Се дебатира еве веке неколку денови на оваа тема,ама никој не успева да ја долови поентата на муабетот дали навистина се живеело подобро или не.
Никој не успеа да направи мерило според кое ке се оцени дали навистина се живеело подобро или не.
Сите јаки на тастатура,пола и повеке од нив или биле во пелени кога постоела или не биле во план,другата половина по кажување на дедо му и баба му а немаат представа за таа држава,останатите тешка буржоазија која живеела со убедувањето дека ке се владее 1000 години.Остатокот од нив или биле работничка класа во тој период или деца на работничка класа,како и оние кои не можеле да ја замислат Македонија во таа Србославија со привремено име Југославија...
Најголеми гласноговорници се оние кои беа и се сеуште убедени дека ке владеат 1000 години(ама не испадна така)дека се живеело убаво,кои се упорни од петни жили да не убедат нас останатите дека некогаш се живеело убаво според нивни стандарди.Да,ама според нивни стандарди,а не според анализи и испитувања на луге кои потрошиле еден дел од животот да докажат дали навистина се живеело убаво или не во таа земја...
Тие истите гласноговорници(југоносталгичари)не убедуват со рибарски приказни дека тогаш било супер.Еве ке им поставам едно просто прашање.Што било супер тогаш?Тоа што Македонија беше 45 години ставена како една од неразвиените републики.Тоа ли е супер,а?
Или некој има проблем со меморијата,или така му чини.....Еве неколку интересни факти за Македонија од човек кој може на 80% од вас да ви биде татко....
1.Зошто 1968 делегацијата на Рено која е дојдена во МЗТ да склучи договор за склопување на Рено 8 наеднаш ја прекинува посетата за да 1969-та се отвара погонот во Словенија
2.Зошто 1972 на ФАС 11 октомври не му се дозволува да почне со производство на автомобил,а истиот прототип ден денес дреме во кошот на фабриката,а?
3.Зошто одлуката за изградба на Хемиската индустрија во Врање се менува со локација Велес каде имате масовно труење на населението и морталитет,а компензација за тоа е најевтин град во Ју?Вредеа ли тие пари повеке од човелкиот живот
4.Зошто 1973 Микрон Прилеп не добива дозвола за производство на електро мотори,а производството се сели во Север Суботица.....
5.Зошто приватните превозници во Мк до почетокот на 80-те не можеа да ги регистрираат своите приколки на МК табли па мораа да одат во Црна Гора
6.Зошто во таа ЈНА нема ни еден пилот на Миг 21?Македонецот не е способен да научи да лета,само Србинот и Хрватот ли?
7.Зошто во ЈАТ имате само 3 пилоти од Македонија?
8.Зошто за најобични операции децата и граганите од МК беа пракани во Словенија и Белград?Македонија немаше доктори тогаш?
9.Зошто за пост дипломски студии се одеше во Загреб и Белград?Немавме универзитет ли?
10.Зошто се откупуваа праските од Мк за да после Фруктал ни го продаваше нивниот сок цело богатство
11.Зошто Тиквеш го извезуваше нашето вино низ Ју за да ни го продаваат истото како да е нивно?
12.Најквалитетниот тутун од Прилеп беше носен во Сараево и Ниш а ние ги пушевме гранките од тутнот набуткани внатре во цигарите
Таа држава банкнотираше 1983-та,ама никој не беше свесен за тоа.ТАС-овиот Гољф можеше тогаш да се купи во ДМ и долари зошто таа држава немаше девизи.Татко ми мораше да плати за скапан 101во 83-та мислам 900 долари кои по и курс по вредност која не беше ни од далеку реална
Албанците излегоа 1980-та зошто им се смачи молзењето од страна на таа Србославија и буржоазијата која живееше на маргините на општеството...
Но буржоазијата научена на лесен живот и службени патувања,не можеше да се соочи со таа ситуација реши 9 години подоцна да ги извади кубурите и да се тепа.....
Ова што го гледате што се случува во бившите републики на таа банана држава е резултат на владеењето на таа комуњарска буржоазија на чело со ОЗНА и УДБА,а со благослов на чопавиот загорец кој ги уназади за жал сите овие држави 1000 години......
И за на крај ке се појави некој си градежен работник/потпоручник или бивш боржуј кој ке се обидува да ме убеди дека било супер......
Време е да ги отворите очите и да си ја бркате среката во животот,а не да живеете во илузии и минатото....
За крај,не жалам за таа скапана смр***а држава,жалам за младоста што ми помина така со убедување дека се живеело убаво.....
И знаете што????Јас сега живеам поубаво него во тој систем.Зошто?Зошто си ја бркам среката,ете затоа.Не чекам од партија да ми даде стан или кука келепур.......