И ветив на љубовта дека нема да разговарам со неа повеќе, но, заслужува да и го кажам барем ова:
Ги допирав моите емоции толку внимателно, што чувствував дека душата ми се претопува во сите негови малечки фрагменти на постоење.Секој миг е вечност кога ми ја бакнува раката која што одвај се спасува од кршење, само за да ја извадам од себеси желбата да му дадам дел од мене.Да го има, дури и ако не го посакува, да ја допре крвта со која што се родив и ќе умрам, да му ги донесам сите бои на светот во рака.
Незамисливо е.
Невозможно е да се опише секој грам свесност како се витка пред неговите очи кои што го формираат светот и му ја даваат онаа зелена нијанса на воздивнување.Причината на постоењето, воздухот кој што одвај го дишам.
Далеку е оазата љубов кога те нема и ниту една магија не може да биде доволно силна за да ме спречи да ти ја предадам онаа воодушевувачка болка и среќа што ја имам за тебе и со тебе.
Прости ми, што не сум најздравата личност на светот, прости ми што прекасно ти кажав, но, го врати во мене она што мислев дека е одамна мртво, заборавено и закопано за никаде, никогаш, никој нема да може да го пронајде, не да го откопа.
Патетично ќе звучи ако кажам дека и овој здив на пролонгиран живот е за тебе и твојата среќа?
Драматично ќе биде, ако ти кажам дека за тебе ќе се борам дури и со болеста која што ме убива секој ден?
Пресилно ли ќе биде да ти доловам дека плачам затоа што не можам да ти дадам се поради слабоста на телото кое што го имам?
Колку и да се потрошам љубов, колку и да сум веќе потрошена, ќе останат сите автентични мисли и бои, ќе остане се и се ќе биде за тебе и само за тебе, за никој друг, освен тебе.
Нема откажување.
Нема луди мисли и луцидно оставање на детерминизмот.
Те сакам повеќе од светот во кој што живеам и кој што го создавам.
Ја држам твојата рака љубов, секој ден кога ме боли повеќе отколку што можам да издржам.Ги допирам твоите усни дури и кога на моите има крв.
Те љубам!
Нема назад!
Have I said too much?
There's nothing more I can think of to say to you.
But all you have to do is look at me to know
That every word is true!