Во времето на СФРЈ подобро се живееше... Мит или вистина?

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.228
Поени од реакции
78.824
Стави слики од местата каде оделе пред појавата на Виз Ер во Македонија :icon_mrgr:
Пред ВизЕр, најголемо достигнуче кај повеќето, е три дена тандркање у скапан аутобус од факултет, како задњи чергари, низ Италија и јужна Франција и раскажување за цел живот.
Јас одбив таа авантура да ја праам. Такво малтретирање би прифатил само ако е у прашање квест за уништување на прстенот на Саурон.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.146
Поени од реакции
25.577
Јас одбив таа авантура да ја праам.
:(

Замисли колку би ти било убаво во Рим, после четири дена преспани во автобус. Плус денес си во Виена, утре во Минхен, задутре во Париз и се си видел од градовите. Зошто тоа се Визбегово и Џепчиште, па неколку саати ти требаат за да покриеш се.
 

Zaptija Stojkov

Комунист
Член од
23 февруари 2010
Мислења
3.127
Поени од реакции
2.765
Ама овој заптијава е толку талентиран, што Сталин да земе да го чита ќе почне да се крсти со две раце.
Па талентиран сум за една работа... Знам дека барем мене не можеш да ме дупиш во здрав мозок. Можеш да го дупиш в мозок некој што е роден во периодот од 2006 - 2014 година...
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.146
Поени од реакции
25.577
мене не можеш да ме дупиш во здрав мозок
Ова е точно. Сега, си има тука причина зошто не можам, ама небитно. Кога ќе го изолираш вака, тотално е прецизно.
 
Член од
13 јуни 2009
Мислења
1.274
Поени од реакции
781
Шо стори успешни вие цела европа ја свртивте,ние до Прилеп неаме одено
 

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.633
Поени од реакции
34.891
И ова ти е надвор од темата.
Кој ги запустил селата нема врска со тоа дали подобро се живеело. Но сепак да ти одговорам и на тоа прашање. Ако некој во тоа време чуваше две крави имаше каде да ги продаде телињата и млекото по колку-толку солидна цена. Сега поради увозот на скапано месо од Аргентина и Бразил и млеко во прав (кое не ни 10% млеко) на село не се исплати да се чува добиток. Едноставно ти види кој повеќе ги запусти селата. Некогаш луѓето мигрираа во град повлечени од индустријализацијата, сега се присилени да ги напуштаат селата и да чекаат социјална помош. Пред 100 години никаде немало асфалтни патишта, па луѓето живееле некако. Немој постојано да го повлекуваш тој факт како негативен пример. Такво било времето.
Колку клиники изгради Македонија, колку училишта и факултети? Постојано тврдиш дека сè е заради претходниот систем, а го прескокнуваш фактот дека по осамостојувањето безмалку ништо не е изградено. Само ги затворија и приватизираа (украдоа) фабриките. Сè безмалку е од СФРЈ.
Можеш колку сакаш да пишуваш (дури и да го пцуеш) против премиерот, но дали тоа ти го подобрува животот? Само си ги лечиш фрустрациите како и овде на форумов.
Уште еднаш ќе те замолам да не излегуваш надвор од темата со коментарите. Најди си тема за тоа кој ја распаднал Југославија, кој го убил Ченто, кој ги запустил селата, па пишувај колку сакаш. Можеби ќе се приклучам, можеби не. Овде пишувај за тоа дали се живееше подобро во СФРЈ или сега. Ако имаш што да пишуваш, бидејќи во оваа тема ти немаш што да кажеш. До кога ќе ги убедуваш оние што живееле во СФРЈ дека сега им е подобро? Како можеш да си дозволиш да правиш будали од нив? Тие не знаат како живееле, ти знаеш!

Србите велат: Вук длаку мења, ќуд никада.
Ти ник менуваш, карактер никогаш!
Нема врска ова со Македонија, во поголем дел од светот нема простор повеќе за ситни фармери и земјоделци со неколку декари земја.
Во време на Југославија имало задруги, а сега се приватни компании кои произведуваат поголем дел од производите со автоматизиарана работа и скоро за се имаат механизација, па со иста мака колку тој селанецот што ќе одгледа 2 крави, овие гледаат цела фарма од 100 крави. (ленти за храната, ленти за гомната, машинско молзење, машинско балирање, машинско производство на силажа од пченката, со багерска корпа закачена на тракторот товара храна за стоката во приколките, со корпа ги товара лепешките.
Исто и кај земјоделието, некој со 300м2 компири ќе се ашка пола лето де наводнување, де рачно копање, садење, прскање и тн, некој ќе насади 30 хектари и ќе види помалку мака ако работи се со механизација.
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.804
Поени од реакции
15.724
Пред ВизЕр, најголемо достигнуче кај повеќето, е три дена тандркање у скапан аутобус од факултет, како задњи чергари, низ Италија и јужна Франција и раскажување за цел живот.
Јас одбив таа авантура да ја праам. Такво малтретирање би прифатил само ако е у прашање квест за уништување на прстенот на Саурон.
зависи како кој...како 16г, 1966 бев со таткоми и помал брат од Пула во Трст, ама спиевме 3 вечери и шопингувавме. Ем фармерки, ем маска за нуркање, па златни прстени дури и плочка од 24к злато за заби од 15 грама ( ама тогаш неше џабалук златото, 600 лири грам, а фиќо беше 600.000 лири, кило злато).. па и понатака одевме, знам како бруцош кога купив чипкастаа кошула од 5000 лири, јакна лакирана, во Скопје поим немаа што е тоа и тн.....
Ама и од Скопје се патуваше, , јас 1979 бев во Лондон со авионска тура, други одеа во Тунис... 1982 бевме со вереницата на дочек на Нова година во Атина, а фебруари 1983 бевме авионски 7 дена во Дубровник на мимози во хотел со базен и шетавме до бабин Кук, таму се коцкавме на автомати :cool: .. а имавме кредит за стан една плата.. тешко беше до кај 84, после купив ново Р4 ГТЛ, 6000 ДМ + 30% данок... на одмор во Грција одевме во јули по 15 дена најмалку, не како сега во јуни по 7 дена. Се сеќавам кога бевме 1989 во Сикиа, до нас имаше едни прави германци, се жалеа дека ќе мора да готват, скапо било да јадат по кафеани како што си планирале... кога и кажа сопругата колкави ни се платите, не и беше јасно како идеме во Грција на одмор...
 
Последно уредено:

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.228
Поени од реакции
78.824
^Ја зборам за друг период.
Малку покасно од ова ти што го збориш.
Период од осамостојување до појава на ВизЕр.
 
Член од
1 март 2010
Мислења
7.886
Поени од реакции
14.372
Потребата е да се складира прасето тазе заклано, рането со регуларна храна без одмрзни замрзни од Бразил и без хормони и помии. Или полутката од синдикат.
Затоа сега чварки у продавница се двојно поскапи од чисто месо, негде и тројно. Као кавијар испаднаа. И купувањето месо е како лутрија. Не знаеш што купуваш. Во еден ланец продавници сами вработени кажуваа дека ги потопувале во нитратни некои раствори за месото да изгледа тазе и светло црвено. Е јбг.
:facepalm:

Една работа стварно не можам да ги разберам луѓето што ја мразат Југославија?: Kaко одењето на одмор во Лефкада, Полихроно, Халкидики, Валона, Драч, Поградец, Острошки Манастир, Будва, Улцин го сметаат за благосостојба и дека луѓето имаат еден куп пари???

А пак ти им кажуваш дека на времето во Југославија доста наши отишле на одмор во едни од најубавите, најимпресивните, највоодушевувачките градови во светот со најдобра архитектура: Москва - на црвениот плоштад, Санкт Петербург, Краснодар, Краснојарск, Одеса, Киев, Харков, Прага, Братислава, Варшава, Гдањск, Краков и на крај тие ти даваат одговор - Па шо имат врска тоа!!!... А и самите тоа го знаат дека таму на времето оделе на одмори, ама не им одговара тоа да го спомнат...

Еве јас од 1.700 пријатели што ги имам на Фејсбук никој не сум видел да има објавено слики, или да се има чекирано во тие градови...

Значи според нив (тие што ја мразат Југославија) одењето на подалечна дестинација е аргумент за сиромаштија, а пак одењето на најблиска дестинација е симбол за добра живеачка и благосостојба...

Господ нека им е на помош на сите што ја мразат Јулославија!!!
Тебе стрико и сите светци да слезат на земја не те спасуваат.

Краснојарск, факинг Краснојарск бил најимпресивен :pos::pos::pos: Океј, нема фрка, еве Париз криза со туристи, сите се пренасочиле кон Краснојарск :pos:

Денеска стрико секој што сака да прошета ќе прошета. Ако ти кажам кај сум бил јас, кај биле другарчиња и општо каде се можеш да појдеш денес беспари, косата ќе ти попадне. Не прошетал само тој што не сакал и тој што е малку затуцан. За со пари да не правиме муабет. Тоа што ти имаш пријатели само во 50+ рејнџ е твој проблем и никако, ама буквално никако не може да ти е репер за реалната ситуација.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.692
Поени од реакции
12.088
Последно уредено:
Член од
10 септември 2016
Мислења
8.903
Поени од реакции
17.552
Многу работи знаеш, ама само за татко ти. Не можеш да извлекуваш општ заклучок за животот во поранешната СФРЈ само на основа на неговите кажувања. Не бил само тој, имало и други што патувале по 5 километри. Да не сакаш некој да им обезбеди хеликоптерски превоз? Пешачеле, ама биле поздрави од сегашните деца.
Тоа што татко ти не е задоволен (дали навистина не е задоволен или ти самиот си извлекуваш заклучоци?) не значи дека и другите не се задоволни.
До кога упорно ќе го прескокнуваш ова што се случува денес и постојано ќе тврдиш дека порано било полошо? Зошто не напишеш дека татко ти имал бесплатно образование (не плаќал 1000€ годишно за факултет), бесплатно здравство, поволни кредити??? Можеби татко ти го промашил животот (не е единствен, многу ги има) па сега системот му е крив.
Направи една споредба помеѓу здравството тогаш и сега, помеѓу образованието тогаш и сега, помеѓу можноста за градба на сопствен дом тогаш и сега. Кој сакал да учи можел да заврши факултет (не да купи диплома). Кој не можел да добие државен стан имал можност со една плата и поволни кредити да изгради сопствена куќа. На мрзливите ни Бог не можел да им помогне. Велат дека Господ давал ама во штала не втерувал. Требаше малку да се испоти и челото и газот, сега има некои што без пот дојдоа до тешки милиони.
И немој случајно повторно да ја свртуваш темата како сегашното е последица од минатиот систем. Не ги приватизираа (украдоа) претпријатијата тогашните туку сегашните (и тоа за ситна пара) ниту тоа е предмет на оваа тема.
Автоматски споено мислење:


Не у подрум. На спрат. Ако паметиш во зградата кај Цигановиќ (мислам така беше) на спрат се колеа свињи (Бољи живот).
Друже ти давам личен пример од моите, дека системот не функционирал за оние кои размислувале поинаку.Сите негативности кои ти ги кажав за тој систем ги избегнуваш а факт е дека се така.

Ако системот навистина се грижел за народот требало да вложи во тие села а не да ги уништи.Зошто нешто такво не се случило во Словенија?
Областа од каде потекнуваат моите денес е Сахара(со најфејк проектот од времето на Грујо и официјално стана, големиот прокет кој го највавуваше со Субрата Рој,од кој остана само таа табла на која пишува Сахара,што е многу иронично.)а можела да биде Швајцарија ако се работело плански и ликови ко Лазо, Страхил итн размислувале за иднината.
Пази сега еве како се одвивал животот на моите во тој период.
На фамилијата на мојот покоен дедо и биле одземени стадо со овци и кози(сигурно го знаеш смешниот закон од тоа време каде сите кози биле продадени во Грција, као ја загадувале околината, а Топилница среде Велес не ја загадува :tapp: )
Замисли сега тебе некој да ти дојде дома и да ти земе се што чесно си заработил.Како ќе реагираш тогаш и дали ќе го подржуваш истото.
И покрај тоа дедо ми одбива да оди во град затоа што знае дека без пари таму ќе му биде тешко и не сака да си оди од дома.Луѓе масовно се селат, секојдневно луѓе од фабриките иделе по селата да ги убедуваат да ги остават селата и да дојдат во градовите по фабриките.Многумина го направиле тоа и фактот што остануваат малкумина по селата, се намалува бројот на децата, намерно е затворено школото и не се обезбедува превоз за 15,20 деца(нешто што денеска е незамисливо за толкава група на деца да нема превоз)
Решаваат да се преселат без денар во џебот и одат во Велес под кирија.Дедо ми кој во тоа време бил веќе пристар човек тешко можел да најде работа,зошто не бил член на КПЈ и никогаш во животот не станал.
Не можел да бира работа па морал да се вработи во земјоделските задруги или како и да се викале.Земал премала плата,со таа плата правел куќа која ја правел една деценија без никаква помош од државата.
Случка од училиште и системот кој го живеел татко ми.
8 Март, денот на жената, како што змаеш и до ден денеска се купуваат поколни на учителките.
Татко ми знаејќи ја ситуацијата дома побарал пари и купил некое најефтино вештакчо цвеќе.Пази ја ситуацијава сега.Учителката кога прочитала од кого било му се обратила него кажувајќи му дека вакви поклони не било соодветно да се поклонуваат и за деуг пат требало да знае и да не го повтори тоа.АКО НЕМАШ ПАРИ ПОДОБРО Е НИШТО ДА НЕ КУПИШ,(Замисли ја оваа реченица да ја кажен на дете од 12 години, потценување на таа земјоделска и социјална класа)
Учителката нормално како и сите останатие биле комунисти и членови на КПЈ па како вработени во тој систем ја си давам за право преку нив да го сметам тој систем одговорен за тоа.
Друга случа со професор по ликовно кој барал многу работи да се купуваат за неговиот предмет иако некој од нив немало тогаш во книжарите во Велес.Најголемиот дел од децата можеле да си дозволат да одат со своите родители до Скопје но не и татко ми.
Каков што бил тогаш строг системо татко ми бил многу пати тепан на тој час иако истиот професор знаел за неговата економска состојба, само поради тоа што не ги купувал потребните работи за тој предмет.
Исто и професорот го сметам за дел од тој систем и имам право преку него да го оценам истиот и да сметам дека бил трул.
Иако одличен ученик и во средно и во основно не успева да се запуше на факултет, но тоа е веќе поради политичките активности пред распаѓањето на Југославија

Имам уште многу работи кои би ги напишал но џабе е кога ти не сакаш да ја согледаш и другата страна од приказната.
Јас многу пати сум се согласил дека некој работи тогаш биле подобри и дека во глобала ако земеме како се живее денес и сега, за жал тогаш се живеело подобро еве да ти утврдам дека навистина мислам така ќе набројам неколку работи кои ми се допаѓаат како што е јавниот ред и мир бесплатното здраство вложувањето во спортот и многу од работите кои биле бесплатни, НО не како што општо народната маса го преставува тоа.Пак ќе го кажам примерот со овие пред 3 години и сега, многумина сметаат дека сега се живее далеку полошо од пред неколку години, што донекаде е и факт, поради причината што пред неколку години беа отворени фабрики, кои ниту ги фалам ниту подржувам, бедна плата и тешка работа но луше кои немаат друг избор јадат леб од тие плати а во овие 3 години нема ни една таква нова фабрика.Дали треба сега да кажеме дека Грујо и претходната влада биле добри?
Треба ли носталгично да гледаме на нив и да бараме да се вратат назад?
Нема што да коментирам натаму тоа е мој став и тешко дека некогаш би го сменил, но погоре ти докажав дека на некој работи гледам реално а не "навивачки" иако ако нешто најмногу мразам се Југославија(како тогашна држава) комуњари кои до ден денес го јаваат системот, земаат добри плати а пцујат по оваа држава, исто како да се шпони, и секако вашиот Маршал :D но пре него Лазо и скотовите околу него,општо цела таа гарнитура од тоа време.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.146
Поени од реакции
25.577
Мхм. Постои едно чудо што се вика Еразмус+ и замисли, ти овозможува и да прошеташ и да студираш и замисли, сето тоа беспари.
Кога ќе те пратат тие од Еразмус во Краснојарск или Бани Валид, да се јавиш.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.692
Поени од реакции
12.088
Областа од каде потекнуваат моите денес е Сахара(со најфејк проектот од времето на Грујо и официјално стана, големиот прокет кој го највавуваше со Субрата Рој,од кој остана само таа табла на која пишува Сахара,што е многу иронично.)а можела да биде Швајцарија ако се работело плански и ликови ко Лазо, Страхил итн размислувале за иднината.
Па сега тој регион е ште полошо. Освен неколку као Амзабегово, све друго се полупразни села. И од тие села ден денес младите бегаат или Скопје или странство. Села со порано градени системи за наводнување. Ако збориш за Немањици, тоа е друга приказна, таму веќе имало репресии и ликвидации. Ти цело време се задржуваш на период по војната кога Македонија се формирала како држава, со економија и писменост бетер од турско.
Другото ти е пренесено окативно, не држи вода.
8 Март, денот на жената, како што змаеш и до ден денеска се купуваат поколни на учителките.
Татко ми знаејќи ја ситуацијата дома побарал пари и купил некое најефтино вештакчо цвеќе.
најчесто се купувало цел клас. За лични поклони и сеа треба гс да имаш, да не кажам подебели пари за да купиш.
Учителката нормално како и сите останатие биле комунисти и членови на КПЈ па како вработени во тој систем ја си давам за право преку нив да го сметам тој систем одговорен за тоа.
ќе те зачуди, многу од луѓето и не биле членови на КПЈ, освен можда формално. Втора работа што ако учителката му била член на КПЈ на негови 12 години, на колку години тогаш пред распадот тој има проблем да се запише на факултет. КПЈ-КПМ постоеле до средина на 50тите. Ако велиш упис пред распад, тоа се крај на 80тите со 18-19 години.
Сојузот понатаму се нарекувал СКМ или СКЈ, а не било морално да се членува во него за да се живее нормален живот. Дури и да ти даат книшка, so what. Мене автоматски ме ставија у средно у ССММ, со маркици, не плаќав чланарина, ме тргнаа па немав никаков проблем.
Денес сами си ги земате од најглупите најкриминални партии што ебаа све од економија што постоеше и што ве онадат за ваши пари у мал мозок. Некои се тетовираат на груда со нивните лидери, апостоли, 9 букви...
Иако одличен ученик и во средно и во основно не успева да се запуше на факултет, но тоа е веќе поради политичките активности пред распаѓањето на Југославија
политички активности? На средношколци? Доколку теоретски може да дишеме на Марс, да постоеле вакви активности, никој не те прашувал при упис. Колку и да си одличен, битни биле матурски и приемни како елиминатор за ранг листа, соодветна школа и така натаму. Ни сега ни тогаш не било битно припадност на партија при упис.
Многу нелогичности има во твоите писанија, прво со сведочењата, потоа со годините на настани па и вработувањето.
Никој не вели дека била бајка или земјата од Оз.
Овие примери со партии измислени или не, сега ги гледаме реално и секојдневно. И тоа пуштени на најјако.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom