Во врска со љубовта: Сакам да ти кажам дека...

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.322
Поени од реакции
7.781
Мрш пичка ти мајчина..........


АААААААААа без пцости и гадости...

--- надополнето: 17 октомври 2013 во 19:55 ---
Мрш пичка ти мајчина..........


АААААААААа без пцости и гадости...

 

~Bunny

Magic wand...
Член од
13 септември 2010
Мислења
902
Поени од реакции
1.266
Те знам премногу добро самиот кажа, а уште подобро се познавам себе си. Затоа што знам дека си тип кој ја носи својата гордост како неиспеглана кошуља но сепак одлично ти стои. Затоа што сме исти карактери, тешки карактери. Затоа што заради сопственото его ќе дозволиме да згасне страста. Затоа што подобро е вака... Искрено се надевам дека за некое време ќе ја отворам темава и ќе пишам дека сум среќна и заљубена;)
 
Член од
26 март 2011
Мислења
659
Поени од реакции
667
"Одиме до блискиот видиковец" - слушам како тивко ми шепотиш. "Важи".
Те гушкам додека го возиш моторорот а топлиот летен воздух ми ги полни градиве. Некоја неопислива возбуда чувствувам во него. Стигнуваме....
А таму....поглед од кој допира здивот. Слабите светла тивко треперат во далечината, а месечината истура сребро врз мирното море... Градот ми спие на дланка.
Се обидувам да го фатам погледот, но ниту еден апарат не е доволно добар за да го стори тоа.
Се вртам возбудена да ти кажам дека не сум била на поубаво место до сега...а ти, веќе на колена чекаш за да ми го поставиш најважното прашање во мојот живот.
Зар може човек да побара нешто повеќе отколку да го види љубениот на колена пред себе? Зар можам да бидам посреќна од сега? Не верувам.
Јас никогаш од животот не барав олку многу, а добив многу повеќе од тоа што некогаш побарав!
Ти благодарам што постоиш за да ме сакаш :*
 
Член од
15 јуни 2013
Мислења
129
Поени од реакции
295
...димот на уште една цигара помешана со алкохол ме гали по лицето во надежта да можам да те заборавам. околу мене само расфлени слики од времиња кога бевме среќни заедно. шо да направам да ги заборавам тие горчливи спомени? поминаа 4 години од нашта разделба у сешуте те гледам во моите соништа како сеуште да сме заедно... зашто продолжуваш да ме прогонуваш во сонот како да си ми некоја грижа на совеста? не знам... не знам ни дали некојпат успеав да те преболам.. колку ли само те сакав не си ни најмалку свесна.. доволно за да мислам оти ако некојпат моево срце биде трасплантирано на некоја трета особа, сигурен сум дека ке почне да те сака како шо јас те сакав. верувај, емоција од тој тип не може да биде заборавена никојпат. почнувам да имам халуцинации од времето кога бевме заедно среќни и кога си ветувавме еден на друг дека никогаш нема да се разделиме.. вракајки се назад во реалноста разбирам дека се тоа шо се случува(ло) нема никаква смисла.. сонце мое, се секаваш ли на тие моменти кога заедно го дочекувавме изгрејсонцето припиени еден до друг? се секаваш ли на отчукањето на нашите срца во моментите кога се љубевме по цела ноќ? ако некојпат прочиташ пишаното ке си помислеш дека сево ова е клише и ништо нема да ти значи ама само чашата што стои пред мене знае колку сум искрен во тоа шо пишувам. Те сакам Тања. Длабоко во себе сеуште те сакам и никојпат не престанав да те сакам... димот на уште многу цигари ке продолжи да ме гали а иронијата на сето тоа е шо никој и ништо нема да погали како тебе, како твојот допир.

а сега помешај го нашето „засекогаш„ со димот од последната цигара и последната капка алкохол во која се обудивам да пронајдам причина за нашата разделба и умри во мојата подсвест... умри 100 пати пред да те сретнам пак во некој сон како далечно сеќавање од некои добри времиња

 
Член од
22 јули 2010
Мислења
32.528
Поени од реакции
81.968
....сакам кога е комплицирано, сакам да се мачам за да те добијам, убаво ми е....безразлика дали на крај ќе бидеш моја или не :X3:
 
Л

Лигеја

Гостин
Седи!
И седнав на престолот,некој ми тупна олово во
дланките.
Се колнам беше како да седам со векови,
сама,доброволно и без никакви окови.
Стани!
Станав од него,болка ми ги олабави трепките,
сета пот остана во дланките,
замре и вистината со мојот здив
некој ми тупна оловен куршум во градиве.
Паднав и се смеев,Хамлет беше весел
а јас бушава и фотографирана во глупоста за навек.
Крварев...
Убаво си велам,каде се пијавиците кога храната
доброволно ќе им ја послужиш,
дури ни тие не се хранат од мртво месо.
Диво месо.
Таква сум кога не сум своја,кога не сум инспирирана,
кога не сум љубена како жена и кога не сум обичен превод
на ПМС во деколте и збирштина од скршени вазни.
Лежи!
И легнав во тебе...некој ми рече дека лажам како циган
за се што ми се случило и дека сум обична накурчена феминистка.
 

Беркут

Мрчатор
Член од
12 април 2010
Мислења
10.033
Поени од реакции
14.965
не терај ме да будам како некој друг...
Тогаш би било предоцна да бидам повторно јас...

Бонус

 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.909
Поени од реакции
41.872
Преубави 6 години. :love: Јас се сменив, а ти сеуште си иста како првиот ден.
Времето го поминувавме во клупа и заедно правевме ливчиња за препишување. Фала што ми ги пишуваше семинарските, додека јас како теле те гледав. :icon_lol:
Да ти е*** фацата и малото личи на тебе. <3

 

Kajgana Shop

На врв Bottom