GTFO
Pushing the button
- Член од
- 3 април 2009
- Мислења
- 5.654
- Поени од реакции
- 4.579
20.05.2010
Пет ремек дела беа украдени минатата ноќ во Музејот за современа уметност на градот Париз. Станува збор за пет слики, дела на Пабло Пикасо, Фернанд Леже, Хенри Матис, Жорж Брак и Амедо Модиљани вредни 500 милиони евра.
Според француските медиуми, украдени се сликите „Гулабот со мали дамки“, од Пикасо, „Пасторалата“ од Матис, „Маслиновото дрво во близината на Естак“ од Брак, „Жената со лепеза“ од Модиљани и „Мртва природа со свеќници“ од Леже.
Кражбата на петте слики е констатирана изутринава во 6 часот и 50 минути, непосредно пред отворањето на вратите на музејот, кој се наоѓа во еден од најбогатите квартови на француската престолнина – 16-от арондисман. Одговорните забележале дека еден од прозорците на музејот бил скршен и дека бил исечен еден од катанците.
За истрагата се грижи бригадата за репресија на бандитизмот. Украдените дела се непроценливи и просто невозможно да се продадат дури и на пазарот на украдени уметнички дела. Претходните истраги во слични вакви кражби, покажале дека крадците работеле исклучиво по нарачка на богати колекциoнери, кои украдените учетнички дела не ги покажуваат пред јавноста.
http://vesti.alfa.mk/default.aspx?mId=45&eventId=22524
:nesvest::nesvest::nesvest: