Во врска со љубовта: Сакам да ти кажам дека...

T

TheThinker

Гостин
Време е за одлука. Pull the trigger. Рокот е до 6 септември. Знам дека ќе прочиташ ;)
 

Memento Mori

Yeah science, bitch!
Член од
24 август 2009
Мислења
1.132
Поени од реакции
1.562
Ништо бе љубави само да ти посветам пар стиха.

Нема вечерва и нема никогаш,
дроља еднаш стануваш и дроља си засекогаш!

До каде стигна сигурно и тебе уште не ти е јасно..ма курац не ти е јасно, стана она по шо плукаше еј!

Ти ме натера да бидам волку суров,
ти ме натера да не ме боли кур за љубов.

Мрш!
 

Sapphire

Persona non grata
Член од
30 јануари 2011
Мислења
935
Поени од реакции
1.559
Едно ќе се прашувам стално..
Дали барем за миг низ глава ти прелетуваат сите оние моменти поминати заедно?
Како ме запамти.. по што ќе се сеќаваш на мене.. ако воопшто се сеќаваш.. и што чувствуваше, дали воопшто грееше некои чувства и какви.
Тоа се тие нешта кои никогаш нема да ги октријам но за нив секогаш ќе се прашувам...
чисто да пронајдам барем малце утеха и да не се осеќам патетично за сево ова време што не можам да те извадам ни од глава ни од срце.
:(
 
Член од
24 февруари 2012
Мислења
1.012
Поени од реакции
2.154
Се започна случајно.Не се надевав дека ке те имам. Беше мојата скриена желба..И ете повторно во твоите прегратки...Повторно треперев,повторно љубев,повторно сонував.
Те сакам на начин како никој до сега...Ме сакаш безусловно,силно,диво.
Сонувам?Или ова е јаве...Го допирам врвот.
И знаеш...им благодарам на сите тие патници во мојот живот што ме повредија,да не беше тоа...дали воопшто ке беше во мојот живот?Дали настаните ке имаа друг тек?Дали?
И зошто се прашувам?Зошто не уживам?Зошто се мачам себеси со одговори кои нема да ги добијам наместо да ги искористам овие моменти?
Нека трае додека е пишано,нека трае додека треба...Сакам вечно...сакам засекогаш...сакам,навистина сакам...И подобро да замолчам...И да се впуштам што подлабоко во ова...
 
Член од
22 јули 2013
Мислења
32
Поени од реакции
101
Знаеш, проклетиве денови се плашам да си дојдам дома. Ме плаши тишинатата, ме плаши мирот.Се е толку тивко. Е тогаш почнува да ми работи мозокот, да ми текнува на се' и да пропаѓам. Јас само си се сакам себе си' назад, ништо повеќе и ништо помалку.
 

~Bunny

Magic wand...
Член од
13 септември 2010
Мислења
902
Поени од реакции
1.266
Од оние часови по глума на кој одев пред неколку години, совршено сум ја совладала техниката на глумење рамнодушност. А ме чини скапо ме чини глумата. И не си ти крив што сум емоционално з*****а извесен период. :нинџ:
 
Член од
26 март 2011
Мислења
659
Поени од реакции
667
Вчера и Денес со Тебе.
Вчера ми беше сѐ.
Вчера,
не се лутев што те чекам половина час за да те видам,
не ми беше срам да се појавам пред тебе во пижами, разбушавена и сонлива.
Не ми беше гајле ако добиев минус или не земев потпис од професорот.
Ќе ти дадев пола сендвич, иако бев мртва гладна,
ќе ти кренев телефон сред спиење, иако бев здробена од умор, само за да ти го чујам гласот.
Ќе се симнев пред зграда иако косата ми беше водена од туширање и немав шминка на лицето.
Вчера си и ги миевме забите со една четка,
а на излетот шаторот ни беше наша кралска одаја иако со пола тело бевме под ведро небо,

А, денес -
денес си случаен минувач,
денес чекаме зелено светло на пешачки премин, но не го правиме првиот чекор истовремено.
Вчера те бакнував сред улица, денес ти го гледам грбот.
Денес немаме ни “Здраво”, а Вчера ми беше сѐ...
 
Член од
21 март 2013
Мислења
379
Поени од реакции
1.080
Нема начин како да ти се оддолжам за целата сила и поддршка што ми ги даваш во моментов. Кога ми е најтешко. Кога сите рандом фаци со кои се дружам секојдневно ги нема никаде. Сите пријателки, роднини се ''презафатени'' Само ти си тука.
Моите проблеми ги правиш и твои.
Јас не можам да спијам - не спиеш ниту ти.
Јас не се смеам - не се смееш ни ти.
Јас пуштам солза - пушташ со мене и ти.
И моментот пред да се предадам и да отерам се` у пм...ме гушкаш силно и ме враќаш во живот.

Ти си љубов, ти си чудо бе човек...
 
Џ

ЏинЏер

Гостин
Што се замислуваш бе ти? Мислиш дека можеш туку-така после толку години да се вратиш во мојот живот и да очекуваш се да продолжи таму кај што застанало? Мислиш дека доволни се два-три слатки збора и твојата малечка пак ќе падне пред тебе? Епа жал ми е, јас веќе не сум малечка. А уште помалку твоја. Затоа кажи ми, како се осмелуваш да бараш од мене да оставам се што сум изградила последниве милион години додека ти беше некаде на друг крај на универзумот и да скокнам во твојата прегратка како цело време само тоа да сум го чекала? Со кое право бараш такво нешто? Со кое право? А?
Самиот рече, те знам повеќе од пола живот. Да, јас тебе те знам. Но ти мене веќе не. Јас пораснав малечок. Ти остана на истото место кај што беше тогаш. Веќе одамна не паѓам на финти како твоите. Провидни, излитени и сто пати видени фори. Но верувај, сепак научив нешто од тебе. Ако денес умеам да бидам сурова, безмилосна и ладна, ако умеам да газам преку чувства и да кршам срца, за сето тоа си заслужен ти. Сето тоа од тебе го научив.
Памтам, еднаш ти реков дека кругот се врти. Можеби не се ни сеќаваш на тоа. Но еве, кругот се сврте. Сега ти си тој што на колена ме моли за трошка љубов. Љубов која никогаш нема да ја добиеш. Долго време мечтаев за овој момент. Конечно го дочекав. Но, замисли, не ми донесе никаква сатисфакција. Едноставно, со текот на времето сум станала рамнодушна на тебе.
И еве, овде ќе дадам одговор на прашањето кое ми го постави: „Не, веќе одамна не чувствувам ништо за тебе“. А тоа нема да ти го кажам само затоа што сакам да те копка, да те измачува исто како што ти мене со години ме измачуваше.
Ти посакувам се најубаво. Ти посакувам да најдеш мир, љубов и среќа. Што подалеку од мене.
 
Член од
25 јануари 2011
Мислења
2.263
Поени од реакции
5.081
Се крепиме :X3: Мислам дека дома ќе го менуваме паркетот... се крена се запусти од лигавење... oh well.
 
S

StormRage

Гостин
Е не ти кажувам ништо веќе... кажав и премногу, па сега ќе си чувам за мене... in time, you will know... what you are missing :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom