Во врска со љубовта: Сакам да ти кажам дека...

Член од
31 август 2011
Мислења
24
Поени од реакции
10
Кога си мал сакаш со љубов да си играш со играчки.Кога ке помине извесен период се јавува првата симптија сакаш со љубов.Е веке кога ке помине сето детство ги мачи сите љубовта која е таа вистинска некој талкаат и никогаш незнаеш кога ке ја најдеш (можиби ке ја сретнеш а можеби и не ) поминува и тоа.Па после доајѓа време сакање на деца.И на крајот ако се дочекаат внуци.ЦЕЛ ЖИВОТ САКАШ ЉУБИШ НЕКОГО.( ЉУБОВТА Е ОНА ШТО НЕ ОДРЖУВА ВО ЖИВОТОТ )
 

Chanel

I feel like a tiny bird with a big song!
Член од
22 мај 2011
Мислења
478
Поени од реакции
307
I miss you. No, wait. I miss who I thought you were. You were always the same person but I never saw the true you until now. Love is blind? Yeah. It sure is.
 

PokerFace

I'll never be the same..
Член од
30 март 2009
Мислења
1.212
Поени од реакции
623
2 години мало мое! Со среќа нека ни се, никогаш да не престанат да ни се множат!
Попрекрасен дечко не можеше да ми подари животов. Пресреќна сум со тебе! Нашиве моменти за ништо на светот не би ги сменила! ТЕ САКАМ! Повеќе!! :ROFLMAO:

п.с: баш ми се свиѓа сонот на Жан! :rolleyes:
 
Член од
22 август 2011
Мислења
44
Поени од реакции
18
Реков дека те сакам... и никогаш не сум лажела за тоа. Те сакам. Те сакам зошто си секогаш тука за мене, зошто ме поддржуваш, ми помагаш. Те сакам... како другар, како брат.
Понекогаш можеш и да престанеш да бидеш толку проклето досаден човечееее!
Пак сме тука... пак ми се свртеа тие филмови во глава и не знам како да ти кажам.. без да те повредам.
И пак треба да бирам дали сакам да сум себична или дволична. Секако јас губам. Не се чести таквите како тебе, а јас не знам тоа да го ценам. Имаш се што една девојка би можела да посака, секоја освен јас веројатно. Се трудам да дознаам од каде овој револт, од каде овие мисли. Твоето лигаво романтично однесување ми дојде преку пичкава веќе, сфаќам дека сакаш да ми удоволиш и се ама биди еднаш МАЖ мајку му стара.
Или е тоа или јас не сум у ред. Не знам дали е грешно да сакам страст, воздишки секаде и секогаш, секс...многу секс.
Ама ајде бре веќе не знам што зборам. Ќе ти кажам утре, сега сум како потресена.
 

wild dolphin

Мал човек а голем ждерач
Член од
12 мај 2009
Мислења
1.702
Поени од реакции
229
во врска со љубовта сакам да ти кажам дека се помина и заврши, најискрено НЕ ТЕ САКАМ ПОВЕЌЕ! се заљубив во друг.:love: Овие зборови никогаш повеќе нема да ги повлечам, цртата е засекогаш повлечена и тоа многу одамна, само беше потребна нова љубов за да се запечати и избрише засекогаш.
 

TheGeneral

Арогантно копиле
Член од
17 јануари 2008
Мислења
1.212
Поени од реакции
583
... можда сега е времето и „шансата“ шо га сакаше она... можноста и просторо за да ми се докаже она самата... да направе нешто за мене... она сама да ја придобие мојта љубов... да не бидам само јас тај шо се труде да направе нешто... ако е имала некакви чувства спрема мене, ако и е било убаво со мене, ако стварно е сакала да изграде нешто добро, ако сака да биде среќна... можда сега е шансата да спасе се шо можеме да имаме заедно...
... и не се работе за таа модерна војна меѓу половите, не се работе за секс, за гордост... ни па за натпревар кој без кој може повеќе да издрже... се работе за живот, за тва шо можеме да направеме и колко може да издржеме... се работе за тва шо можеме ние поднесеме, заедно! се работе за љубов... се работе за наште слабости...

 
Член од
16 јуни 2011
Мислења
684
Поени од реакции
1.193
Без разлика на лошите работи кои ти се случиле во минатото, обиди се да живееш најдобро што можеш сега. :pipi:
 

moni <3 real

ти никад нема да влезеш.
Член од
27 јуни 2009
Мислења
1.466
Поени од реакции
667
... Среќна сум што те имам, што си покрај мене и во овие тешки моменти и за двајцата. Среќна сум што не се случи најлошото, а уште посреќна ќе бидам ако успееме за брзо време да заборавиме се и повторно да си биде како порано. Знам, ми кажа дека ти веќе ништо не чувствуваш, дека сакаш и јас што побрзо да заборавам се, но не можам, искрено тешко ми оди, ама ќе биде следниов период кога ќе бидам далеку од тука, од се, таман ќе можам да си го пуштам мозокот на пасење и да си ги средам мислите во главава, само да знаеш не се плаши од крајниот епилог кога ќе се вратам, знаеш кој е победникот, ТИ;) Многу ми е поубаво и се чувствувам мнооогу поубаво после убавиот говор од твоја страна и како тоа убаво ги објасни сите работи што се случуваат. Искрено никогаш не очекував нешто такво од тебе, морам да ти признаам дека ептен пријатно ме изненади:pipi: Ме изненадува, но и горда сум тоа што толку добро ме познаваш, точно знаеш што сакам, не сакам, мислам и чувствувам. Сакам да знаеш дека изминатиот период ми беше најубав, иако ме мачеа многу работи, сепак кога бев со тебе ми беше најубаво !! Фала ти за преубаво поминатиот одмор, фала ти што си таков ''ментален'' и што секогаш ме убиваш од смеење, што никогаш не штедиш зборови, што секогаш ме фалиш и даваш комплименти, што ме чуваш, па дури знаеш да кажеш дека ме имаш размазено:oops: но дека јас тоа го заслужувам:rolleyes: смешен си ми кога ќе кажеш дека сам не си се препознаваш и дека никогаш не си мислел дека некогаш ќе се однесуваш вака и ќе бидеш толку приврзан за некого. Фала ти што секогаш ме разбираш, фала што ме поддржуваш и што секогаш знаеш да ми кажеш каде грешам и кои може да се последиците од тоа. Си стојам на ставот дека си идеалниот дечко ! :) Знам дека си поставивме цел, која МОРА да ја исполниме, зошто знам дека тоа ни е желба и на двајцата. Исто знам дека знаеш, ама не се лути што некогаш собирам се во себе, што може не успевам да ги покажам чувствата како тебе во јавност, што би рекол ти :) ама сега од кога ги отворивме сите карти и ставивме се на маса, мислам дека ти е и на тебе многу појасно што и како е и знаеш дека ТЕ САКАМ НАЈМНОГУ !!! Заедно имаме пребродено мноооогу работи, а на крајот секогаш сме излегувале како победници, како награда сме добивале искуство плус, кое ќе ни помогне и ќе ни е двигател за понатака, па така се надевам и сега ќе биде исто. Ме радува тоа што ми кажа дека што и да се случи никогаш нема да ме оставиш сама, секогаш ќе бидеш со мене и на моја страна. Сакам да знаеш доволно ми е тоа што знам дека си со мене, за и мене да ми е многу подобро, едноставно добивам поголема храброст за да се соочам со работите такви какви што се во моментов. Сепак заврши се (фали уште еден мал дел, ќе го исполнам да знаеш) најдобро и да знаеш дека ќе ти докажам дека не треба да жалиш за тоа !! Се надевам дека извинувањето е примено, дека се е простено и дека со нови сили заедно ќе си продолжиме понатаму по нашиот пат и дека ќе си ја оствариме нашата цел. Сакам кога те гледам среќен и насмеан, а ако јас сум причината за тоа, како што викаш ти, знај дека и јас нема никогаш да те оставам, зошто ти ме правиш уште посреќна !!! Уште малку се ближат 2 годинки:love::love::love: се осеќам како зависна од тебе бре:oops::X3: Не знам како ќе го издржам следниов период без тебе, премногу ќе ми фалиш :( ама не се секирај, ќе се добањам и досунчам за тебе !!! :D:D:D
ТЕ САКАМ НАЈМНОГУ НА ЦЕЛ СВЕТ И ФАЛА ЗА СЕ !!! :love::love::love::love::love:
П.С. Хахахахаха ми текна на муабетот од вчера, т.е на џемперчето од Манго !! Голем ден е денес, некој и нови патичиња ќе има :P:love:
 
Џ

ЏинЏер

Гостин
Долги ми се минутите без тебе... долги, празни и здодевни... Секоја ноќ копнеам по топлината на твојата прегратка, по твоите слатки бакнежи, по жарта во твоето тело која ја распламтува страста меѓу нас одново и одново, создавајќи еден пламен кој не обзема целосно и прави да заборавиме на се околу нас. Нема време, нема простор. Само НИЕ. Твојот врел поглед на моето тело. Твојот здив на мојот врат. Твоите силни раце ме зграпчуваат како да е прв и последен пат. И по кој знае кој пат се губам. Целосно ти се препуштам. И одеднаш веќе не постоиме ТИ и ЈАС. Стануваме едно, се претопуваме еден во друг, знаејќи дека еден на друг сме си се‘. Те сакам ангелу-чувару мој. ги бројам секундите до нашата следна средба. :X3:
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.968
Поени од реакции
73.921
Кој можеше да предвиди дека ќе се случи вакво нешто...
Немам зборови кои ќе искажат колку бев потресен кога ми се отвори...
Нема да навлегувам понатаму во тоа, пошто можеби благодарение на кошаркариве сум во тотален транс па сум и доста попустлив...
Или можда ми е многу полсно после неверојатниот говор што го удрив:pos:
Ни самиот не сум бил свесен дека поседувам такви нараторски способности, а секогаш ми викаш дека немам прочитано ни две книги...:D Не е се до книгите, многу повеќе е до искуството:)
Секогаш треба да се вклучува мозокот. Си постапило многу незрело, и искрено премногу ме разочара, но тоа е што е...
Секој заслужува да добие можност за докажување и мислам дека тоа треба да го искористиш. Но не само на зборови, пошто видовме дека од ветувања фајде нема...
Делата го красат човекот... Добро е што не се случило она најлошото, пошто незнам дали ќе можев да преминам преку тоа...
Ме разочара тоа што секогаш се ставав и во функција како другар. Сум ти помогнал многу пати, се си можела да ми кажеш, без разлика колку ќе ме навреди...
Ме боли тоа што сум мислел дека во тој период се е совршена. Си била крај мене, истеравме и заеднички одмор, ова ТРЕБАШЕ (и беше до 01 септември) да биде наше лето, НО...
Секогаш во надеж за подобра иднина. Што ако раскиневме???
Ти кажав и со вагата:pos:
На една страна ги ставив сите убави работи кои сме ги помнинале во овие година и 10 месеци, на сдругата страна го ставив тоа што си ми го криела...
Неможе да се мери... Можеби се губи гордоста, али кој ја ебе, подобро да голтнеш една голема кнедла, отколку да бидеш несреќен предолго време. Моето срце ми припаѓа на тебе. Не било исто чувството ако се наоѓам во туѓи прегратки, пошто сакам да сум во твоите...
Не би било исто чуството ако се будам со друг глас крај мене, кога сакам да го слушам твојот. Па маме му ебам 20 години талкав низ разни врски, за да налетам на она што го барав, и туку така да го фрлам...
Не било фер тоа што си криела, али сепак ми кажа а можеше да преќутиш, па пола ти се простува:pos:
Уште сум позитивен. Знаеш дека ретко кога нема насмевка на моето лице. Ќе ја снема ако те нема тебе...
Мрзам што сум емотивен. Да беше друг немаше толку да филозофира и ќе го решеше тоа машки. Јебига таков сум, сите работи можам да ги решавам машки, ама кога се работи за губење на нешт о што ми е драго, тогаш се губам тотално.
Не ми се верува каков филозоф станувам во тие моменти:eek:
Но го правам тоа да ми е полесно. Кога ќе размнислам и не си направила ништо страшно. Во такво време живеееме, во допир сме со секакви ликови. Порано немало интернет, се знаело...
Тешко ти е, бараш помош од другарките, а не како денес од било кој сајбер лик...
Машките ја користат женската наивност...;)
И пораноп сум ти кажал, кога ќе се скараме немој да ќутиш. Зборувај, како што јас водам монолози:pos:, а не да го криеш во себе или па да избегнуваш...
Вистина е дека сње однесуваше детски...
И во години има некоја разлика, ама веќе треба да бидеш позрела на ова поле. Се надевам дека отсега ќе почнам врска со една позрела девојка. Девојка која нема да прави вакви грешки...
Од грешките се учи, треба да си среќна што го имаш оној кој ќе ти даде шанса да учиш од нив...
Цени го тоа <3
На крај краева се што правам е за наше сдобро, за доброто и на двајцата. Знам колку ме сакаш, знам дека ќе се гушиш во солзи ако не сум крај тебе, а верувај тоа не го сакам, пошто истото би го правел и јас...
Порано секогаш викаше, од вакви ситници ќе ми скурчи и ќе престанам да те сакам:D
Не биди будалче, знаеш дека не сум детиште јеботе...
Не сум напален пубертетлија, туку веќе човек со големи гледишта на ова поле ;)
Се што те мачи обрати се кај мене, виде и сама колку јан олеснив работата. И не заборавај ВИСТИНАТА Е ТАА КОЈА СЕКОГАШ ГИ РЕШАВА РАБОТИТЕ...
Видовме и порано дека со лажење ништо не се постигнува. Само се одложува работата, а се чува мачнината во себе...
Нема работа и болка која времето не ја лечи...
Што побрзо ја кажеш вистината, толку побрзо времето и вистинската љубов ќе си го направат своето.
Утре правиме 1 година и 10 месеци. Можеше за глупост да ги фрлиме во вода. Ако стварно го мислиш тоа што го кажуваш почни да правиш и по некое дело:D
Јас моето го направив, на ред е твоето...
И покрај се, имам многу убави идеи за нашата иднина. Ќе видиш се во свое време :D
Не сакам да те гледам несреќна. Се радувам на твојата насмевка, и чест ми е кога ја гледам на твоето лице, благодарение на мене:D
Може не сум манекен, ама многумина ми кажале дека нема дете со душа и срце ко моево :D
Среќна си што го имаш, искористи го тоа :D
Те сакам најмногу на цел свет !!!!:love:
 
Член од
31 август 2011
Мислења
24
Поени од реакции
10
Осаменоста не е во тоа што сме сами туку во тоа што не постои ништо по што копнееме...........
 

Kajgana Shop

На врв Bottom