Ех, ДА!
Прашање за Југо-носталгичарите!
Се сеќавате на заробените девизи кога преку ноќ луѓето останаа без своите животни заштеди?
Ова е добриот живот? Или?
Не мора да одговорите на глас. Само емотивно може да учествувате.
Како епилог на тоа, истите тие заробени девизи луѓето го продаваа 2:1 или 3:1
Пошто од нешто мора да се живее.
Она, имаш пари на книшка ама не можеш да припариш до нив.
Прво, тоа југоносталгичар многу неадекватно звучи во ваква тема. Како се наречени оние кои сметаат поинаку? Како сега предавници и патриоти или антички и нормални македонци.
Второ, се сеќаваме, само се сеќаваме и дека 2011-2012 беа исплатени тие заштеди.
Но, се сеќаваме и на
Тат, Алфа-с, Лавци, Џамаданче,
Македонска Банка па и Фиком и Бачило и ред други кога луѓето останаа и без заштеди (или сеуште должат на Македонска Банка иако никој не ги известил) и без станови. И ден денес се манипулира со имотните и становите.
Да ја споменеме приватизацијата во која изгубија оние кои вложуваа во општествениот капитал? Или нема потреба. Ако почнеме со сите афери (тендерите башка) со кои граѓаните беа оштетени, некои си посегнаа и по свој живот, многумина починаа од последиците од овие афери и приватизации, остануваа без работа, на улица...ќе ни треба стотина страни. Од одличниот живот во оваа независна Македонија.
А дали некој се сеќава на детските безбрижни игри и дружењето и безусловната помош на соседите? Кога не се делевме по разни измислени основи? Тешко тоа.
Ако ве интересира само економијата, тоа е ограничување заради намерно насочување на одредени области од ликови кои сега прилично добро имаат измлатено пара од овој систем (и во другите ексју држави), не го отсликува целото живеење на граѓаните. Ама добро, ќе следат и такви податоци, ако веќе се катанчиме исклучиво за економијата