Во Париз ограбени 500 милиони уметнички евра

  • Креатор на темата GTFO
  • Време на започнување

GTFO

Pushing the button
Член од
3 април 2009
Мислења
5.654
Поени од реакции
4.579
20.05.2010

Пет ремек дела беа украдени минатата ноќ во Музејот за современа уметност на градот Париз. Станува збор за пет слики, дела на Пабло Пикасо, Фернанд Леже, Хенри Матис, Жорж Брак и Амедо Модиљани вредни 500 милиони евра.

Според француските медиуми, украдени се сликите „Гулабот со мали дамки“, од Пикасо, „Пасторалата“ од Матис, „Маслиновото дрво во близината на Естак“ од Брак, „Жената со лепеза“ од Модиљани и „Мртва природа со свеќници“ од Леже.

Кражбата на петте слики е констатирана изутринава во 6 часот и 50 минути, непосредно пред отворањето на вратите на музејот, кој се наоѓа во еден од најбогатите квартови на француската престолнина – 16-от арондисман. Одговорните забележале дека еден од прозорците на музејот бил скршен и дека бил исечен еден од катанците.

За истрагата се грижи бригадата за репресија на бандитизмот. Украдените дела се непроценливи и просто невозможно да се продадат дури и на пазарот на украдени уметнички дела. Претходните истраги во слични вакви кражби, покажале дека крадците работеле исклучиво по нарачка на богати колекциoнери, кои украдените учетнички дела не ги покажуваат пред јавноста.

http://vesti.alfa.mk/default.aspx?mId=45&eventId=22524

:nesvest::nesvest::nesvest:
 
Pece_Zenskio

џукела
Член од
17 мај 2010
Мислења
154
Поени од реакции
2
so zdravje da si gi koristi so da recam drugo :vozbud:
 
Шота Буби

нотар
Член од
4 март 2009
Мислења
3.087
Поени од реакции
1.780
а што ќе им се тие ремек дела,кога не можат да се продадат ниту на црниот пазар?
 
Член од
18 мај 2010
Мислења
149
Поени од реакции
54
а што ќе им се тие ремек дела,кога не можат да се продадат ниту на црниот пазар?
Како не можат да ги продадат на црниот пазар? На црниот пазар сигурно ќе ги продадат по многу "помала" вредност од реалната јас ако вредат 500милиони би ги шитнал за 100 :)
 
Шота Буби

нотар
Член од
4 март 2009
Мислења
3.087
Поени од реакции
1.780
Како не можат да ги продадат на црниот пазар? На црниот пазар сигурно ќе ги продадат по многу "помала" вредност од реалната јас ако вредат 500милиони би ги шитнал за 100 :)
100 евра...шега на страна,предмети кои неможеш во јавноста да ги покажеш не вредат ништо...замисли ти купуваш Ферари нелегално и ти стои во гаража,ебати Ферариот или?

--- надополнето ---

Ама затоа пак на Бит Пазар како алва ќе се продадат
и вредноста ќе им ја кренат на 800 милиони,затоа што ќе има голема побарувачка,грабежов добро ќе им се исплати:helou:
 
КиреМали 1911

Модератор Неимар
Член од
23 јуни 2007
Мислења
1.313
Поени од реакции
223
Во светот постојат луѓе кои знаат да ја ценат уметноста, и се толку заљубени во неа, што не бираат средства за да поседуваат некое дело. Моментот со украдените дела, колку и да е неубав, зошто ќе немам прилика да ги видам, го сфаќам. Преголема страст да се поседува нешто.

И, не е како Ферари. Кога си заљубен во некое дело, тоа не ти е потребно ни на жена ти да и го покажеш. Го сакаш себично и само за тебе. И доволно ти е да ти е скриено негде и да моеш само ти да имаш поглед кон него.
 
Член од
18 мај 2010
Мислења
149
Поени од реакции
54
100 евра...шега на страна,предмети кои неможеш во јавноста да ги покажеш не вредат ништо...замисли ти купуваш Ферари нелегално и ти стои во гаража,ебати Ферариот или?
Да али уметничките дела имаат друга вредност има доста милијардери кои се коликционери на уметнички слики и верувам дека секој од нив би сакал да има слика од пикасо во својата колекција без да се фали за тоа.
и мислам дека доколку размислуваат како мене крадците, да ги продадат за помала вредност од реалната веднаш ќе ги купи некој.
 
Soreno

Big Brother
Член од
14 јануари 2009
Мислења
530
Поени од реакции
19
Spoko!!!
Ke gi naidat.....ova ne e Balkan
Sekogash sa gi fatili i sa vratili umetnichkite karttini
 
и после 100 години да бидат откриени ќе бидат одземени,нешто што неможеш да задржиш тоа и не вреди..не верувам дека има некој на овој свет кој ќе се осуди да ги купи тие ремек дела..
 
КиреМали 1911

Модератор Неимар
Член од
23 јуни 2007
Мислења
1.313
Поени од реакции
223
и после 100 години да бидат откриени ќе бидат одземени,нешто што неможеш да задржиш тоа и не вреди..не верувам дека има некој на овој свет кој ќе се осуди да ги купи тие ремек дела..
После 100 години, од коа ќе е умрен колекционерот, нема да е ни битно, ќе се најдат во нечии други раце. А за колекционерите и за тие кои ја сакаат уметноста, вреди и пет минути да си насамо со такво дело, а не цел живот.

--- надополнето ---

Sekogash sa gi fatili i sa vratili umetnichkite karttini
Мисли си дека ќе ги фатат.
 
Кралот Марко

Не прилепчанецот, ами Јас
Член од
6 ноември 2008
Мислења
3.969
Поени од реакции
278
Spoko!!!
Ke gi naidat.....ova ne e Balkan
Sekogash sa gi fatili i sa vratili umetnichkite karttini
Ајде малку да направиме мистерија. Делата намерно се крадат, по некое време ги фаќаат и ги „враќаат“, ама сега ги ставаат копиите на ѕидовите, а оригиналите се продаваат на колекционери...
 
Член од
18 мај 2010
Мислења
149
Поени од реакции
54
и после 100 години да бидат откриени ќе бидат одземени,нешто што неможеш да задржиш тоа и не вреди..не верувам дека има некој на овој свет кој ќе се осуди да ги купи тие ремек дела..
Друже верувај дека на светов има доста луѓе кој би платиле големи суми само за момент да држат во рацете слика на пикасо и компанија а камоли да ја имаат дома бар на некое време, а за тоа што ке ја откријат после 100 години така е но мерак си е мерак:)
 
Шота Буби

нотар
Член од
4 март 2009
Мислења
3.087
Поени од реакции
1.780
После 100 години, од коа ќе е умрен колекционерот, нема да е ни битно, ќе се најдат во нечии други раце. А за колекционерите и за тие кои ја сакаат уметноста, вреди и пет минути да си насамо со такво дело, а не цел живот.

--- надополнето ---

Мисли си дека ќе ги фатат.
да не си ти некој од тие колекционерите?да те пријавам:pos2:
 
КиреМали 1911

Модератор Неимар
Член од
23 јуни 2007
Мислења
1.313
Поени од реакции
223
да не си ти некој од тие колекционерите?да те пријавам:pos2:
Ај, ај, ај... :))))

Ама, камо да бев бе друже, јас мислам дека ќе бев толку среќен, шо немаше да додржам и ќе имав кажано, и ќе бев веќе затворен :)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom