Тоа ти збори и Бастерд, супстандардноста е проблемот, била и тогаш, била и сега. И сега имаш телевизори што траат 15 години (имам Сони во село 2005 е купен, не е угаснат, ко нов е) ама уживај си дека нема да купам нов само затоа што овој уште работел.
Зависи за што зборите. Шпоретот освен овие тач рингли (кои лично не ги користам оти не ми се потребни) има иста функционалност, со разлика 1 вентилатор ставен во релната. Освен нофрост, се продаваат и обични фрижидери кои се користеа и во ексју-долен дел и горе комора со ладилник. Некому требаат и такви или...уште побитно, нема 24-5 илјади да плати за халф нофрост.
Понатаму машините за перење-исти им се функциите само што некои имаат бесполезно часовниче, а се жива пластика. Е сега, велат штедливи се на енергија, лош трик кој на сметка на количеството вода, штедат струја. А во суштина скоро секоја жена што сум ја слушал вели додавам вода, на суво не се пере. Тоа им е едина разлика. Бојлерите исто се апарати кои беа далеку поквалитетни. Имав Мулинекс миксер, траеше не знам, 15тина години. Сега земавме Филипс, на 3 вклучување замириса па зачуре па го менувавме во сервис па и другиот Филипс замириса...а кај миксерите нема нешто застареност во технологија. Врти и тој и тој.
Постојат мал милион уреди кои овие 40-50 години нема никаков напредок, а траат помалку од гаранцијата. Двапати вклучи го и пука. Од правосмукалки, фенови, тостери...а разликата во трајноста е огромна во корист на оние произведени во поранешниот систем (или увезени, без разлика). И не само трајноста туку и цената за поправка (ако воопшто овие новите може да се поправат) е голема разлика.
Поентата на овие муабети не е само сега слабиот квалитет во старт (во видеодата секој втор тв беше ЛГ и слични јаки марки, самошто извадени од продавница) или мерење на можностите туку колку биле квалитетни, колку траеле тогаш апаратите, колку сега. И колку тоа изискува од домашниот буџет на просечен македонски граѓанин во текот на 1 година.