Во времето на СФРЈ подобро се живееше... Мит или вистина?

Член од
3 мај 2019
Мислења
17.507
Поени од реакции
9.408
затоа фејсбук профилот пред икс години го отворив и користев извесно време. Кога видов честитки за родендени, имендени, годишници, муабети за на кафе водени на чат...па ете јадев во Мулино (слика на празна чинија со изглодано ребро, бев ваму онаму...) го баталив, целосно. Не знам која му е целта на фб ама ако е за такво "дружење" :(
Јас воошто не отворив фб, ниту ќе отворам.
 
D

Deleted member 12196

Гостин

Не е лошо да отвориш. Како ќе знаеш дека јас денес два пати слегував во подрум по дрва, еднаш излегов на балкон да видам какво е времето, па дури и до WC одев два пати на мочање. ФБ служи за тоа ...:)
 
M

Macedon1um

Гостин
Прегледај го приврзокот 219427

арно велат, колку било изградено во Македонија, сега не можат да го искречат
Прашањето е дали и има потреба да се прават нови училишта ? Овие сегашниве да ги одржуваат (реновираат) е доволно, бројот на ученици се повеќе се намалува и огромен дел од училиштата немаат доволен број на ученици ова е највеќе изразено во помалите средини како селата поради миграцијата село-град.
 
Член од
10 декември 2018
Мислења
390
Поени од реакции
664
Според државен завод за статистика во 1985 година невработеноста на населението до 25 години била 85%.

Она што следуваше по смртта на Тито, во 80-те години, беше чист хорор.
Рестрикции на струја, бонови за храна, бензин ич, корупција од која би се застрамила и Колумбија, епидемии на жолтица (Б) секое лето, дивоградбите кои сега се легализираат потекнуваат од тогаш... со еден збор - катастрофа.
Да не ја заборавиме и енормната инфлација.

Носталгијата ги мава затоа што виделе благосостојба помеѓу 65 и 80.
3-4 "пути" на одмор се одеше во одморалиштата сопственост на фабриката, со превоз од фабриката на државен трошок.
Што јаделе и како поминувале тие си знаат.
Дури и ова не можеше секој да си го дозволи.

Fun fact
Од ослободување до распад државата Југославија имала изградено само 50 (педесет) километри автопати.
Све останато е со тн. "само-допринос" односно со запирање на плата.

Устата затворена "со леб и игри" и "биче боље". Дај му одмор во феријално, К-15 кој не вреди ништо и кажи дека имаш супер пасош.

Иначе државата имаше потенцијал да се опорави за многи кратко време и да фати тек со остатокот од Европа.
Ама апашаната ја растури. За жал!
 
Член од
23 март 2015
Мислења
7.011
Поени од реакции
1.983
Прегледај го приврзокот 219427

арно велат, колку било изградено во Македонија, сега не можат да го искречат
Нормално е во периодот по 1945 да има најголем број на изградени училишта, кога претходно речиси и да немало. А немало ни (северно)македонска држава. Потоа, нови се градат по потреба.
Автоматски споено мислење:

Според државен завод за статистика во 1985 година невработеноста на населението до 25 години била 85%.

Она што следуваше по смртта на Тито, во 80-те години, беше чист хорор.
Рестрикции на струја, бонови за храна, бензин ич, корупција од која би се застрамила и Колумбија, епидемии на жолтица (Б) секое лето, дивоградбите кои сега се легализираат потекнуваат од тогаш... со еден збор - катастрофа.
Да не ја заборавиме и енормната инфлација.

Носталгијата ги мава затоа што виделе благосостојба помеѓу 65 и 80.
3-4 "пути" на одмор се одеше во одморалиштата сопственост на фабриката, со превоз од фабриката на државен трошок.
Што јаделе и како поминувале тие си знаат.
Дури и ова не можеше секој да си го дозволи.

Fun fact
Од ослободување до распад државата Југославија имала изградено само 50 (педесет) километри автопати.
Све останато е со тн. "само-допринос" односно со запирање на плата.

Устата затворена "со леб и игри" и "биче боље". Дај му одмор во феријално, К-15 кој не вреди ништо и кажи дека имаш супер пасош.

Иначе државата имаше потенцијал да се опорави за многи кратко време и да фати тек со остатокот од Европа.
Ама апашаната ја растури. За жал!
Мислам дека малку е претерана констатацијата дека било хорор во 80-те. Имаше рестрикции на струја, криза за гориво.. но не траеше долго време. Јас во тие години ги поминав средното и речиси цело основно образование... и живеевме добро, одлично. ОК, имаше семејства посиромашни, ама за живот имаа и тие. Не се трошеше како денеска за одмори и слично, ама до Охрид, Јадран, Преспа, Дојран... а и „Грчка“ одевме.
 
Последно уредено:
D

Deleted member 12196

Гостин
Според државен завод за статистика во 1985 година невработеноста на населението до 25 години била 85%.

Она што следуваше по смртта на Тито, во 80-те години, беше чист хорор.
Рестрикции на струја, бонови за храна, бензин ич, корупција од која би се застрамила и Колумбија, епидемии на жолтица (Б) секое лето, дивоградбите кои сега се легализираат потекнуваат од тогаш... со еден збор - катастрофа.
Да не ја заборавиме и енормната инфлација.

Носталгијата ги мава затоа што виделе благосостојба помеѓу 65 и 80.
3-4 "пути" на одмор се одеше во одморалиштата сопственост на фабриката, со превоз од фабриката на државен трошок.
Што јаделе и како поминувале тие си знаат.
Дури и ова не можеше секој да си го дозволи.

Fun fact
Од ослободување до распад државата Југославија имала изградено само 50 (педесет) километри автопати.
Све останато е со тн. "само-допринос" односно со запирање на плата.

Устата затворена "со леб и игри" и "биче боље". Дај му одмор во феријално, К-15 кој не вреди ништо и кажи дека имаш супер пасош.

Иначе државата имаше потенцијал да се опорави за многи кратко време и да фати тек со остатокот од Европа.
Ама апашаната ја растури. За жал!
Точно така. По смртта на Тито Југославија почна да се распаѓа. Тоа веќе не беше функционална држава, туку држава во распаѓање. Затоа тој период не можеме да го користиме за споредба.
Во почетокот на осумдесетите почнаа немирите на Косово кои имаа поддршка од Хрватска и Словенија.
 
Грешиш душо, грешиш...само војната беше навистина прав хорор:(..а што се однесува до рестрикциите, до немањето бензин и други работи, абе тоа ни беше толку занемарлива работа, толку бевме смирени, снаодливи..па сите домакинки знаевме во колку ке снема струја и се ни беше испланирано...сум чекала во 05 часот наутро за млеко за децата, за зејтин, за кафе, па и за улошки, но сите бевме смирени, си правевме моабети, не се жалевме...знаевме кои се дилери на бензин, па зимавме од него и одевме на одмор, исто и Бугарите имаа проблеми, па сме чекале и кај нив на опашки...хахххаха...ми текнува они немаа мастики, хулахопки, вегета, тетратки, па таму носевме и продававме....Незнам од каде најдеподаток за заразни болести?
Радо би се вратила во тој весел, безгрижен и културен живот, каде децата беа деца а не вандали, каде слободно минував улица без некоја кокошка што блене во мобилен и не гледа семафор да ме прегази....

Поубаво се живееше, не е мит:)
 
Член од
10 декември 2018
Мислења
390
Поени од реакции
664
Грешиш душо, грешиш.
Душо разговараш со современик на настаните од тоа време. Не е баш да сум роден во средина на 80-те
само војната беше навистина прав хорор
Овдека не разговараме за состојба за време на војна. Секоја војна е грозна. Војната која следеше беше директна последица од претходните настани и лоши сојузни политики.
абе тоа ни беше толку занемарлива работа, толку бевме смирени, снаодливи..па сите домакинки знаевме во колку ке снема струја и се ни беше испланирано.
Носталгично делува од гледна точка на домќинка. Од гледна точка на домаќин не ми се верува баш
сум чекала во 05 часот наутро за млеко за децата, за зејтин, за кафе, па и за улошки, но сите бевме смирени, си правевме моабети, не се жалевме...знаевме кои се дилери на бензин, па зимавме од него и одевме на одмор, исто и Бугарите имаа проблеми, па сме чекале и кај нив на опашки
Извини на запажање ама ова ни оддалеку не се вклопува во добар живот и во „тогаш се живееше подобро“
Можеби утешително делува фактот дека сите биле во иста позиција па така човек се теши „ако не е добро за оној, ако не е добро за мене тогаш за двајцата е супер“
ми текнува они немаа мастики, хулахопки, вегета, тетратки, па таму носевме и продававме....
И тие беа отепани. Споредбата со земји под Советска окупација ич не е утешително.
Незнам од каде најдеподаток за заразни болести?
Од државен завод за статистика.
Радо би се вратила во тој весел, безгрижен и културен живот,
Да. Порелаксирано беше тогаш. Цената на тој комфор ја плаќаме сега
каде децата беа деца а не вандали
Со ова се сложувам. Сега домашното воспитување е рамно на нула. Сега ги воспитуваат со Youtube, Facebook
каде слободно минував улица без некоја кокошка што блене во мобилен и не гледа семафор да ме прегази...
Ваљда дека немаше толку автомобили како сега
Поубаво се живееше, не е мит
Поубаво се живееше во големите градови. Нека се јави некој од внатрешноста или источна Македонија.
Селата се исселија заради таа убавина.

Јас како што кажав искрено жалам што таа држава се распадна. Навистина имаше голем потенцијал и можност да се исцели за многу кратко време.
Сега требаше да бидеме, во најмала рака, како Италија што е во моментов. Развиен север со апашана на југ. Но, добро... :)
 
Член од
14 октомври 2018
Мислења
346
Поени од реакции
424
Точно така. По смртта на Тито Југославија почна да се распаѓа. Тоа веќе не беше функционална држава, туку држава во распаѓање. Затоа тој период не можеме да го користиме за споредба.
Во почетокот на осумдесетите почнаа немирите на Косово кои имаа поддршка од Хрватска и Словенија.
Сеуште не знаеме што точно се случи во 80- тите а и војните во 90-сетите.
Тогаш не се земани во предвид надворешни фактори, или секогаш се ставаат во позитивен контекст. Пр. Југославија требало да стане дел на тогашна ЕУ, но ете националистите победиле и добивме економски и политички распад и на крај и војни.
Од денешна перспектива после сите оние обоени револуции низ светот и војни како онаа во Украјна која е најеклатантен и најпровиден случај дека сите тие настани се потикнати од надвор, од еден центар. Сега е актуелен Хонг Конг, пред тоа Арапската пролет и ИСИС.
Слободно би ставил паралела помеѓу ИСИС - ОВК - Усташи / Четници - Украинските националисти - Контрашите во Никарагва од 80 / 90 итн. За сите овие е карактеристично дека се создадени и финансирани надвор од државите во кој што делуваат.
Така да пресвртен момент за мене е промена на Американската политика према Југославија,
а не смррта на Тито.
Југославија го изгуби повластениот статус кој што го имаше дотогаш, а поддршка дури и отворена уште во тоа време добија тогашните сепаратисти на Косово.
Колку што знам а ти би требало подобро да знаеш, официјална делегација на Американски конгресмени била во посета на Југославија 80-тите, после сите средби со државниот врв изразиле желба да одат на Косово и таму направиле дипломатски скандал (Се приклучиле на демонстрациите кои во тоа време се одржувале на Косово за добивање на статус Република, и уште и одржале говори пред толпата нормално со поддршка за сецесија.)
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.664
Поени од реакции
12.060
епидемии на жолтица (Б) секое лето, дивоградбите кои сега се легализираат потекнуваат од тогаш... со еден збор - катастрофа.
може да посочиш линк од каде овие податоци или графикон? Пример за хепатит б, некоја временска серија, споредба со Македонија и останатите држави.
Вака, на пример
2248950402.025.png

дивоградбите кои сега се легализираат потекнуваат од тогаш
Или од каде од кој извор податокот дека дивоградбите се од тој период, поточно кој период? Знам дека кога ние ја доградувавме бараката, моравме да одиме со одредена висина и габарит инаку инспекција ги рушеше тие градби. Тоа беше средина на 70тите.
Според државен завод за статистика во 1985 година невработеноста на населението до 25 години била 85%.
а вкупната невработеност?
stojkov grafik 1.jpg

за да не збориме напамет. Иако методологиите тогаш и сега се различни па тешко е да се споредат податоците.
 
Последно уредено:

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.068
Поени од реакции
78.275
Слободно би ставил паралела помеѓу ИСИС - ОВК - Усташи / Четници - Украинските националисти - Контрашите во Никарагва од 80 / 90 итн. За сите овие е карактеристично дека се создадени и финансирани надвор од државите во кој што делуваат.
Се изнасмеав на делот со украинските националисти, како они биле создадени и финансирани однадвор, а другава страна - не, они биле домашни.
:lolzz:
 
Член од
14 октомври 2018
Мислења
346
Поени од реакции
424
Се изнасмеав на делот со украинските националисти, како они биле создадени и финансирани однадвор, а другава страна - не, они биле домашни.
:lolzz:
Што не е јасно? , Рускиот одговор на хибридната војна наметната од Запад?
Нато освои нова територија, Русија не е коплетно беспомошна и одговори како знае и умее, сега е ситуацијава статус кво.
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.068
Поени од реакции
78.275
Што не е јасно? , Рускиот одговор на хибридната војна наметната од Запад?
Нато освои нова територија, Русија не е коплетно беспомошна и одговори како знае и умее, сега е ситуацијава статус кво.
Не е јасно, како во конфликтот во Украина, во кој донбаските сили се подржани во човештво и материјал од Русија, ти најде другата страна да ја одбележиш како инструирана од надвор.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom