Во времето на СФРЈ подобро се живееше... Мит или вистина?

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Квантните скокови на конзумеризмот не се после втора светска. После втора светска сегде во свет ги правеле производите како во Југославија. Да траат. Од 90ти натаму, со растот на интернетот и компјутерите, а особено после 2000ти, со влезот на ИоТ насекаде, производите немаат технолошки рок на траење поголем од 5 години. Кола да купиш, за 10 години од сега нема да ти се влага во нејзе кога ќе ја споредиш со новите.

И тоа не е минус на Југославија, само е различна дефиницијата. Ама самиот факт што постојат луѓе што се палат на телевизори што траат 30 години е доказ дека денес се живее субстандардно.
Сакав да кажам дека брзината на лансирање на иновациите била најубедлива во тој период, ова денес се само доградби, а консумеризмот каде каде е денес позначителен.
 
M

Macedon1um

Гостин
Стариве правосмукалки што брчеа како авиони 30 години без проблем работеа, овие новите 2 се расипуваат во 2 години и тоа не се купени од некој си чкљ брендови туку правиме муабет за самсунг. И ај ќе речеш се поправаат, ама деловите плус работна рака на мајсторот коштаат скоро како да купиш нова..

Да не зборувам за трактори, коли кои луѓето и сами ќе ги поправеа, а денеска со цела таа електроника многу покомплицирани се работите
 

Стев

Rockscourge Stevahn
Член од
19 декември 2019
Мислења
4.413
Поени од реакции
4.237
И тоа не е минус на Југославија, само е различна дефиницијата. Ама самиот факт што постојат луѓе што се палат на телевизори што траат 30 години е доказ дека денес се живее субстандардно во државата која е нејзин горд наследник. Само е малце иритантно што не знаат дека постои нешто поразлично од тоа
Да се фалиш со нов телевизор деновиве, е како да се фалиш голем патлак, а всушност си кастриран. Моментот кога го имаш земено телевизорот/компјутерот/колата, веќе ти е застарен/а. Нема врска животен стандард, те дупчат како шо дупчат американци со куќи од гипс картон... ти си роба, не ти мења дали си у јапонија или у зимбавбе.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.125
Поени од реакции
25.516
Да се фалиш со нов телевизор деновиве, е како да се фалиш голем патлак, а всушност си кастриран. Моментот кога го имаш земено телевизорот/компјутерот/колата, веќе ти е застарен/а. Нема врска животен стандард, те дупчат како шо дупчат американци со куќи од гипс картон...
Не е за фалење работата. Едноставно неопходност е. Дали ме дупчат или не, небитно. Немам амбиција да го оправам светот и да бидам дон Кихот. Битно е да можеш да си ги дозволиш во некој разумен временски период, што не е 30 години.
 

Стев

Rockscourge Stevahn
Член од
19 декември 2019
Мислења
4.413
Поени од реакции
4.237
Не е за фалење работата. Едноставно неопходност е. Дали ме дупчат или не, небитно. Немам амбиција да го оправам светот и да бидам дон Кихот. Битно е да можеш да си ги дозволиш во некој разумен временски период, што не е 30 години.
Aко не беше 30 години ќе беше 10. Ако не беше 10, ќе беше 5. Ако не беше 5 ќе беше 2. Сваќаш каде иде ова?
 
Член од
1 март 2010
Мислења
7.885
Поени од реакции
14.366
Да не зборувам за трактори, коли кои луѓето и сами ќе ги поправеа, а денеска со цела таа електроника многу покомплицирани се работите
Значи Југо кое можеш сам да си го поправиш е подобро од Тојота која треба мајстор да ти ја поправи?
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Значи Југо кое можеш сам да си го поправиш е подобро од Тојота која треба мајстор да ти ја поправи?
Во секој случај е подобро да имаш Југо кое ќе го гураш секоја зима отколку Тојота со клима. Треба на лето да се печеш како пиперка, се со цел попроста технологија за да можеш сам да ја поправиш колата. (y)

Абе не се заебавајте, кој има време и живци денес коли да поправа :tapp: место да седите со деца, пријатели, роднини, гледате во канал да висите.
 

Zaptija Stojkov

Комунист
Член од
23 февруари 2010
Мислења
3.126
Поени од реакции
2.764
Квантните скокови на конзумеризмот не се после втора светска. После втора светска сегде во свет ги правеле производите како во Југославија. Да траат.
Дали знаеш која е денешната цел на конзумеризмот?
Само престиж.
Комшијата твој купил половна кола од 1.000 евра, ти ќе земиш од 1.200 евра.
Комшијата твој зел мобилен од ВИП на претплата од 24 месеци од 10.000 денари, ти земаш од 12.000 денари..
Комшијата твој прави свадба со 350 души. И после неколку месеци ти правиш свадба со 400 души...
Комшијата фрлил 10 огномети, ти фрлаш 20...

Но после то не ти е битно за последиците што ќе останеш без динар, и што и да сакаш не ќе можеш да платиш едно 4 месеци кон ЕВН, 4 месеци кон Водовод, 4 месеци кон ЈП Комуналец...И ратите кредит кон банката, роднините, пријателите...
 

Стев

Rockscourge Stevahn
Член од
19 декември 2019
Мислења
4.413
Поени од реакции
4.237
Во секој случај е подобро да имаш Југо кое ќе го гураш секоја зима отколку Тојота со клима. Треба на лето да се печеш како пиперка, се со цел попроста технологија за да можеш сам да ја поправиш колата. (y)
Бесплатно билдање и сауна. А луѓе плаќаат тешки пари за такви срања.
Ама шега на страна, полесно е да буткаш југо него тојота џип на +30 или на -10...
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.125
Поени од реакции
25.516
Aко не беше 30 години ќе беше 10. Ако не беше 10, ќе беше 5. Ако не беше 5 ќе беше 2. Сваќаш каде иде ова?
Ако имаш мнозинство луѓе во САД, западна Европа, Австралија, Јапонија и остаток од прв свет што може да си дозволат на секои 3 дена да менуваат телевизор, тогаш тоа ќе стане стандард.

За да се намалува од 30 на 10, па на 5, па на 2 и така натака, треба или платите на купувачите да растат, или производствените цени да се намалуваат. Во секој случај, сеедно. Јас порадо би да можам да си дозволам 3 телевизори во 10 години, отколку 1 во 30 години. Едноставно, светската економија се движи натаму. Дека некогаш ќе рикне тоа, ќе рикне. Ама тоа што знаеме дека ќе рикне, не ни е од апсолутно никаква корист.
 

Zaptija Stojkov

Комунист
Член од
23 февруари 2010
Мислења
3.126
Поени од реакции
2.764
Во секој случај е подобро да имаш Југо кое ќе го гураш секоја зима отколку Тојота со клима. Треба на лето да се печеш како пиперка, се со цел попроста технологија за да можеш сам да ја поправиш колата. (y)

Абе не се заебавајте, кој има време и живци денес коли да поправа :tapp: место да седите со деца, пријатели, роднини, гледате во канал да висите.
Југото си беше добро за своето време како што денешнава било која Тојота исто така си е добра за своето време...

Што ќе бидат денешниве Тојоти во споредба со Тојотите произведени 2062 - 2069 година???
 

Стев

Rockscourge Stevahn
Член од
19 декември 2019
Мислења
4.413
Поени од реакции
4.237
Ако имаш мнозинство луѓе во САД, западна Европа, Австралија, Јапонија и остаток од прв свет што може да си дозволат на секои 3 дена да менуваат телевизор, тогаш тоа ќе стане стандард.

За да се намалува од 30 на 10, па на 5, па на 2 и така натака, треба или платите на купувачите да растат, или производствените цени да се намалуваат. Во секој случај, сеедно. Јас порадо би да можам да си дозволам 3 телевизори во 10 години, отколку 1 во 30 години. Едноставно, светската економија се движи натаму. Дека некогаш ќе рикне тоа, ќе рикне. Ама тоа што знаеме дека ќе рикне, не ни е од апсолутно никаква корист.
Куќата им је на кирија или под хипотека, дворот им го контролира општината, спремаат развод, итн итн...
Многу позивци гледаш, го игнорираш просекот. Глеј го ти просекот и минимумот прво. Можда имаат по 3 телевизори дневно, али можеби и не ги уживаат. Можда и немаат.
А тоа што ти и јас порадо би праиле не е битно. Ни е сме роба, стока, и крај. Исто и они. Врти сучи исто е. Вујко ми е на малта. Мислиш пари врнат? Не. Таму за цвекло, 30 по кило ќе те кошта 1000 денари. Секој си има мака. Единствената разлика кај нас е што сите неспособни ги земаат тендерите и бенефитите.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Југото си беше добро за своето време како што денешнава било која Тојота исто така си е добра за своето време...

Што ќе бидат денешниве Тојоти во споредба со Тојотите произведени 2062 - 2069 година???
Огромна нула, затоа и ќе си бидат заменети. :)
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.665
Поени од реакции
12.061
Тоа ти збори и Бастерд, супстандардноста е проблемот, била и тогаш, била и сега. И сега имаш телевизори што траат 15 години (имам Сони во село 2005 е купен, не е угаснат, ко нов е) ама уживај си дека нема да купам нов само затоа што овој уште работел.
Зависи за што зборите. Шпоретот освен овие тач рингли (кои лично не ги користам оти не ми се потребни) има иста функционалност, со разлика 1 вентилатор ставен во релната. Освен нофрост, се продаваат и обични фрижидери кои се користеа и во ексју-долен дел и горе комора со ладилник. Некому требаат и такви или...уште побитно, нема 24-5 илјади да плати за халф нофрост.
Понатаму машините за перење-исти им се функциите само што некои имаат бесполезно часовниче, а се жива пластика. Е сега, велат штедливи се на енергија, лош трик кој на сметка на количеството вода, штедат струја. А во суштина скоро секоја жена што сум ја слушал вели додавам вода, на суво не се пере. Тоа им е едина разлика. Бојлерите исто се апарати кои беа далеку поквалитетни. Имав Мулинекс миксер, траеше не знам, 15тина години. Сега земавме Филипс, на 3 вклучување замириса па зачуре па го менувавме во сервис па и другиот Филипс замириса...а кај миксерите нема нешто застареност во технологија. Врти и тој и тој.
Постојат мал милион уреди кои овие 40-50 години нема никаков напредок, а траат помалку од гаранцијата. Двапати вклучи го и пука. Од правосмукалки, фенови, тостери...а разликата во трајноста е огромна во корист на оние произведени во поранешниот систем (или увезени, без разлика). И не само трајноста туку и цената за поправка (ако воопшто овие новите може да се поправат) е голема разлика.
Поентата на овие муабети не е само сега слабиот квалитет во старт (во видеодата секој втор тв беше ЛГ и слични јаки марки, самошто извадени од продавница) или мерење на можностите туку колку биле квалитетни, колку траеле тогаш апаратите, колку сега. И колку тоа изискува од домашниот буџет на просечен македонски граѓанин во текот на 1 година.
 

Zaptija Stojkov

Комунист
Член од
23 февруари 2010
Мислења
3.126
Поени од реакции
2.764
Огромна нула, затоа и ќе си бидат заменети. :)
Ам сега ако гледаш така и Југото било многу добро во споредба со многу коли произведени во крајот на 40-тите и почетокот на 60-тите...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom