L
.Lost Angel.
Гостин
Честа слика во автобусите е патници да внесуваат кокошки, куче, маче, па дури и големи плински боци и полни вреќи наменети за продажба на зелените пазари
Патниците сведочат дека иако поретко, но се случува граѓаните со себе да внесат предмети кои не одговараат да се транспортираат во градски превоз каде што има голем метеж.
- Имам видено да пренесуваат кучиња и мачиња во кутии во автобус, но се вчудовидев кога еден патник внесе огромна плинска боца, а тоа му го дозволи возачот. Можам само да претпоставам што би се случило ако оваа плинска боца која е како подвижна бомба не била добро затворена, затоа сметам дека треба да се внимава што може да внесуваме во автобус. Јас освен мала чанта ништо не носам друго со себе- вели скопјанката Марија Ивановска.
Возачите на автобусите велат дека понекогаш се случувало патниците да внесуваат домашни миленичиња на задните врати добро спакувани во кутии па да не можат да ги забележат. Секојдневна слика, пак, раскажуваат возачите е повозрасни госпоѓи да го окупираат автобусот со две-три огромни торби кои ги наполниле на зелените пазари или пак ги носат да продаваат таму.
- До '90-тите години доколку сакате да внесете плус багаж од личниот во автобус се наплаќало, сега не. Не можете да му кажете на патник со две големи торби да се врати, бидејќи може и ќотек да добиеме - вели Мичо Стојановски, претседател на синдикат во ЈСП.

Однесувањето на патниците во јавниот превоз е опфатен со Законот за прекршок на јавниот ред и мир, но во него само се посочува дека еден патник ќе биде казнет ако со своето однесување го нарушува мирот на јавно место, но не е наведено дали тоа го вклучува и внесувањето на животни и опасни предмети во автобусите. Раководството на ЈСП веќе размислува за воведување на правилник кој ќе ја регулира оваа сфера.
- Засега работиме без правилник, што значи дека нема ограничување што патниците би смееле да внесуваат во автобусите и се е оставено на возачите сами да проценат. Добро е да се има правилник и оваа опција ќе се разгледа - вели директорот на ЈСП, Мишо Николов
Во приватниот градски превоз ситуацијата е пак уште полоша. Патниците тврдат дека возачите на приватните автобуси им дозволуваат поголема слобода на патниците.
- Ако ЈСП нема правилник ние имаме уште помалку. Во принцип опасни материи не треба да бидат дозволени да се пренесуваат во автобус. Досега немало проблем со товарот што луѓето го носеле со себе тој да треба да биде и прегледуван и добро е што досега се нема случено нешто посериозно во автобусите - изјави Ленин Јовановски, директор на приватно претпријатие на превозници, "Слобода превозз.

Законот за прекршоците против јавниот ред и мир предвидува дека законот го прекршил секој граѓанин кој со своето однесување или постапка го нарушува мирот,
со карање, викање или непристојно и дрско однесување, ги малтретира другите
понижува и навредува граѓаните, на јавно место ја загрозува нивната безбедност. За недолично однесување на јавни места законот предвидува казна за лицето од 100 до 400 евра.
Кокошките им задаваат најголема главоболка на возачите
Возачите на автобусите раскажуваат дека освен што граѓаните во добро спакувани кутии во автобусите транспортирале домашни миленичиња кои ги внесувале на задните врати без да ги забележат, голем проблем им задавале граѓаните кои сакале во автобус да се возат со кокошки. Често се случува во приградските линии особено од селата од Скопска Црна Гора жителите да сакаат да внесат кокошки во автобус кои би ги носеле на продажба по пазарите, па возачите се принудени да се расправаат со нив. Таков случај неодамна имало и во 19-ка каде што жители на Шуто Оризари сакале да внесат кокошки, за да ги продаваат на Бит-пазар.