Во врска со љубовта: Сакам да ти кажам дека...

Член од
31 јули 2011
Мислења
936
Поени од реакции
741
Се си уба,фина,мила.Се бакнуваш страсно,чиниш усниве ми ѓи топиш,а и прегратките ти се јаки и топли,ко да сум во жежок оков....ама дај бре еднаш насмејми се,чисто да видам заби дали имаш,и напрај да не се чувствувам ко стенд ап комичар пред глувонема публика :)
 
S

StormRage

Гостин
Ех, сепак треба да напишам нешто, едвај.

Долго време те нема, или долго во бројки, пошо дефинитивно летна. Уште се сеќавам на тоа, кога идеше во саботите, ми правевте кафе со сестра ми па ме тегнеше за нога за да станам од спиење... кога локавме до сабајле заедно... и се, се што направивме. Имаше и после тебе, ама никоја не остана толку долго, можда и подобро, не сакам никој да заврши така. Иначе да, океј сум, бев и полошо, овдека е ладно, остани таму кај што си, ќе те најдам, некогаш, макар и кафе да пиеме, може ќе дојдам со друга... а можда и не...

I'm now a lone flame searching for a purpose
Setting fires everywhere I go, can't avoid the burns
(иако касно научив за чичко Eyedea, сигурно ќе ти се свиѓаше :) )

Сега те нема, поразлично е, веќе се навикнав без твоето присуство, знај, сепак си тука, секогаш си тука и секогаш се смееш...

А одамна си замина...
 
Член од
21 октомври 2013
Мислења
150
Поени од реакции
320
Не се откажуваш. Никогаш нема да се откажеш. Ми збоктиса. Ми прекурчи. Ми скисна. Во врелиот август беше семоќен и заборави на се што градев 20 месеци, а сега со првиот снег ти течат лиги, се појче си ме сакал од ден на ден..Добро бе оваа штакава знае дека ми пишуваш?

Море машко, стара сум за овие игри. Се сметаше дека и ти си, дека имаш барем малце зрелост во потезите шо ги повлекуваш. Се матира самиот, а некогаш мене ме учеше да играм шах. Си ја даде кралицата жртва, што правиш ти во животот освен шо се шлаеш до железана и назад? Знаеш кај тераш, цел имаш?

Во свет полн со лицемерие, ниски страсти и блуд, целата чистота и сјај во тебе ги гледав. Се бев сокрила во таа твоја огромна прегратка и бев горда на своите несовршености бидејки ти толку жестоко ги љубеше. Половите ги топеше љубејќи ме. Знам дека ме љубеше ама не знам зошто престана.. Во свет во кој е реткост да се сака и да се сложува на компромиси ти беше и алфа и омега и сета моја надеж од срањата. А потоа, дур трепнам дојде декември, сама сум со мобилниот телефон во рака и ги читам твоите небулози. Продолжи човеку напред, остај ме на раат еднаш засекогаш. Та самиот одбра шо е сега пиштење?

Трпеливоста е најмоќната човекова одлика. Преска ја заслушнав Хуремка како му чита словце на синот, дека избрзувањето не е секогаш правилно и дека ако човек не се научи да биде трпелив, ке страда од тоа сиот свој живот. Ја повраќам полека трпеливоста и на едното уше сум наглува за твоите зборови. Се надевам ке станам и на двете. Најкасно до пролет и моите гради ке цутат заедно со природата. Како што ти кажав еднаш, I was made to love, и колку и да се плашам од лугето знам дека ке излезам од лушпата брзо и пак ке сакам некој..билокој..Оти единствениот критериум кај мене беше и останува душата.

Трпение..со тек на време и од тревата настанува млеко.
 

Маца_мк

♫♥good girl gone bad♥♫
Член од
13 февруари 2007
Мислења
6.421
Поени од реакции
464
Твојот роденден помина..добро ќе беше да не се начукавме толку, мислам дека од апсолвентска екскурзија не сум се изгубила така во времето и просторот, го одбрав и јас денот:tapp: Ама убаво ми беше, иако имам гооолеми црни дупки во меморија, една од ретките работи на кои се сеќавам е дека иако и ти беше ќор пијан цело време трчкаше околу мене, ме придржуваше и ми помагаше, дури и игравме заедно (јеее, се сетив! :D :vozbud:).Најкриво ми беше што поклонот не ти стигна ама ете пошто Марфи е мој многу драг пријател стигна само еден ден после твојот роденден..ја и друг поклон имав смислено ама водката ми ги помеша брзините и плановите :pos: Ама деновиве ќе добиеш се како што треба, i hope so :pipi:
 
B

babsyy

Гостин
Уштееее малцеее мицииии :vozbud: колку се радувам, не знааеш !!!
Има да те гмечам од гушкање ! Ии да знаеш дека веќе не се двоиме, ахаам! :)
Има да бидам најдобрата девојка, хаха :)) ќе ти готвам, ќе ти пеам, ќе те разгалуваам и ќе си се будиме заедно сеекое сабајле!
Ветувам :pipi:
Тееее САКАМ најнајнајвише, ЗАСЕКОГАШ :love:

http://www.youtube.com/watch?v=m_bJQO1rUEM

loqka jemee :noze:
 
Член од
21 октомври 2013
Мислења
150
Поени од реакции
320
Ти го зачукав. У уста шо би рекол Кили. Ми олесна. Не ми е дечко ни мувач ни шлаач бе алоо, поминаа тие фрази и фази. Роднина и беше на другарками, its just a picture, ама добро послужи, Севето вика мене ти а тебе ја,нама свима то се деси,добродошао у клуб итако даље зуб за зуб. Кажи ама какво е? Кажи колку доле се осеќаш? Да живееш со некого, да умираш за некого, да му правиш кафе,ручек,да внимаваш на солта, да го переш и пеглаш и да го туркаш напред и да му го пружаш ултимативното задоволство шо никој го нема сетено и ОП!!! Одеднаш јас сум со друг..мисли си..ако..

Сакам да ти кажам дека ова беше единствениот начин да ме оставиш на мир. Демек си сакал да ме викнеш на концерт на Нокаут. Абе нокаут да попиеш од некого..

Шубаво вака растеретено си трчкам во животов. Абе ја будала сум била шо постојано ти пишував како се осеќам и колку недостигаш во посраниов живот. Он уште е посран ама знаеш која тежина човече од грб ми падна, камо да се сетев порано..

Следечи пут кога ке сакам да кажам нешто во врска со љубовта НАДАМ СЕ искрено, дека нема да биде поврзано со тебе.Во спротивно,ќе се помирам со тоа дека навистина ќе те љубам цел живот,како што чувствувам..
 
P

parvati

Гостин
Купија сам т'гу, наравно за југ : )
Нема боље од романтик динер у моју собу, па ракиичка салатичка, убију те едну партију биљард(на мобилан) некад ти попушту, мрсиш ми што ти попуштам,удара те една чашка док ја ги рокам неколко па тк да се пребацу на вино.
Вечер мама ке праи пастрмајлију,иде нели сс вино, знам.Леј днска па четфртак, опет ке глеамо Опуштено и ке чекамо да заврш за да се плеснемо : ) шалу се
Одвај чекам да ти ги виду нови црни жабице, од друи градови ни се смееф што ги викамо такој, они ги викаф подвезици, мноо ми лампионски збор, подвезици, пеер
Ке фршти еротика уз некој добар блуз...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom