Ја на пензионери никад не сум стануел у автобус. Шо ги вртам, јас до последна идев, утепан од работа, а они се шлаат да видат дали на Буњаковец е денар поефтина боранијата од на Зелено пазарче за да си го испунат денот.
На крај краева, то им е единствена занимација во текот на денот... да не одат на пазар за да не ве малтретират по автобуси???Никој не рече да не излегуваат, ама да не очекуваат дека секој што е помлад од нив мора да им стане.
Има помлади, ама помладите имаат свои причини понекогаш зошто да не станат.
Oооо Немирна, црна Немирна си студирам Битола кај што не мора да се мислам дали да станам и не мора да се замарам со то кој оди на пазар и во колку и дали то така треба да биди или не... едноставно не се замарам со луѓето што излегле да безделничарат, да одат на пазар, да одат в продавница... си го гледам патот (или битолски кажано си ја гледам масата).Ооооо Јованооо,црна Јовано,да даде Господ да дојдеш во Скопје да студираш и во Драчево да се сместиш,па да го правиме муабетов!
Станувам на бремени жени и изнемоштени старци.Не станувам на луѓе колку моите,млади се можат да стојат,а и на женички од кои едната седи,а до неа седам јас и влага пријателка и очекуваат да станам за да алапачат,па кај нозе ме болат и глава да ме пукне од муабетите.Исто и на добродржечи стари луѓе кои немаат што да прават и уште по сабајле по автобусите баш како што кажа Мистичен да видат на Зелен пазар како се цените и да направат спроедба со драчевски пазар.Ако толку не можат што бараат по автобуси да се акаат.А кај тоа што се наспани,најадени и средени,а јас цела ноќ над книгата или цел ден по факсон се акам,10 часа не прибрана,не седната.
Не сум до толку безобразна да не станам на старче што едвај стои или на некого ако му е лошо.
Е не ај од 6 ипол од сабајле ке стануваат да пазаратИ јас навистина не сфаќам што ви пречат постарите.Па ако се стари,треба да седат дома и нигде да не одат.Мислам срамота.И тие се луѓе,сакаат да излезат,да се прошетаат или пак имаат некоја работа.Некој погоре кажа,што мајка бараат да одат на пазар ако не можат.Па можи нема кој друг да му купи и мора да одат сами до пазар и слично.
А (голем дел од) младите се здрави,прави, и нема ништо лошо да им се случи ако постојат.Ќе се ослободи место, па ќе можи и тие да седнат.