Со среќа нека е, се пушти во сообраќај последната делница од автопатот за Приштина.
Автопатот почна да се гради на 2 јули 2014.
- Првата делница од 20км до Липјане беше пуштена на крајот од 2016-та.
- Втората делница до Бабуш/Феризај на 22 декември 2017.
- Третата делница до Качаник на 14 јуни 2018.
- Четвртата делница до Блаце денеска на 29 мај 2019.
Од Блаце па до Приштина, околу 65км автопат, ќе може да се поминат за 35-40 минути.
На отварањето присуствуваше Зоран Заев и премиерот на Црна Гора.
Премиерот Харадинај рече дека се работи и на автопатско поврзување со сите сите соседи, со Албанија и Македонија се заврши, останува и со Србија еден мал дел, а најтешко ќе биде со Црна Гора, се зборува дека ќе се изгради тунел од 7км, заради огромните планини