сомнителни мотиви, но нејсе) која упорно притиска да се смени името, со цел да се влезе во ЕУ, која е единствениот спас.

Но, никако не се поставуваат очигледните прашања колку тој влез е можен во догледна иднина, и што реално носи.
Ниту па се доведува во прашање цената која треба да се плати.

А, пројавиш ли најмал сомнеж и поставиш ли прашање кое логично се наметнува самото, а се однесува на ЕУ, одма си Кастро, изолационист, фашист и све по список.

Јас пак пре би рекла дека оние кои не ги поставуваат прашањата и кои веруваат у сервираните розови ЕУ сценарија, се овци без трошка расудување.
 
Член од
24 јуни 2008
Мислења
1.705
Поени од реакции
75
Браво за темава Ада и размислувањата кои ги делиме. Нема да коментирам, бидејќи би ги изнел сите горенаведени факти кои си ги спомнала.
Одамна сакам на многу Македонци да им укажам на „придобивките“ од ЕУ и сега ми е драго што имам се повеќе истомисленици.
Не сакам да бидам предвидувач , а и не сум , ама мое лично мислење е дека ако ЕУ продолжи со политиката која досега ја водеше , а тоа е потчинување држави, поготово од источно-европскиот блок, а не рамноправност и партнерство, набргу ќе се распадне.
Би сакал да си ја развиеме државата самостално, со наша пот и да склучиме одделни партнерства со земји кои се расположени за тоа, членки или не на ЕУ, небитно, па соработката никој неможе да ни ја забрани.


Македонија на Македонците! :oeoeoe::oeoeoe::oeoeoe:
 

Amnaesiac

Paranoid Android
Член од
9 декември 2008
Мислења
1.818
Поени од реакции
43
За Хрватска не верувам дека наскоро ќе стане членка. Еве Холандија, Белгија, Велика Британија, Финска и Данска најверојатно ќе го блокираат почетокот на преговорите за поглавјето “Правосудство и основни права“.
Она што го викаа апсорпциски капацитет на унијата сега е намален, а башка во сегашнава ситуација нема ни интерес за проширување па тие од еу бараат само изговори.

Предноста за нашето членство е во пазарот што ќе ни се отвори. Е сега дали ние ќе успееме да ги пласираме нашите производи на тој пазар тоа е веќе наш проблем. Тие би дале можност, а понатаму зависи од нашиот квалитет. Исто како кога се запишуваш на факултет. Добиваш можност а дали ти ќе ја искористиш или ќе паѓаш на испити и ќе квадрираш зависи од тебе.

Друга позитивна работа е што ќе се отвори и пазарот на трудот, така да многу наши ќе можат да отидат да работат во еу. Ова ќе има многу позитивен ефект бидејќи ќе ги удри по нос нашите ситни капиталисти крвопијци кои крвта му ја испија на македонскиот работник т.е. оној од чиј труд плата земаат административците и се луксузираат работодавачите-вампири, па ќе мора и тие да почнат да го почитуваат својот народ, и нема да мислат дека работникот е чорапа која може да ја сменат кога ќе им текне.
 

Македонцки

мадрфакр
Член од
23 ноември 2007
Мислења
4.281
Поени од реакции
634
1.ЈАС АКО ЧЕКАВ ДА ВЛЕЗАМ ВО ЕУ ЗА ДА МИ БИДЕ ПОДОБРО...ке умрев чекајки

2.не чекајте..работете, сегде е тешко,сиромашни има и таму, а богати има и во руанда...


секоја планина со своја тежина
 

concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
..хе,хе..проблемот е само еден....ВИЗНИОТ РЕЖИМ , но исто како и другите ЕУ уцени се базира само на една нивна намера: БРИШЕЊЕ НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД од списокот на живите народи...
.....секоја активност е подредена на тоа...спакувана во обланада, ама тоа ед тоа...
.....на страна сите закерања..ПОСТОИ ЛИ ВАЛИДНО ЛОГИЧНО ОБЈАСНУВАЊЕ..ЗОШТО 2милиона народ се ДРЖИ ВО ГЕТО?????
за се друго дури на на врапците им е јасно.....дури и фактот дека нема волшебно стапче и дека само една работа РАСТЕ во туѓи раце и дека мораме САМИ ДА СИ ГО СРАБОТИМЕ ЛЕБОТ НАСУШЕН..:)
 

Amnaesiac

Paranoid Android
Член од
9 декември 2008
Мислења
1.818
Поени од реакции
43
Проблемот е во тоа што некои Брисел почнаа да го поистоветуваат со Ватикан, така да ЕУ станува догма и се создава една нова религија, да го парафразирам Маркс - опиум за сиромашниот народ.
А зинеш нешто против ЕУ, веднаш те прогласуваат за антихрист, пардон антиевропјанин, што за нововерците по тежина е ист грев.

Така да малце повеќе критичност и самокритичност (конструктивна мислам) не е на штета.

а за да живееш во бајки, доволно ти е малце вотка, за патриотски настроените жолта или бела, малце екстази за оние помодерните, за оние потрадиционалните и еколошки освестени или пољоделски ориентирани малце марихуана и да не ги редам, ги има еден куп супстанци, денес изборот е голем.
 
Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334
................а за да живееш во бајки, доволно ти е малце вотка, за патриотски настроените жолта или бела, малце екстази за оние помодерните, за оние потрадиционалните и еколошки освестени или пољоделски ориентирани малце марихуана и да не ги редам, ги има еден куп супстанци, денес изборот е голем.
И за живеење во бајки не мора да правиме трговски дефицит....
......купувајте македонско....имаме ни традиција на одгледување афион...додуше малкуцка запоставена....
 
Член од
20 јуни 2007
Мислења
809
Поени од реакции
18
Како беше она... волкот е дебел, околу вратот бидејќи сам си го брка пленот. Исто е и во целиот свет. Доколку сам не си ги средиш работите, никој нема да ти ги среди па незнам што да направиш.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom