Во времето на СФРЈ подобро се живееше... Мит или вистина?

Член од
17 април 2012
Мислења
2.335
Поени од реакции
2.095
Тоа не е наследиле. Тоа е изградиле, направиле, издигнале. Да Југословенски пари биле искористени, ама со причина е тоа градено таму. Постоењето на конкурентна предност во одност на другите републики. Пред се know-how, know-why, локациона и бизнис поврзаност. И дај објасни ми како тоа само Македонија била дискриминирана во рамките на СФРЈ. Ама онака како на 2 годишно дете.
Иди види кој фабрики се изградени во Словенија кој во Македонија види која инфраструктура ја изгради Словенија која Македонија, колкава беше платата во Македонија а колку во Словенија, колку од фабриките од Словенија а колку од Македонија произведуваа производи со додадена вредност, и фактот дека од сите поранешни Југословенски републики Македонија дека била најсиромашна по скоро сите критериуми. Ако за тебе не е ова дискириминација тогаш јас и ти живееме на различни светови. Јас сум словенец ти македонец за 10 динари ти ја откупувам краставицата а ти ја продавам во тегла истата за 50 динари , и кој сега е дискриминиран ти што си црнчел за 10 динари или јас што само сум ја препакувал зошто сум имал машина и сум го извадил ќарот. За жал во скоро сите приказни Македонците беа како овој примерот со пиперката.
 
Член од
4 јули 2012
Мислења
87
Поени од реакции
69
Што е тоа исто што може да се тврди и за религијата?!?!
Која е таа моја логика според која СА била богата затоа што луѓето верувале во Алах?
Живо сум заинтересиран како доаѓаш до овие заклучоци.

Целта на моето пишување, инаку, е да одговорам на прашањето кое е поставено во насловот на темата. Тоа е целта на форумот, нели? Чудесно е како некои членови имаат проблем да разберат за што се дискутира. Може е школо, може е нешто друго во прашање... шо знам!?

Ајде уште еднаш: Овде (на темава) не се зборува за економски модели. Не се зборува за идеолошки матрици. Не збориме за тоа кому што украле партизаните или зошто некој бил на Голи Оток.

Муабетот на оваа тема се врти околу тоа дали истиов овој народ живее боље денес или живеел боље пред 30 години во СФРЈ.

Религии, идеологии, семејни фрустрации и малоумни закани се водат под оф-топичарење.

Разбираш?
Епа ти спомна и пак се повторуваш.
Разгледуваме системи без разлика на тоа што дошло до нивниот просперитет.
Разбрав дека тебе не ти е важно како е дојдено до некоја состојба, само реалната состојба.
Ти ја посочив СА како држава во која граѓаните убаво живеат.
Не е ли важно зошто така убаво живеат?
Не треба ли да се коментира и осуди диктаторството во СА, затоа што убаво им е на сите и не мора никој да работи и сите имаат?
Истиот принцип на анализа ли сакаш да го имаме кога се работи за Југославија? И немаш со тоа никаков проблем?
Добро. Еве.
Во Југославија многу подобро се живеело од сега, затоа што луѓето биле поеднакви, а според некого еднаквоста макар и во сиромаштијата е поважна од слободата и можностите за напредок.

Во Полска во времето на советите се живеело многу подобро од сега бидејќи луѓето биле поеднакви и се чувствувале посигурни, немало наркомани и педери.
Во Северна Кореја денес се живее многу подобро отколку во Јужна затоа што имаат голем татко кој ги сака и се грижи за сите и нема декаденција, пренајадени луѓе и самсунг с3.
 
Член од
21 март 2012
Мислења
3.277
Поени од реакции
3.055
штета никој не води евиденција колкумина се "удавиле" у кофа или се "самоубиле". Мешате периоди кога сме имале упади од чети, од башибозук, од странски агентури, кога на албанско јгуословенска граница за 10 години имало над 650 инциденти и убиства на граничари, кога е вршен притисок од СССР на границите на Варшавскиот пакт, истовремено негде со инциденти над Словенија (или хрватска) со прелети од Нато силите...прочитајте малку во какви услови опстојувала федерацијата.
Тогаш барем Македонија не ја воделе лица кои се бореле против уставниот поредок (т.н. учк) и граѓаните, тогаш иредентата лежеше затвор. Ниту граѓанинот не се плашел ради меѓунационални инциденти да го пушти своето дете на школо. Ниту да го отпишува од школо заради смена на името на школото...ама тогаш бевме држава
Какви упади на чети бе што е тоа поврзано со фактот дека .Дедо ми и неговиот брат спиеле година дена во затвор додека мајка им не го препишала целиот имот на комунистите ( дека татко им веќе умрел ).Едниот дури и ќе бил обесен за малце на плоштад само да ја натераат да потпише.Едниот брат за малце ќе завршел пред стрелачки вод дека се распрашувал што се случило со еврејот кој им го дале на партизаните да го скријат во планините одкога година и пол го криеле во куќа.

Од другата страна на фамилијата ( кои биле земјоделци ) се било украдено.Стока,хектари земја,главната куќа,воденица,коњи,злато,пари буквално се.Оставени биле само на една мала куќа која им служела како летна куќа за поблиску да се до нивните и стоката.Истата фамилија дала 5 рица мажи во партизаните од кои 4 рица умреле а на едниот не му се знае каде завршил.

Како не ја воделе криминалци Македонија кога истите што ја воделе во истото време ги убија Ченто и останатите кои го организираа ослободувањето на Македонија ? Извршија грабеж врз Македонците и они не биле криминалци.

.
 
DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Во Југославија многу подобро се живеело од сега, затоа што луѓето биле поеднакви, а според некого еднаквоста макар и во сиромаштијата е поважна од слободата и можностите за напредок.
Офморимајко! Да не се знаело да се даде прост одговор на просто прашање.

Ама ај, ОК: Гледам дека се сложуваш дека навистина се живеело подобро, како што и самиот пишуваш погоре. За тоа дали условот е затоа што биле поеднакви, е друго прашање, но е сосем ирелевантно тука поради тоа што на темава не се разглабаат причини за некоја состојба, туку едноставно се утврдува општо мнение меѓу членовите.

Тоа што ти надеваш дека со една симплификација (затоа што биле поеднакви) ќе можеш да дадеш дијагноза на цел еден општествено-политички систем е најверојатно последица од (1) недостаток на квалитетни информации или едноставно (2) неукост. Мене, лично, сатисфакција ми е што успеа да се издигнеш над своите вредности и самиот да дадеш јасен и недвосмислен одговор на прашањето кое се дискутира тука:

Во Југославија многу подобро се живеело од сега...
...за тоа што причините за подоброто живеење на народот во СФРЈ сеуште ти се нејасни, ич не се замарам... Еве, читај го Лет3 - он така добро реди...

...Она со Северна Кореа, па, колку е глупо, ама ај, ваљда е смисолот за хумор посриједи.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.874
Поени од реакции
12.405
Какви упади на чети бе што е тоа поврзано со фактот дека .Дедо ми и неговиот брат спиеле година дена во затвор додека мајка им не го препишала целиот имот на комунистите ( дека татко им веќе умрел ).Едниот дури и ќе бил обесен за малце на плоштад само да ја натераат да потпише.Едниот брат за малце ќе завршел пред стрелачки вод дека се распрашувал што се случило со еврејот кој им го дале на партизаните да го скријат во планините одкога година и пол го криеле во куќа.

Од другата страна на фамилијата ( кои биле земјоделци ) се било украдено.Стока,хектари земја,главната куќа,воденица,коњи,злато,пари буквално се.Оставени биле само на една мала куќа која им служела како летна куќа за поблиску да се до нивните и стоката.Истата фамилија дала 5 рица мажи во партизаните од кои 4 рица умреле а на едниот не му се знае каде завршил.

Како не ја воделе криминалци Македонија кога истите што ја воделе во истото време ги убија Ченто и останатите кои го организираа ослободувањето на Македонија ? Извршија грабеж врз Македонците и они не биле криминалци.

.
И како е ова поврзано со живеачката во Македонија? И на дедо ми му бил одземен имотот во колектив па дошол Скопје, изгради куќа, како поштар со 1 плата издржуваше 5 деца, на едниот и стан му купи...сето тоа со 1 плата, без дополнителни приходи (ако не се смета за голем приход плетките и гоблените од баба ми). Од скоро ништо доби куќа во центар и си ја отплати (на местото на сегашно Џамбо), бесплатно ги школуваше, ги лекуваше децата и ги стори со имот за нивните семејства. Ти го можеш сега тоа? Со поштарска плата и една бавча да заработиш за стан во Козле? А ако почнеме вака кој чиј дедо што бил...
А како стоиме на безбедносен план?

Значи според темава, наведи во која област во животот на еден просечен граѓанин му е подобро? Област која е од суштинско значење за неговиот живот, семејство и иднина, не за тачмобилен и слично. Тоа не е од суштинско значење.
 
Член од
21 март 2012
Мислења
3.277
Поени од реакции
3.055
И како е ова поврзано со живеачката во Македонија? И на дедо ми му бил одземен имотот во колектив па дошол Скопје, изгради куќа, како поштар со 1 плата издржуваше 5 деца, на едниот и стан му купи...сето тоа со 1 плата, без дополнителни приходи (ако не се смета за голем приход плетките и гоблените од баба ми). Од скоро ништо доби куќа во центар (на местото на сегашно Џамбо), безплатно ги пколуваше, ги лекуваше и ги стори со имот за нивните семејства. Ти го можеш сега тоа? Со поштарска плата и една бавча да заработиш за стан во Козле?

Ако почнеме вака кој чиј дедо што бил...
како што има ова везе.

Од средна висока класа биле симнати на долна сиромашна и тоа скоро да немало останато машко во цела фамилија после војната.

Мојата фамилија знаеш што доби ? АМА БАШ НИШТО ( уствари заборавив добија едно туце медали за сите загинати во војната ) ,И додека дедо ти од село дојде до куќа во центар на Скопје моите од куќа во центар биле префрлени во едно собен стан во периферија после тоа префрлени во дво собен.

Земјоделците добиле да не видат чевли што се до 10-12 години децата нивни.

Од 1990 наваму цела фамилија е повторно средна класа ( на почетокот беше тешко како и за сите ) и не само што има за свои станови туку има и за викендици да се градат и нема невработен член во цела фамилија и тоа сите во приватни бизниси а не државна администрација.( без еден украден денар ).

Никој не е претерано богат али може да се каже дека сите се средна класа.

.
 
Stefus Corp.

Рационална Коза
Член од
22 август 2012
Мислења
2.097
Поени од реакции
1.821
Какви упади на чети бе што е тоа поврзано со фактот дека .Дедо ми и неговиот брат спиеле година дена во затвор додека мајка им не го препишала целиот имот на комунистите ( дека татко им веќе умрел ).Едниот дури и ќе бил обесен за малце на плоштад само да ја натераат да потпише.Едниот брат за малце ќе завршел пред стрелачки вод дека се распрашувал што се случило со еврејот кој им го дале на партизаните да го скријат во планините одкога година и пол го криеле во куќа.

Од другата страна на фамилијата ( кои биле земјоделци ) се било украдено.Стока,хектари земја,главната куќа,воденица,коњи,злато,пари буквално се.Оставени биле само на една мала куќа која им служела како летна куќа за поблиску да се до нивните и стоката.Истата фамилија дала 5 рица мажи во партизаните од кои 4 рица умреле а на едниот не му се знае каде завршил.
Се „за добро на народот“...
--- надополнето: 3 септември 2012 во 15:52 ---
И како е ова поврзано со живеачката во Македонија? И на дедо ми му бил одземен имотот во колектив па дошол Скопје, изгради куќа, како поштар со 1 плата издржуваше 5 деца, на едниот и стан му купи...сето тоа со 1 плата, без дополнителни приходи (ако не се смета за голем приход плетките и гоблените од баба ми). Од скоро ништо доби куќа во центар и си ја отплати (на местото на сегашно Џамбо), бесплатно ги школуваше, ги лекуваше децата и ги стори со имот за нивните семејства. Ти го можеш сега тоа? Со поштарска плата и една бавча да заработиш за стан во Козле? А ако почнеме вака кој чиј дедо што бил...
А како стоиме на безбедносен план?

Значи според темава, наведи во која област во животот на еден просечен граѓанин му е подобро? Област која е од суштинско значење за неговиот живот, семејство и иднина, не за тачмобилен и слично. Тоа не е од суштинско значење.
Не се филмај неговиот труд не вредел толку туку му дале украден капитал на други луѓе.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.874
Поени од реакции
12.405
Се „за добро на народот“...
--- надополнето: 3 септември 2012 во 15:52 ---

Не се филмај неговиот труд не вредел толку туку му дале украден капитал на други луѓе.
а од кај го знаеш ова, ако имаш податоци да постираш, да видиме...
--- надополнето: 3 септември 2012 во 15:58 ---
како што има ова везе.

.
Тие станови ти што ги споменуваш... контрадикторен си. Ем ви земале ем пак сте стигнале до Центар и НЛ со викендици и станови.
Вака многу е конфузно она што го пишуваш. Од тема на тема, не можам да те следам.

Ти упорно не одговараш на едно прашање кое стално ти го поставувам. Мнозинството граѓани не се приватници и земаат обични плати. истите тие можеа да заработат во СФРЈ стан или куќа, дали ти го можеш тоа со просечна плата? И во која сфера било полошо (социјала, безбедност, здравство, плати, сигурност...)
 
THE_CHOSEN_ONE

1903-2012
Член од
13 август 2007
Мислења
3.724
Поени од реакции
1.333
Денеска луѓето во МКД живеат толку лошо толку очајно што ако би располагале со технологија од типот на временска машина без размислување 90% од населението би се вратило во Турско за Југославија да не правам муабет таа е спејсшатл за ова денес што го имаме.
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.279
Си го згрешил човекот.

Кај мене комунистите украдоа се.

Од тие малку те што ја преживеаа втората светска војна скоро сите имаат завршено во затворите по кале и по куманово со години.Секако се додека нивните мајки не продадат се на комунистите за ситни пари и не им ги дадат куќите на новите "владетели" .

И не ми кажувај многу од што треба да се плашам а што не."Најубав период за Македонија" :pos: да ако си паразитско гомно.
во секое општество ќе се најди по некој кој ќе одговара за гревовите кои ги направил
 
Член од
21 март 2012
Мислења
3.277
Поени од реакции
3.055
а од кај го знаеш ова, си живеел тогаш?
--- надополнето: 3 септември 2012 во 15:58 ---
збориме за лични примери, така? Да почнам да ти ги редам примерите 100 страни нема да стигнат.
Тие станови ти што ги споменуваш... самиот се ставаш во контрадикција, ама ај. Ем ви земале ем пак сте стигнале до Центар и НЛ со викендици и станови.
Стан денеска се "купува" на 3 начини - Или ќе си дел од оние кои се омастија од транзицијата, или од наследен продаден имот. Третиот начин е најредок - со своја пот да заработиш за стан. Има, но поретки се, не се мнозинството. А збориме за мнозинството, за себе или за дедовци и партизани. Вака многу е конфузно она што го пишуваш. Од тема на тема, не можам да те следам. Од пакистан и Кореја до партизаните и земјоделието.

Ти сепак упорно не одговараш на едно прашање кое стално ти го поставувам. Мнозинството граѓани не се приватници и земаат обични плати. истите тие можеа да заработат во СФРЈ стан или куќа, дали ти го можеш тоа со просечна плата?
Не ми е гајле нека прават што сакаат. На истите да не им беше гајле кога на мојата фамилија им беше зимано се.Колку ќе си заработат толку ќе си купат.

Плус не разбирам како стигаш до НЛ и Центар. Двособниот стан ( кој патем го исплаќале месечно ) им бил даден во почетокот на Карош ( тоа биле се ниви ).

На истото се останало се до 1995 може да се каже.

Се што е направено и заработено денес е после тој период,

Гајле ми е каде ќе се вработат,на што ќе си ги трошат парите и што ќе купат со нив.Нека не се плеткаат и да ги бараат туѓите.
 
Член од
8 август 2008
Мислења
1.309
Поени од реакции
151
навремето чекав во ред пред самопослугата да донесат леб и млеко.......ако не дојдеш сабајле во 10 нема да земиш млеко.......во продавницата имаше само основни намирници.......ама сето беше од домашно производство.......малку кубански ама........може и подобро било.....скоро сите беа на работа....од пред мојата кука тргнувааа околу 25 автобуси по фабриките во кавадарци....сеа не работат истите.......

лично сеа подобро живеам и јас и моите.......трудот на татко ми конечно се евалуира......мојот истоттака..........така да..........каде каде е подобро.......дома иам се.......иако не се сметам за ни малку богат......средно се живее.....со чат пат луксузирање......:confused:
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.874
Поени од реакции
12.405
Плус не разбирам како стигаш до НЛ и Центар. Двособниот стан ( кој патем го исплаќале месечно ) им бил даден во почетокот на Карош ( тоа биле се ниви ).

На истото се останало се до 1995 може да се каже.

Се што е направено и заработено денес е после тој период,

Гајле ми е каде ќе се вработат,на што ќе си ги трошат парите и што ќе купат со нив.Нека не се плеткаат и да ги бараат туѓите.
Тогаш си еден од ретките што им е подобро, еден од 13% на кои им е убаво и еден од поретките во државава кои имаат наследство стан, викендица и приватен бизнис. Многумина ја немаат таа среќа. Но многумина обични работници и службеници без сопствен бизнис и наследство од родител се стекнаа со куќи и станови и имаа право на бесплатно здравство и образование во државата Југославија. Претпоставувам и твоите блиски роднини и родители школото го завршиле бесплатно во истиот систем.
Добро, ако ваков систем ви чини
http://forum.kajgana.com/threads/Казни-и-пријави-доколку-не-се-вратат-старите-имиња-на-училиштата-во-Чаир.63332/
http://forum.kajgana.com/threads/ДУИ-бара-во-законот-за-бранители-да-влезе-и-ОНА.63046/
 
Член од
21 ноември 2011
Мислења
884
Поени од реакции
410
Ова е дефинитивно чист доказ за комплетната неписменост на Македонскиот народ.Друже најжалното не е ај да кажеш да беше само ти туку најголем дел од народот го има истото мислење.

Како можете да кажете дека си живеело подобро кога системот заврши со крвава војна која ние ја избегнавме за влакно.Цел систем базиран на кула од лаги,финансиски малверзации и продавање ветер и магла.

Тоа е како да имаш компанија каде секој работник зима по 1000 евра месечна плата едно 4 години потоа фабриката иде во комплетен стечај зошто не била профитабилна 4 години и да се рече еј многу успешна фабрика беше тоа ептен добро се заработуваше во нејзе.А па директорот вистински водач ,камо ли да се вратат тие времиња.Е тоа е вашиот муабет.Да не беше за плачење ќе се смеев.

Ако беше толку добро немало кога се отвориле границите на Југославија да побегне повеќе од 1 МИЛИОН НАРОД од чии девизи што ги праќале на своите што останале долго се одржавал истиот трул систем.
za kakvi 100 evra zvoruvas , togas najniskata zagarantirana plata bese 400 marki sega ekvivalent se 400 evra , doduse tolku i i bese platata na majka mi , a majka mi bese cistacka, znaci najnizok mozna plata , ama sepak bea 400 evra
--- надополнето: 3 септември 2012 во 21:31 ---

ama zaedno so platata na tatko mi , koja iznesuvase 700 marki , t.e. segasni 700 evra , vo kukata ni doagaa 1.100 evra mesecno , sega ti davaj predavanja od ekonomijata kolku sakas , ama jas vo casrija izleguvav 2 pati dnevno i mozev od geparlakot sto mi go davaa da platam , 4 piva i porsija pomfrit , aj sega neka se pofali nekoj na forumot deka gi ima tie moznosti
--- надополнето: 3 септември 2012 во 21:38 ---

ne znam dali si ziveel vo toj sistem i toa vreme, ako ne si zivee , vo red e , si stvoril mislenje spored nekoi statistiki i slicno , no ako si ziveel vo toa vreme , sramota e i greota kolku moze da napadgas i kritikuvaas nesto a znaes deka LAZES
 
Член од
3 септември 2012
Мислења
127
Поени од реакции
117

Не треба да си живеел во тој систем за да знаеш дека однапред бил осуден на пропаст. Секому му е јасно дека платите биле многу повисоки и се живеело поубаво. За жал на тие што одживеле на грбот на денешниве генерации и денес не им е јасно зошто во Македонија се живее лошо.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom