Во времето на СФРЈ подобро се живееше... Мит или вистина?

Член од
11 мај 2010
Мислења
2.952
Поени од реакции
714

еве ви едно убаво објаснување од врвен експерт, зашто југославија СО СИЛА ЈА РАСПАДНАЛЕ... затоа што била многу моќна држава и по прашање финансии и по прашање на организација...

и воедно тоа ви е одговорот дали била финансиски јака или не тее држава... доста се ломоти више за тоа време дека било време на сиромаштија... луѓе тогаш куќи градеа и станови на кредит купуваа и до толку беше неосетно на платата што пак во летото се идело по 15 дена на одмор...

ете во видеото се спомиња и 1 месец платен одмор од фирмата (во тоа време оозе)... и говорникот се прашуав себеси дека не се сеќава кога последен пат имал 1 месец одмор воопшто, а не па палтен...

бидете стрпливи и потрошете 5 минути на видеово... ЗА НЕШТАТ ДА СТАНАТ ПОЈАСНИ...
 
Благоев

The Spartan General
Член од
8 јануари 2014
Мислења
1.357
Поени од реакции
2.087
Ова е дел од целиот говор на професорот. Употребено е во документарецот "The Weight of Chains", за кој вреди да се одвојат два часа. Ако не друго, барем ќе се потсети човек за некои работи, затоа што со денешниве секојдневни срања, се губи фокус за многу работи.

Сосема неврзано, некои бенефиции кои тогаш биле загарантирани, дури денес ги добиваат во Западна Европа.
 
Член од
23 март 2015
Мислења
7.011
Поени од реакции
1.983
Се е убаво тоа што се „ќари“ во СФРЈ, на штета на државата. Камо пак да може така. Ама и во Либија Гадафи им даваше страшни бенефиции на граѓаните... и „пак не им чинеше“.
А такви бенефиции како тогаш може да даде само држава, не и приватен сектор (или многу малку). Лесно е кога се дава туѓо. За своето не е баш така. Кој е тој што дава кредит, а да му се врати на пример 15% од вредноста? Така се правеа куќи и станови.
 
Член од
26 септември 2012
Мислења
8.035
Поени од реакции
6.633

ти знаеш како се правеа :icon_lol:
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.267

Вака најпросто ќе ти објаснам разлика на двата системи
Власта на почеток на година вели, “имаме милијарда евра останати од лани ,шупрајме со нив“
во тој систем ќе речеа, “ќе направиме станови за работници и ќе им ги дадеме по градежна цена на 20 години отплата, ќе отвориме школи градинки болници, електроцентрала, патишт канали за наводнување, социјално....
во овој систем ќе почнат да довикуваат “дај ми мене 20 милиони дај ми мене 60 милони, дај ми мене 100 милиони...!! и така ќе ги исподелат“
Токот на парите се измена, од како ќе се подмират сите давачки и трошоци, парите во СФРЈ се враќаа во општеството и за општеството. Ни еден политичар од бивша СФРЈ не заврши со компании, имоти , згради , плацеви, сметки во швајцарија...... кога сега би се собрале на куп сите државни пари кои завршиле по приватни сметки во последни 25 години од независноста, ќе си вратиме стандардот од порано.
 
ОК е тоа. Во главно е така. Јас велам дека подобро се живееше, но тоа не е реално. Не е одржливо. Впрочем, СФРЈ последните 10-на години немаше раст никаков.
 
Благоев

The Spartan General
Член од
8 јануари 2014
Мислења
1.357
Поени од реакции
2.087
ОК е тоа. Во главно е така. Јас велам дека подобро се живееше, но тоа не е реално. Не е одржливо. Впрочем, СФРЈ последните 10-на години немаше раст никаков.
А сега се живее полошо, ама барем е реално и одржливо. :icon_lol:
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.267
ОК е тоа. Во главно е така. Јас велам дека подобро се живееше, но тоа не е реално. Не е одржливо. Впрочем, СФРЈ последните 10-на години немаше раст никаков.
Имаше раст но намапел, Општествениот производ кој во 70-80 беше 5,6%, во 80-90 спадна на 0,7% но сепак имаше раст али НАМАЛЕН, зголемено беше извозот и намалување на надворешниот долг. Растот на вработеноста исто беше намален, значи не дека немаше никаков раст туку имаше но помал од предходниот период.
Речиси ни еден систем или земја не е имуна на кризи кои можат да бидат надворешни или внатрешни, па читаме за кризи и крах по берзи или економии или стопанства и во Америка и во Кина и во Јапонија, читаме и за масовни отпуштања, затварања на големи компании.... СФРЈ не беше посебна планета па да не важат и за неа меѓународни економски закони, но тоа што беше во основ вградено во тој систем за нас сега е недостижно. Ние сега му се дивиме на Канада или Норвешка или Шведска која сега планира да воведи бесплатно здравство за сите, а ние го имавме тоа, или бесплатно школство, или огромна грижа за работниците, да им се обезбедат станови, кредити за куќи, можност секоја година да летуваат и на море, редовни примања, платена храна, К-15, синдикални пакети од јадења и зимници....
То е сега бајка за нашиот работник
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.068
Поени од реакции
78.288
ГИ ПЛАЌАЛЕ ПОЛИТИЧАРИТЕ ДА ШИРАТ ОМРАЗА

Поранешен агент на ЦИА: Потрошивме милиони долари за да ја растуриме СФРЈ

Роберт Баер, поранешен агент на ЦИА, тврди дека милиони американски долари биле потрошени за да се разбие поранешна Југославија, пишува Новости.

Баер тврди дека тогаш тој и неговите колеги добиле милиони долари за да влијаат врз политичарите и да предизвикаат распад на Југославија.

„Подмитувавме партии и политичари, кои поттикнуваа омраза меѓу народите“, вели Баер.

Тој истакнува дека еден американски сенатор за време на војната во БиХ му кажал дека Сребреница ќе биде главната вест на насловните страници на светските медиуми.

„Дури ни кажа дека можеме да воспоставиме контакт со медиумите“, истакна Баер.

Овој поранешен агент на ЦИА бил уапсен неколку пати во изминатите години поради откривање државни тајни. Досега има објавено повеќе книги за американската разузнавачка агенција, за Бил Клинтон и Џорџ В. Буш.

„Во Сараево првпат стигнав на 12 јануари 1991 година. Дојдов со хеликоптер со уште тројца агенти. Задачата ни беше да внимаваме на српските терористи кои требаше да го нападнат градот. Имавме информации дека ќе се случат неколку терористички напади во градот поради намерата на БиХ да излезе од поранешна Југославија. Но тоа беше лага, нашите шефови нè излажаа. Нашата примарна задача беше да шириме паника меѓу политичарите дека ќе се случат напади“, изјави Баер.

Тој истакна дека задачата траела две недели, а потоа заминал за Словенија на нова мисија.

„Целата операција траеше еден месец и го носеше називот „Вистина““, вели Бауер.

Тој додава дека во Словенија, која била спремна за независност, неговиот тим добил повеќе милиони долари за да финансираат невладини организации, опозициски партии и политичари што ќе промовираат омраза.

„Целта на пропагандата беше да се растури Југославија“, вели Баер.

Тој истакнува дека оние што ја предизвикале војната сега се сопственици на компании кои ги користат природните и другите ресурси на земјите од поранешна СФРЈ.

„Едноставно од вас направија робови. Сега мора да увезувате многу нешта од други земји, а бидејќи немате пари, ќе мора да се задолжувате. Тоа е вистината на целата приказна околу Балканот“, истакнува Баер.

На крајот тој ги повика луѓето на Балканот да не се мразат и да го заборават минатото, кое било дел од една голема претстава
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.543
@Beric Dondarrion
Jaс не верувам во вакви приказни
Вистинснските агенти на ЦИА никогаш не би раскажувале вакви работи - тие се сериозни професионалци, ниту би правеле вакви работи
ЦИА не дејствува дирекно, туку преку соработници
Овакви задачи би можел да ги работи некаков соработник и тоа не директен на ЦИА туку на некоја организација која ЦИА ја ангажирала
А овој тип, сигурно не е ни тоа бидејќи од 1991 до денес помина 25 години. Ако некој навистина правел вакви работи 1991, тој сега би бил старец
Ова е некаков хохштаплер кој кој зне од какви причини раскажува вакви приказни
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom