Сивиот ноември, ебани 5 години поминаа. Ова време, поднакиснати улици. Деца ебате, лименка пиво, зезање, очи кои некогаш сјаеја ко ѕвезди. Надеж и слични глупости на кои гледаш напред со некоја цел. Мислиш дека е за цел живот, мислиш дека не може да биде подобро, а уште не можеш да замислиш како би било ако сето тоа го нема. Бам, дел од секунда, времето запира. Крв, парчиња стакло и останати успорени снимки веќе некако како низ магла, бунило. Сите чувства обземаат во исти ебан момент да не знаеш што треба и зошто. Реакција на избезумена фаца ко: шо е ова, што сега или едвај се сеќавам што беше. Следна слика: ходници, бели мантили... И наредно, поминале неколку месеци, секое чувство избледело, се што било се исполнало со празнина. Ништо не допира. Таман да се вратиш меѓу „живите“, сметаш дека нешто вреди, повторно и повторно те убиваат, уништуваат. Сите емоции останаа таму некаде, разлеани по мокриот асфалт и никогаш не успеав да си ги соберам целосно. На крај, кога после толку време, знаеш дека некој вреди да му дадеш се, не можеш, сфаќаш дека одамна те „убиле“... А уствари веќе ништо не може да те убие.
Дождов е сјебана работа маме му ебам, не знам зошто толку го обожавам, ама сум сигурен во тоа зошто го мразам.