Во Аеродром секој понеделник ќе се крева знаме и ќе се пее химната на Македонија

курајбер

млад, потентен
Член од
29 јануари 2007
Мислења
14.404
Поени од реакции
32.229
А која химна ќе ја пејат станарите од Косово што ќе ги населат во Турските кули ?
Ако им значеше толку патриотизмот немаше за ич пари да ја сменат демографијата на една чиста населба.
 

Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.670
Поени од реакции
21.224
Поткревање на национализам значи дека многу не е во ред во државата. А вие што зборите - албанците би правеле така сите а ние јадеме гомна - лошо е секако, општо гледано. Тотална глупост, американците прават така само и тоа е наследство на нацистичка Германија.
 
Член од
27 август 2014
Мислења
87
Поени од реакции
121
На тетовскиот универзитет академската година еднаш веќе почна со интонирање на албанската химна. Сега со овој акт, тоа ќе се прелее и во основните и средни училишта. Процесот на кантонизација и федерализација мора да продолжи со полна пареа, та не седат у влада за џабе...
 

Коловрт

Озимандија
Член од
12 април 2010
Мислења
4.002
Поени од реакции
9.160
Не сфаќам зошто го мразите ова...

Сега врв ќе биде кога некој медиум близок до власта ќе објави „истражување“ како 62,3% од учениците не ја знаеле целата химна, па некој ќе отвори тема за тоа на Кајгана, па ќе се испишат двојно повеќе страници за тоа како децата биле дегени. :rolleyes:
 

Awake

б.
Член од
30 декември 2007
Мислења
3.198
Поени од реакции
2.628
.. типична македонштина vol. 32490213012

Па да го прочитавте ова за некое албанско тетовско/гостиварско основно училиште овде као демек сите патриоти ќе гинеа на темава и ќе кажуваа „еееееј, до кое дереџе сме дошле.“

Па не што само ќе се пее таму, треба сегде, ради ваквите лешинари ко вас.
 
Член од
13 јули 2010
Мислења
1.079
Поени од реакции
447
ако ако нека грми химната, од некаде мора да се почне, зошто да не биде Аеродром
 
Член од
14 февруари 2013
Мислења
579
Поени од реакции
697
Поголеми антинационалсти од нас самите не постојат во светов.
Бадијала ќе пеат химни и ќе изиграваат дебили со знамињата...
Нека не се брукаат и нека си седат дома, пошто знаеме каков „национализам“ владее во нашава „чудесна“ земја. :facepalm:
 
Член од
28 мај 2008
Мислења
3.966
Поени од реакции
4.072
.. типична македонштина vol. 32490213012

Па да го прочитавте ова за некое албанско тетовско/гостиварско основно училиште овде као демек сите патриоти ќе гинеа на темава и ќе кажуваа „еееееј, до кое дереџе сме дошле.“

Па не што само ќе се пее таму, треба сегде, ради ваквите лешинари ко вас.
Типичен локал патриот, знаеш дека во основни училишта во Аеродром родителите даваат пари за сапун и тоалетна за нивните деца ? Знаеш дека некои деца држат по цел ден за да не одат во ВЦ само да не повратат во тоа ВЦ-то ?
И ти тука ми правиш муабет патриотизам ова она, кога децата не можат основните физиолошки потреби да ги извршат на раат
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
28.834
Поени од реакции
57.664
Нека им ја пуштаат химната на нашите пеачи кои ја изведуваат химната на спортски настани за конечно да ја научат :facepalm:
Да научат дека строфата "Не плачи Македонијо мајко мила..." не постои во новата химна и никакво старо, младо, машко и женско не се кренало на нозе за да игра :icon_mrgr:

Он топик:
Поглупа одлука амин. Уште илјада цркви да изградат на секое метро во населбата, секој ден нека ја пуштаат химната на Македонија, пак нема да го смени фактот дека им дозволија на Џевахирци да си изградат згради во кои населението ќе биде директива од Косово, што ќе придонесе за менување на демографијата на Аеродром.
Нека одат да ги сменат таблите од неправилно прекрстените училишта во Чаир, нека одат да забранат пеење на странска химна на отварањето на училишта сред Скопје , Тетово, Гостивар, Струга итн, а не да пеат Македонска химна во засега скоро 100% Македонска населба.
 

Awake

б.
Член од
30 декември 2007
Мислења
3.198
Поени од реакции
2.628
Типичен локал патриот, знаеш дека во основни училишта во Аеродром родителите даваат пари за сапун и тоалетна за нивните деца ? Знаеш дека некои деца држат по цел ден за да не одат во ВЦ само да не повратат во тоа ВЦ-то ?
И ти тука ми правиш муабет патриотизам ова она, кога децата не можат основните физиолошки потреби да ги извршат на раат
wtf?! има врска ова со тоа што јас го кажав?!
 

Kajgana Shop

На врв Bottom