Јас навистина уживам кога читам како наши луѓе се снашле во белиот свет. Браво за храброста и за трудот, не може секој да се одлучи (јас бев една од тие, за жал). Знам многу луѓе кои се заминати од МК, некои во своите 20-ти, некои дури во своите 40-ти и ниту еден од нив не се покајал што заминал. Всушност, знам еден кој бил во Австралија и се вратил после 2-3 месеци и само раскажува колку е лошо таму, секој муабет за странство му е „Не ми кажувај ти мене, сум бил јас, знам, врска немате колку е лошо таму, ама лажат од инат“

. А тој истиот ни англиски јазик знае, ни школо има и + работел на црно (нормално фабрика некоја или сл.) и нормално малку заработувал, а плус, нему животот му е исполнет ако може да заседне со чашка (или шише, небитно) и обично со ракијата, потпивнат, секогаш исто дели памет, како „Никаде нема живот како тука, кој сака нека збори“. А инаку, и тука работи како физикалец, ама нели... You know what I mean...
Значи, терајте и уживајте, ние во МК уште чекаме да ни се случи живот, додека вие во светот си живеете, и тоа е нашата тажна вистина.