Во времето на СФРЈ подобро се живееше... Мит или вистина?

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.267
Значи сѐ што фали е, приватна иницијатива и чувството на сигурност и перспектива. :)
Немаш никаква заштита ни помош од државата
Текстилната индустрија, земјоделието сточарство... се уништени со увоз, на приватниците им се наметнати високи давачки, па сега македонија остана дури и без оние традиционални занаети кои можеа да служат во туристички цели, и вадат пари
Па сега од како останавме и без занаетчии и без специфичниот изглед на чаршиите - ај да ги сочуваме старите занаети
касно е
 
Член од
23 март 2015
Мислења
7.011
Поени од реакции
1.983
...такви мали фирми и занаетии, му даваа на буџетот солидна пара, си го плаќаа своето здравствено и пензиско и си вадеа плата...
Плаќале? Нели во СФРЈ тоа беше бесплатно?
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.267
Во Македонија речиси да немаше. Имаше берберници, фризерници, бурекџилници, автосервиси, земјоделци...
А нивните пари не чинат??
ти знаеш ли колку такви пензионери денес има во МК кои во СФРЈ беа механичари, молери зидари мајстори??
цели погони и фабрики.
Денес државата им наметна толку многу закони и давачки шо не им се исплаќа да работат или работаат на црно непријавени и без да плаќа данок.
Зато денес имаме 7 милијарди долари борч а во СФРЈ 600 милиони.
Зато денес имаме скоро 30% невработеност а во СФРЈ 17%
Зато денес просечна плата ни е 23.000 а во СФРЈ 37.000
Зато денес долгот ни е над 60% БДП а во СФРЈ беше 30%
 
Член од
23 март 2015
Мислења
7.011
Поени од реакции
1.983
..
Let 3 наброј ги фирмите кои биле во приватна сопственост,колку вработени и учество во извоз имале.
Да имале немаше на Ѓорѓи бакалницата, Европа, Алкалоид, Пивара итн да ги одземат и присвојат :P
Кајгана некого ќе научи ама младоста не ти ја враќа ;)
И Бафрава некогаш знае да изненади, не бил до толку... да не кажам што.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.223
Поени од реакции
78.796
Денес државата им наметна толку многу закони и давачки шо не им се исплаќа да работат или работаат на црно непријавени и без да плаќа данок.
Сите тие несразмерно големи и измислени давачки, издатоци, драконски казни, задолжителни услуги кои никој не ги бара, како и ред други мерки - исклучиво за лапање пари од народот, го уништија малиот приватен сектор во Македонија и се еден од најперфидните начини на кои оваа власт го цеди својот сопствен народ.
А и покрај сите тие грујови измислени лапања пари од обичниот човек, целосно несразмерни со просечните примања, и покрај сиот тој грабеж, институциите на системот не функционираат, а законите важат само за некои.[DOUBLEPOST=1469622232][/DOUBLEPOST]
И Бафрава некогаш знае да изненади, не бил до толку... да не кажам што.
Но затоа ти си целосно стабилен во своите небулози.
 
Член од
23 март 2015
Мислења
7.011
Поени од реакции
1.983
.. на приватниците им се наметнати високи давачки..
Знаеш ли поконкретно да изложиш? Мислам дека не е така, ама ако знаеш пиши. Во СФРЈ немаше приватници од сериозен ранг. Инаку, бербери, фризери, механичари... секогаш (па и денес) се „подобростоечки“ од лекари, инженери...
 
Член од
12 декември 2010
Мислења
4.346
Поени од реакции
3.754
Како држава сме сега задолжени околу 6 милијарди евра или плус минус 7 милијарди долари (а можи и појќе)
Од СФРЈ сме излегле со 600 милиони долари долг (50 милиони евра плус минус)
Во СФРЈ сме имале 15-17% невработеност
Сега имаме 27% (сомнителни) али ај
Во СФРЈ сме имале над 30.000 денешни денари просечна плата
Сега просекот е 23.000
Во СФРЈ сме имале лекарско на сите нивоа без пациент било шо да плати и сите лекови одеа на рецепта без да ги платиш
Во СФРЈ се даваше К15, 13 плата, редовни примања и плаќања на доприноси, сега тоа го нема или е реткост
Во СФРЈ работнички фамилии купувале станови граделе куќи купувале нови коли - денес на работничките фамилии извршители им пленат имоти
Во СФРЈ долгот ни беше 30% од БДП сега ни е над 60%
Во СФРЈ се отвараа погони и градеше инфраструктура сега се затвараат и руинираат


и велиш од жал за младоста ми е :D
:чда:
 
Член од
23 март 2015
Мислења
7.011
Поени од реакции
1.983
Но затоа ти си целосно стабилен во своите небулози.
Вакви паушални дрндања ништо не значат. Проблемот е што ти имаш политички инспириран мотив да тераш своја мисла, а јас се трудам да не осудувам без доказ. Едно е сомнеж, друго е осуда. Посочи ми некоја небулоза, па да видиме колку е небулозно. Да подискутираме. Без „пастири“ и слични квалификации како оружје.
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.267
Плаќале? Нели во СФРЈ тоа беше бесплатно?
види вака, во СФРЈ се плаќаше од секој вработен од платата -пензиско здравствено и уште некои фондови за кои ти појма немаш.
Исто како и денес шо од секој вработен (легален) од плата му се одвојува за здравствено за пензиско...
Значи имаме иста ситуација
е сега во системот на СФРЈ сите лекарски услуги и сите лекови не се наплаќаа плус како што се наплаќаат денес. Пример, денес иако имаш плата и плаќаш здравствено, најголем број на лекови во аптека ПЛУС ги плаќаш кога ги земаш. Во СФРЈ немаше такво нешто и витамин Ц и инекции и андол и антибиотик и лек за срце и лек за притисок - на рецепта земаш во аптека без динар да дадеш. Исто така и секој преглед и лабараторија и операција.
Една моја роднина имаше мака и посумњаа дека е лошото, мораше да направи крв некои снимки. Вработена е во државна фирма и редовно има плата али и покрај тоа и зедоа 2.400 денари за некакви маркери за крвта, плус 700 денари за уше некои прегледи.
Испадна дека не е лошото нешо друго но сепак требало да се оперира и тоа ќе ја кошта во државна болница сигурно околу 200 евра а на приватно и над 1000
Комшија мој има мака со очите и иако е пензионер има редовна пензија секој месец мора да зема по 3 некакви мали гелови за очи - 500 денари е едно, башка и други значи пензија земаш или плата и од таа пензија и плата плус мора да си плаќаш за здравството иако веќе фирмата или работодавецот уплатил за твое здравство
Во СФРЈ немаше никакви накнадни плаќања. Се ти беше обезбедено.
И школство сега ако сакаш да запишеш па и во државна квода - плаќаш 200-300 евра годината, во СФРЈ - не

И тоа замисли тогаш ои поголеми плати и мнооооогу погмал долг.од денес

Е тоа јас го виукам бесплатно здрвство а тебе некако ти смета и пречи....
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.223
Поени од реакции
78.796
Вакви паушални дрндања ништо не значат. Проблемот е што ти имаш политички инспириран мотив да тераш своја мисла, а јас се трудам да не осудувам без доказ. Едно е сомнеж, друго е осуда. Посочи ми некоја небулоза, па да видиме колку е небулозно. Да подискутираме. Без „пастири“ и слични квалификации како оружје.
Верувај, постојат луѓе на кои паушално да им дрндаш, е сосема доволен и валиден начин на комуникација. Тоа се луѓе за кои фактите, разумот, моралот и етиката, како и очигледните логични заклучоци се прдеж во ветер. Зошто би ги трошеле тие повисоки форми на комуникација со нив?
Паушални дрндања, непристојност, неетички однос...сето тоа е единствен морално и етички исправен модел на однесување со таквите. Да, овие кричери се парадокси на постоењето и повелкуваат други парадокси. Парадокси на однесувањето, на пример - неетичкиот однос кон нив, да биде етички исправен.
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.267
Под кирија. Но тоа пред 45 години, други кирии биле тогаш. Скромно.
хахахахаха
какви бе скромни кирии, имал чоеко можност да оди во друг град да работи таму со тие пари да плаќа кирија јадење пиење и дури и фамилија да оформи.
Тоа не се вика скромност тоа се вика стандард

Јас исто работев во Охрид од 88 до 93
Појдов под кирија тогаш охрид беше со доста високи кирии и тешко се наоѓаше пошто сите сакаа на лето на туристи да им издава соби па појќе бараа студенти за есен зима пролет па после туристи за лето, и во тој систем, плаќав кирија, јадење пиење, купив и мебели и апарати за домаќинство и најмалце 2 пати неделно со жената ручавме најчесто во рибниот, за викенди одев во Битола пошто имаше фри шоп блиску а во охрид немаше и купував житан цигари за мене, виски или бурбон.....
Од 91 кога се смени системот можеше уше некој месец да се поживее по старо, па почна се потешко и потешко, платите одеа надолу, нередовни, немаше лекови, немаше бензин, почнаа отпуштања... и на крај морав со загуба да се вратам во Битола.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom