Во Албанија отворен најдолгиот тунел на Балканот

Член од
30 ноември 2007
Мислења
6.328
Поени од реакции
3.520
Бериша и Тачи се сретнаа во тунелот Тир - Калимаш


Точно напладне албанскиот премиер Сали Бериша пристигна во Тир и се упати кон тунелот, додека премиерот Хашим Тачи влезе од страната на Калимаш.
По неколку минути Бериша се качи на булдожерот со кој симболично беше срушен последниот сид во тунелот Тир – Калимаш. По рушењето премиерите на Албанија и Косово Сали Бериша и Хашим Тачи, како и делегациите кои ги придружуваа се сретнаа на средината на тунелот, кој е долг 5,6 км.

Тунелот Решен - Калимаш е дел од автопатот Драч – Кукс – Морино и еден од најтешките делови на кој се работеше во изминатите години. Овој автопат ги соединува Албанија и Косово, и се смета за многу важен за пазарот во југоисточна Европа. Со изградбата на патот Драч - Кукс – Морино дистанцата меѓу Приштина и Тирана ќе се скрати за 65 км. Од 330 км сега таа ќе биде 265 км, а најмногу патото го скратува токму тунелот Тир - Калимаш. Според официјалните податоци при изградбата на тунелот се ископани 33 милиони метри кубни карпест материјал.
http://alsat-m.tv/mk/region/13774.html



Автопатот Драч – Морино директно ги спојува Косово и Албанија

Отворањето на тунелот Решен- Калимаш во делот на автопатот Драч – Морино за граѓаните на Косово е големо историско дело.
Според нив со новиот пат конечно се надминуваат вековните бариерите и се отвора можност за соработка меѓу Албанците од границите на двете страни.

„Верувам дека отворањето на овој тунел ги осветлува порите на татковината, верувам дека ова сме го чекале не со векови туку со милениуми. Затоа тоа отвора нов правец за меѓусебна соработка било од албанска и косовска страна“ вели еден граѓанин.

„Првично ќе придонесе во зближување на албанскиот народ кон единство на нацијата и тоа е најважното нешто. Потоа од економски аспект, сообраќајот, движењето и економското зајакнување на земјите и на Косово и на Албанија“ смета друг.

„Овој пат го дел албанскиот народ, ова врска недостасувала, и сигурно дека таквите бариери се исчезнале, тоа многу позитивно нешто за нашиот народ“ вели трет.


http://alsat-m.tv/mk/region/13777.html


Бериша: Тунелот ќе не доближи и со соседите


На прес конференцијата која се одржа по отворањето на тунелот Калимаш, премиерот Сали Бериша и неговиот косовски колега Хашим Тачи најавија дека тој уште повеќе ќе ги зближи Албанците од двете страни на границата.

“Денеска ниту планините за нас не претставуваат прчека, дека нема ништо што може да не подели не само духовно, ниту физички. Ние го инаугуриравме тунелот кој не ги обединува само Албанците, туку токму овој тунел со услугите што ќе ги нуди, транспортот, сообраќајот, Албанците ќе ги доближи уште повеќе со другите народи од регионот со Македонците, Србите, Бугарите и сите народи од овој регион“ изјави Бериша.

Додека премиерот на Косово Тачи вети дека неговата влада многу скоро ќе започне со работа за да го изгради другиот дел на автопатот од Морино до Косово.

“Не делеше историјата, не делеше неправдата, не делаа стрмните планини и ѕидови. Денеска сите овие пречки се надминале со работа, со волја, со идеали, со визии, се претвориле во десетици мостови и тунели за комуникација. За многу кратко време овој пат ќе продолжи понатаму Врмиц – Призрен кон главниот град на Косово, затоа ова е автопатот на надежта, на вербата, трудот и развојот на Албанците. Ова е нашата историја, ова е патот за интеграции, ова е патот на 21 век“ рече Тачи.
http://alsat-m.tv/mk/region/13785.html






Inaku bea izgradeni uste i 29 mostovi
 

Attachments

Член од
6 јуни 2009
Мислења
219
Поени од реакции
24
nesto se zboruva deka vakov tunel ke se pravelo i na sar planina i debar so albanija (tunelot ke bil tolku visok sto ke se dvizele klecenkata)-sala-hhhhhhhhhhhhhhhhhhhhhh
 

Solid

Зона на самракот
Член од
26 август 2007
Мислења
7.085
Поени од реакции
3.890
Одлично.Од ова ќе има корист цел Балкан.
 

Македон91

Благородник
Член од
21 јануари 2009
Мислења
2.134
Поени од реакции
120
Градежна офанзива на Албанците? Секоја чест. Нека направат некој автопат што ќе ја поврзува Тирана со западна Македонија, барем и ние да видиме некоја корист :)
 

Tоni

ILLYRIAN
Член од
26 февруари 2009
Мислења
13.598
Поени од реакции
10.140
mnogu vazhen ovoj tunel...go povrzuva Kosovo direktno so Albanija...i polesno ke se odviva transportot od pristanishteto vo Shengjin(Abanija) do Kosovo!!
 
Член од
8 август 2008
Мислења
1.309
Поени од реакции
151
барав пред некој ден на тубе да видам за ова,ама незнаев како се пишува тој градот,ама еве сега видов и сум запрепастен,супер поврзување на косова со албанија,ке се интезивира протокот на луѓе и стока меѓу двете земји но и со Македонија,браво само напред,правете мостови меѓу луѓето не ѕидови,сега се поставува прашањето колку коридорот 8 е потребен,го губи значењето малку но сепак е битен бидејки се планира да оде до Драч,кое е огромно пристаниште,сеа виа нашите незнам шо чекаат........само губиме вака,сега би требало да се поврзат и Скопје преку Качаник со Приштина со еден современ автопат и да оиме на одмор у Албанија горе у Скадар таман и ке прошетаме и до Уљцин и Бар,колку ке биде убаво лево море десно Скадарско езеро:smir:
 
C

cige

Гостин
Морам јавно да го пофалам Принц, дека конечно постапи рамноправно, без етнички предрасуди:smir:
 
N

n/a

Гостин
Браво !
:bravo:
Опасен проект,
реализиран за кратко време.
 

theMac3donian

Мак3донецот
Член од
5 февруари 2007
Мислења
3.690
Поени од реакции
258
Се здробив за карта да најдам каде е...


(кај стрелката Приштина-Ниш)
 

RTM

Член од
4 септември 2008
Мислења
758
Поени од реакции
116
А Тирана-Скопие кога ке биде направена магистрала? И преко Струга ли ке минава или може и попрjако?
 
M

Mario Gómez

Гостин
Тирана ќе биде поврзана со Дебар за 1 сат време, досега сум патувал преку Струга за 4.5 сати, одлична идеа а на автопатот Тирана-Дебар интензивно се гради од двете страни.Одлична идеа морам да признаам за развој на регионот.Конечно и овие од запад да изградат нешо.Кога одев пред 3-4 години скоро и асфалтирани не беа патиштата , па потоа овие од Маврово го реновираа и проширија патот Ќафасан -Елбасан.
 
Член од
3 октомври 2008
Мислења
451
Поени од реакции
164
Mnogu pati sum patuval preku Kosovo vo Albanija niz tie planinski predeli, toa se uzasni 10 casa patuvanje, so prosecna brzina 20 kmh niz neasfaltiran pat. Se kacuvas vo edna planina, se spustas i taka se do blizina na Tirana, a sega za 2-3 saata si do granicata so Kosovo. Patistata bea uzas, ali mnogu ubava priroda ima vo tie delovi. Krajno vreme bese, nema turizam bez patista. I preku Debar bi bilo epten top rabota, zosto sekoja godina se poveke turisti idat od Makedonija.
Bravo za Albanija, bravo za chichko Sali ;)
 
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.054
Поени од реакции
6.440
Секоја чест за овој проект...
Да се надеваме дека во скоро време исто така Албанија и Македонија ќе се поврзат со Автопат...
За жал досега кај нас многу малку се вложуваше во инфраструктура , која всушност е основа за било каков развој...
Се плашам само дека со ова поврзување ќе се намали трговската размена помегу Косово и Македонија...
 
Член од
4 октомври 2008
Мислења
4.014
Поени од реакции
1.245
За пар години Косово и Албанија United :toe:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom