Источна Германија беше земја на парадокси. На пример, буквално цел свет веќе деценија користеше телевизија и филмови во боја, а они тврдоглаво си тераа црно-бела техника. Али, у исто време беа меѓу водечките во роботика, како што споменав.
Но сигурно не може да се каже дека била индустриски неразвиена.
Македонците на дното според висината на платата од Екс-Ју државите
23. септември 2014 - 11:42
|
Текст:
Д.П. | Фото: Кајгана
Најголемата просечна плата на вработените во државите од поранешна Југославија има во Словенија која изнесува 1.002,75 евра, додека во Македонија е речиси три пати помала и изнесува 352,47 евра, пишува агенцијата Анадолија според извештаите од државните агенции за статистика.
Просечната плата на вработените во Словенија, во јули оваа година изнесуваше 1.002,75 евра, што е за 7,11 евра повеќе од еден месец претходно. Просечната плата во Словенија оваа година варира од 994,34 до 1.005,75 евра.
Просечната плата во Хрватска во јуни оваа година изнесуваше 728,92 евра. Заедно со Словенија ова се единствените две држави од овој регион кои имаат просечна плата поголема од 500 евра.
Црна Гора е најдобро рангирана од останатите држави, а просечната плата е 473 евра, додека во Босна и Херцеговина просечната плата 423,87 евра.
Во Србија просечната плата изнесува 381,26 и е пониска за околу 80 евра во однос на просечната потрошувачка.
Македонија е на дното според висината на платата во државите од поранешна Југославија и според податоците од Заводот за статистика, во јуни годинава изнесувала 352,47 евра.
Да, да 352,47 евра... Ни пензионерине (нека се живи и здрави) нема да поверуваат у ова.
Имам впечаток дека подобриот живот во СФРЈ, не се должи само на дилетантизмот на оваа држава, туку и на некои нус појави на процесот на глобализација, кој многу поголем замав зема, по падот на Ѕидот.