Не ми се верува каква горчина остави во мене. Не можам да си поверувам. Јас сум насмеана девојка, најчесто ме опишуваат како позитивна, на моменти детинеста, се радува на се и сешто, на најмала ситница, се радува затоа што видела мало дете како се смее. Сега кога ќе видам мало дете како се смее, ми се насолзуваат очите, ми се плаче, затоа што сакам да сум јас тоа дете. Табула раса, без горки спомени... Секогаш сум инсистирала дека нема ништо поубаво од таа детска наивност, дури и јас ја поседувам во голема мера... Но, таа детска наивност скапо ме чинеше. Не ми се верува дека паднав на тие зборови, ми се повраќа кога ќе помислам дека сум ти дозволила да ме бакнеш. Нема да ти дозволам да ми ја убиеш вербата дека некаде таму, постои дечко кој вреди, кој ќе ме третира како заслужувам. Ни повеќе, ни помалце. Онолку колку што ќе му дадам емотивно, толку и тој на мене. Доста се трошев на испумпани балони, цинични егоисти, кои наводно од сите се претставени како “луѓе на место“, но такви се само за пред јавност, за да ги потапшаат по рамо, а во суштина само прават нив како им одговара на газот и откако ќе достигнат одредена цел, веќе не се замараат. Емотивни вампири. Премногу добро го знам тој вид. А ти беше врвот. Но, од претходните не ми се повраќа. Од претходните имам само по некоја солза и горчлив спомен. Од тебе ми се повраќа. Волк во јагнешка кожа. Убаво рекле, не им верувај на фините, тие најфино ќе те заебат. А ти, ти си педер. Не, не во смисол на хомосексуалец, туку си прав педер. Во душа. Тебе ти е убаво на душичката, којзнае колку си се смеел на моја сметка. Не ти мрда левата трепка од десното око. Затоа што си ѓубре. Нема да барам кармата да си го заврши своето, затоа што не вреди. Дупката и болката во дијафрагмата, нема ништо да ја пополни. Нема да велам, се се врти, се се враќа. Нема да те опцујам, иако заслужуваш. Не сум таква личност. Похрабра сум од тебе, иако сум слаба. Поголем човек сум од тебе. Ти си едно површно човече, во кое не знам како не го препознав цинизмот и желбата да се искористи. Само ќе ти кажам да ти служи на чест, се надевам никогаш нема да се почувствуваш како што се чувствував јас изминативе неколку месеци... Кога ќе помислам на тебе, само нервоза ме фаќа. Толку негативна енергија осеќам кога ќе ми текне на тебе...
Велат кога ќе се случи нешто, памети ги само убавите моменти. Некогаш не можеш тоа да го правиш, затоа што знаеш дека се било лицемерие и ништо не било искрено.
И не, јас нема да глумам дека се е ок. НЕ сум ок. Не сум добро. Но, ќе бидам. Затоа што јас имам чиста совест и крената глава. Затоа што сум искрена пред себе и искрена со моите чувства. Затоа што јас може не симнувам ѕвезди, не зборам многу директно за тоа како се осеќам, не паѓам во трансови и ретко имам изливи на емоции претворени во зборови пред луѓе што ми значат, ама покажувам. И кога ќе кажам нешто, тоа навистина нешто значи. А ти си само празна глава, со празно срце и празен поглед. Само празнина има во тебе.
Нека ти е на здравје... ме заеба. Бравос. Топ си чао. Многу си јак. Многу еј. Исто ко да си у тЛето одделение.
Ова е последниот пат што било како и на било каков начин те споменувам. Морав да ја истурам нервозата.
Можеби ќе звучи арогантно, не знам, не сакам да звучам така, но предобра сум за тебе. И не, не е до мене, до тебе е. Јас подобар од тебе можам да најдам во секое време, ама ти подобра од мене - не можеш.
Збогум, нечовеку. Порано, ако ништо друго те почитував како човек, сметав дека си фин и добар. Сега си само бледа сенка, ветар, дел од околината која само ја заобиколувам.
Јас сум преемотивна, а ти алчен и гад до срж...