Те сонував, и убава беше. А јас глупав, како и секогаш. Имав после тебе други, ама не можам да те преболам. Сега кога те гледам покрај него, само се молам дека си среќна, иако знам дека не е тој за тебе.
Дури имаше шанса вчера да те видам, но си отидов веднаш кога слушнав дека ќе дојдеш. Тешко ми беше, со тебе го доживеав најубавиот период, но животот е таков, некогаш ќе не натера да донесеме одлуки за кои ќе се каеме.
Година дена скоро те немам видено, и сигурно да те видам, тешко дека ќе можам да те погледам во очи, затоа и избегав.Твојата прегратка и твоите солзи, никогаш нема да ги заборавам.
Те сакам