Во Албанија отворена канцеларија на партијата на Македонците

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.043
Поени од реакции
4.698
Македонија е сама слаба држава со нејасна иднина , и тешко е да им пружи некаква голема подршка на македонците надвор од Македонија. Денеска Албанија оди многу напред , во сите сфери : економија , култура , образование. Во Македонија веќе мислам дека нема ни музика , дали некој снима нова песна , дали нешто се дешава во оваа поле , дали некој издава некоја нова книга , освен овие ретардираните книги за основците.
Значи што има да им понуди Македонија како матична земја на македонците од Албанија ? Освен државјанствата кои им ги даваат.
http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=120251

Образованието:

Uncompleted primary: 14.8%Primary: 18.6%Junior secondary: 38.4%Senior secondary: 21.7%Higher education: 2.9%Illiterate: 3.6%
:tapp:
 

Кајганеро

Немој не ме радуј!
Член од
3 јули 2010
Мислења
2.801
Поени од реакции
2.600
Ех, добро шо го спомна Темелко. Тој. Баш тој кој што го величиш.

Не беше тој кој што маваше груда дека има 500.000 македонци во Албанија, и не успеа едно пратеничко место да обезбеди? Чинам тој беше или има друг некој на кој што алудираш?
Е сега. Елементарни права, македонците ќе добијат во Албанија, кога цела Албанија ќе добие елементарни права. Вајрлес интернет е сајенс фикшн во Албанија. И за албанците, сакаш веруј, сакаш не.

Е сега, да резимираме малку за тие твои (и мои) права, помеѓу албанците во Македонија, и македонците во Албанија.

Албанци убиени во Македонија од страна на режимот на Бранко.
Македонци убиени во Албанија од нечиј режим...нема.

Македонец ќе убие албанец (во Топанско поле) ќе се шета слободен. Албанецот ќе го најде македонецот како се шета слободен, ќе го убие, и ќе јаде доживотна робија. Албанците не се угнетени од системот? Ма дај...

Генерал во АРМ јавно пред камери изјави (и го попуши после изјавата) дека албанците не заслужуваат да бидат унапредени во АРМ... он бил должен само да ги вработи како бројка...

Во историјата на Р. Македонија, во ниеден учебник не е спомнат ниеден албански деец на територија на Р. Македонија. Такви многу ги има. Ниедно албанско име не се спомнува за време на Крушевската Република. А пустиот Крушевски Манифест како црвст доказ дека такви постоеле.

Во Албанија, тоа не им го прават на македонците.

И НЕ! Секој во Албанија има право да си се пише што сака. Има графа "Други".. Кога 300.000 македонци во таа графа ќе се потпишат Македонци, тогаш ќе се воведе посебна графа Македонец. За бројка од 50.000... наспроти 25% застапеност на албанците во Македонија...споредбата ти е глупава и смешна. Без разлика дали ти прифаќаш или не. Реалноста е друга.

Самите македонци во Албанија не знаат ни самите што се, и што сакаат. Никој со нож во грб не им седи. Во Македонија пак...од лично искуство можам да ти кажам дека презимето на дедо ми насила било променето со -ски. Чист обид за дискриминација...

Е богами, нече мочи.
Ок ајде да почнеме од најдоле до најгоре,прво дедо ти-Дали за времето на Енвер Хоџа македонците можеле да си го имаат своето презиме и име,или им било менувано?
Во кој албански ученик е спомнат некој македонски деец?
За Арм,има албанци кои одат и во Ирак под македонско знаме како и вработени во Полицијата,дали вие сакате во Р.М да имате генерал Албанец?
За "режимот на Бранко",дали он почна да убива Албанци без врска,или војната ја започна УЧК?Дали после војната беше креиран рамковниот договор?Која држава би го направила тоа?Па дури и Али Ахмети и другите генерали се во владата!
Дали знаеш колку Албанци имаат убиено Македонци во западниот дел? Жив пример војводата Мујо,каде се злосторниците?Тоа беше само еден пример од многуте?
Се ви е овозможено,човек ако ви подаде еден прст земате цела рака..
 
Член од
5 мај 2005
Мислења
4.454
Поени од реакции
178
Изгледа јас сум најмалку упатен на форумот. Ајде дај дообјасни ако сакаш.

95та, При дипломатски обид да се воспостави високо образование во склоп на скопските универзитети, кое ќе биде на албански јазик, првично планирано како дел од филолошкиот во Скопје, проект аминуван од повеќето политичари во МК, Киро Глигоров заедно со Бране, го убија тој проект. Албанците, барајќи тоа што им беше ветено, протестираа, и во знак на револт си го почнаа самостојно Тетовскиот Универзитет. Бране, кој што виде дека се заеба...испрати џандармерија во Тетово, и полицијата посегна по животот на демонстрантите. Утепа тројца.
Во Бит Пазар исто. Гостиварските случувања 97ма исто беа режирани од СДСМ.

Значи ти зборувам за случки далеку пред 2001ва. Случки кои што да не се случеа, иднината ќе беше многу поинаква. Но, што е тука е. Се случи. Видовме албанците дека вие македонците не сакате да живеете со нас заеднички, затоа ние си "превземавме" контролата во териториите каде што сме мнозинство. И тргни си од главата поделба. Да сакавме, ќе добиевме. И тоа самите предавници македонски ќе ни ја подареа... за некои српски или бугарски идеологии.


Аха... да баш така... какви се шансите јас да одам да се шетам на шара без некој да ми се прави каубоец (ако воопшто стигнам до одредени делови на шара) а колкави се шансите ти да одиш на пример во Муртино (струмичко) без никој да се замара со тоа што си или каков си.

Македонци се шетале на шара, и албанци се шетале во Струмица. Ти зборувам за сосема нешто трето, двајца вршат убиство, едниот се шета на слобода, другиот осуден на доживотна робија. Едниот македонец, другиот албанец. Не е праведен системот. Јебига.


Професионално се закопал.

Имаш подоле чист пример од колега од форумов "зар сакаш генерали да станат.." Tоа е и причината зашто никој не сака. Јас да се борам за Македонија, и после некој шапшал да ме осуди за кур ќејф? На погреб да дојде поп да ми пее ако дадам животот за Македонија? Сфати ме како сакаш, ама не. Од жртвите на Карпалак 2ца беа муслимани. Скоро имаше помен во нивна чест, само попови видов. Никој тие 2ца не ги испочитува и еден оџа да викне. Зашто е тоа така не знам, ама јас така не сакам да биде. Не сакаат и сите други албанци.

Ова е точно и така е. Но системот на Македонија за образование изоставува и многу Македонци.

Да, но проблемот стои во тоа што македонец го контролира тој систем. Македонец сам ги изоставува македонците. Друго е сам кога се негираш, а друго е кога некој друг те негира тебе. Би те разбрал кога србин би те мавал по глава и би ти рекол вака ќе учиш, ко што си беше на времето. Но денеска после 20 години, вие упорно верувате во нечија друга историја. Нејсе, ти што сакаш учи, што сакаш верувај. Но, не смееш! мене да ми браниш јас што да учам и да ме негираш. Немаш право.


Да Албанија е ветената земја. :)


Човеков живот е вреден дали е еден или 100.000. Смешно е да се зборува за права како нешто за кое што се треба да се исполни квота. Ова во Македонија со квотата од 20% не е веќе права. Права се да се формира партија, да нема дискриминација, да не се деградира некој поради националното итн... 20ката веќе се привилегии (како што кажа некој друг). Исто така и може да стане збор за конститутивен народ кој се потрудил (со својата бројка/тежина) да придонесе за осамостојување, формирање и одржување на државата. Но Албанците очигледно не се дел од оваа држава бидејки како што гледам ти ја браниш Албанија. Во ред е, си ја осеќаш како матична земја... јасно ми е тоа, ама не мешај човекови права со права од друг тип. Никој во Албанија не бара Македонски да се зборува во парламентот. Не се секирај, хомогеноста владее кај нив.

Многу грешиш, јас не ја бранам Албанија, ама ако не се ни замарам да се обидам да ти го променам мислењето дека веќе ми скурчи од објаснување. Но! Не можеш да кажеш дека албанците се не потрудиле да бидат конститутивен народ. Во Тетово на Железничка станица стои едно убаво парче камен каде што убаво си пишува дека албанци и македонци заедно ја изградиле ...пред 100тина години. Денеска.. поради не знам кои причини...македонците сеуште го сметаат Тетово само како македонски град. Ги бришат насила албанците дека воопшто постоеле во Тетово. Истото и во Скопје, и други реони каде што албанците порано живееле. Нејсе...не ми верувај мене, верувај им на србите и бугарите, твоите православни браќа. Затоа и ме губиш како комшија. По твој личен избор, а не дека јас како албанец сакам да се одделам од тебе.

Штета. Навистина жално. Е ова веќе е дискриминација. Во Албанија сите Македонци имаат Македонски имиња... и да мојот дедо не беше -ич па -ов... не само вие патите. Не викам дека е праведно ама како да живееш во меурче со полу-пропустлива мембрана. Што сакаш пушќаш што сакаш не. А за тоа што Македонците во Албанија не знаат што се кој е крив? Кој може да се меша во самоспознавањето а? Па се знае сигурно не беше Литванија за тоа крива.

Ти зборувам за тоа дека јас лично со мои уши сум слушнал како македонец ми вика дека е бугарин во Албанија. За тоа, албанците не се криви, извини. На тоа алудирав.

Случајот Македонци во Албанија е различен од случајот Албанци во Македонија. Значи не треба да има споредби. Едноставно што треба да има во Албанија се човековите права и да не им се попречува на Македонците во формирање на свои органи и градење на својата самосвест. Ништо друго не е потребно. Значи ова важи за учебници на граница и ред други работи.


Ок ајде да почнеме од најдоле до најгоре,прво дедо ти-Дали за времето на Енвер Хоџа македонците можеле да си го имаат своето презиме и име,или им било менувано?
Во кој албански ученик е спомнат некој македонски деец?
За Арм,има албанци кои одат и во Ирак под македонско знаме како и вработени во Полицијата,дали вие сакате во Р.М да имате генерал Албанец?
За "режимот на Бранко",дали он почна да убива Албанци без врска,или војната ја започна УЧК?Дали после војната беше креиран рамковниот договор?Која држава би го направила тоа?Па дури и Али Ахмети и другите генерали се во владата!
Дали знаеш колку Албанци имаат убиено Македонци во западниот дел? Жив пример војводата Мујо,каде се злосторниците?Тоа беше само еден пример од многуте?
Се ви е овозможено,човек ако ви подаде еден прст земате цела рака..
Една реченица, два болда. Болна вистина во која што сам признаваш и сфаќаш зашто албанците нема да се борат во АРМ за Македонија. По твоја сопствена вина.
Читајте другото со болдирано што е...
 
Член од
3 септември 2010
Мислења
112
Поени од реакции
26
Македонец ќе убие албанец (во Топанско поле) ќе се шета слободен. Албанецот ќе го најде македонецот како се шета слободен, ќе го убие, и ќе јаде доживотна робија. Албанците не се угнетени од системот? Ма дај...
aloooo, timbo zelenaaa...toj prviot (ic ne mi e gajle dali e Makedonec ili Albanec) setal slobodno zasto ubil vo samoodbrana i vo odbrana na svoeto semejstvo..a vtoriot (i za nego ne mi e gajle dali e Makedonec ili Albanec) ke lezi dozivotna zasto ubil smisleno..
ili neee, toj oti e Albanec moralo da ima privilegii za nego..alooo, citaj se malku sto pisuvas..
 

Tоni

ILLYRIAN
Член од
26 февруари 2009
Мислења
13.639
Поени од реакции
10.237
Ок ајде да почнеме од најдоле до најгоре,прво дедо ти-Дали за времето на Енвер Хоџа македонците можеле да си го имаат своето презиме и име,или им било менувано?
Во кој албански ученик е спомнат некој македонски деец?
За Арм,има албанци кои одат и во Ирак под македонско знаме како и вработени во Полицијата,дали вие сакате во Р.М да имате генерал Албанец?
За "режимот на Бранко",дали он почна да убива Албанци без врска,или војната ја започна УЧК?Дали после војната беше креиран рамковниот договор?Која држава би го направила тоа?Па дури и Али Ахмети и другите генерали се во владата!
Дали знаеш колку Албанци имаат убиено Македонци во западниот дел? Жив пример војводата Мујо,каде се злосторниците?Тоа беше само еден пример од многуте?
Се ви е овозможено,човек ако ви подаде еден прст земате цела рака..
Ајде бе не кажувај гачки овде.Тој што го уби мујо одлежи 15-20 години затвор.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom