Војна во Украина (исклучиво воена перспектива)

Член од
16 октомври 2020
Мислења
2.626
Поени од реакции
5.558
Во првите два месеци од војната, западната помош за Украина се состоеше од Џавелини, стингери и nlaw. Два месеци имаа Русите да воспостават воздушна супериорност, барем над источна Украина. Не успеаја.
Нема потреба од тоа ни тогаш, ни сега. Артилеријата си ја завршува работата и отстранува секакви одбрани.
 
Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.011
Поени од реакции
4.670
Не се споредливи воопшто Украина и Ирак на ниту едно поле.

Првин Ирачката опрема е составена од извозни модели или лиценцирано производство на извозни модели што е уште едно скалило поназад во однос на квалитет. На пример "Т-72"ките на Ирак се всушност "Лавови од Вавилон" модели, кои се пак склопени во Ирак од делови со најразлично потекло во почетокот примарно од Полска. Наследената Украинска опрема од друга страна е примарната Советска опрема, и Украина исто така има пристап до целиот технолошко-развоен како и прозиводствен процес. Харковската фабрика за тенкови претставува скоро половина од произдвоствените капацитети за тенкови ( другата половина е Уралзавод во Русија). И секако тука е најважното за Украина а тоа е против - воздушна опрема, Ирак немал ниту 2% од тоа што го имаат Украинците. Да не беа С-300 и БУК на Украинците оваа војна ќе беше завршена до сега.

Ирачкото воено искуство од Иран е 8 години статична пешадиска војна каде што ниту двете страни немаат индустриски капацитети ниту пак логистика за масовна војна и каков било пробив. Кувајт не ни може да се смета за војна зошто Кувајт нема армија. Армијата на Ирак во 1990 е една исцрпена сила која после 8 години војна нема ниту има индустрија да се модернизира ниту пак има пари, впрочем тоа е и причинта за окупацијата на Кувајт.

И последно Ирак е обиколен од непријателски држави од сите страни Ирак, Сирија, Саудиска Арабија па и Иран сите даваат подршка за војната против Ирак, Саудиска Арабија буквално потпишува бланко чек. Внатрешната ситуација не им е во ниту еден случај подобра каде што како долгогодишни партнери на САД се комплетно пробушени а ова е и периодот кога Америка е во својот зенит и има неограничени финансиски можности. А секако тука се и внатршените проблеми со Курдите и Шиитите.

Украина и Ирак не можат да се споредат по ниту еден основ. Ирак наместо да беше во војна со Иран 8 години, да беше опремуван од Русија и Кина 10 години, плус Иранците да функционираа како логистичка подршка и коридор е тогаш ќе имаше некаква споредбена ситуација.
Како не се споредливи, Ирак е ѕверот од 80тите, вооржуван од сите можни сили во војната против Иран.
Од разновидност на тенкови, артилерија, оклопни транспортери, дури и солидни борбени хеликоптери. За скадови да не зборуваме. Ги стрелаше кон Иран, Кувајт, С. Арабија, Израел како да се град ракети. Ирак дури поседуваше и 4та генерација борбени авиони, Миг-29. Пред 30 години.
Воено искуство колку сакаш. Војуваше деценија со Иран, војуваше со Курдите, го освои Кувајт испраќаше дивизии во борбите против Израел.

Ирак, пред Заливската војна, беше една од најдобро опремените и една од најбројните армии на планетава. И тоа како споредлив со денешна Украина. Пред 30 години.
Тогашен Ирак против денешна Украина би биле комплетно изедначени сили на борбеното поле.

Надворешните фактори се друг проблем. Тоа не беше ни целта на дискусијата. Да не беа САД, денес Садам можеби ќе имаше командуваше од Мека. Но истото важи и за Украина и Русија.

Иако некои споредби немаат смисла, за волја на дискусијата.
САД пред 30 години го среди Ирак за еден месец, со двоцифрен број жртви.
Русија војува со Украина скоро година, каде бројот на жртвите е најверојатно пет цифрен.

Ирак е буквално на другата страна на на планетава од САД.
Украина е сосед на Русија.

Многу тешко е да го спроведеш тоа ти што го збориш над Украина, дури и американците да би се пробале сигурно би изгубиле десетици авиони додека не го постигнат тоа. ПВО, поготово советското/руско може да биде многу непредвидливо за разлика од америчкото кое гледа само према таа страна на каде што очекува удар.
Се согласувам, пишав и претходно, дури и САД да интервенира против Украина, загубите би им биле огромни.

Ај објасни ми како ќе постигнат СЕАД кога американците имаат константни AWACS патроли на самата граница во Полска и Романија, и го мониторираат целиот воздушен простор и се во директна комуникација со Украинската против - воздушна одбрана. Исто така имаат и константни патроли со дронови и во црното море и целата сателитска мрежа им е насочена кон еден регион.

Баш би сакал да видам како Американците ќе го потиснеа Ирачкото ПВО, ако Русите и Кинезите имаа поставено радари во Иран и Сирија како и AWACS летови и констатни патроли во Персискиот Залив. Како и целата Руска и Кинеска сателитска мрежа насочена кон набљудување на Американските сили во Саудиска Арабија. Па Ирачаните ќе знаеја што ќе направат Американците и каде одат пред самите Американски војници да знаат точно.

Ова што го прават Американците е огромен преседан, зошто ниту една од големите сили не рачуна на вакво водење на војна. Кога би имало конвенционална војна помеѓу големите сили рачунај дека ниту сателиттите ќе постојат ниту пак AWACS авиони ќе летаат поблиску од 300 км од фронт, повторно ќе се отвори позадинскиот простор за концентрација на сила и со тоа за маневарска војна. Ова во моментов е буквално како играње шах со себе си.
Потиснување на противничката воздушна одбрана се постигнува на почетокот на војната, барем како што работи САД. Ни Авакси, ни сателити ништо немаше да ги спречи Русите доколку имаа средства да го спроведат тоа. Да бидиме јасни, дури и да не постои асистенција од надвор, Русија нема никогаш да постигни СЕАД, бидејќи Украина има респектибилна ПВО, иако со децении стара.

Дури и Ирак да имаше асистенција од надвор, немаше средства да ги запри Американците. Едноставно немаа солидна ПВО, но и со таа што ја имаа им соборија преку 30тина летала на САД. Не помагаат никакви рани предупредувања ако немаш ракети или авиони да ги насочиш кон непријателот.

SEAD не зависи од тоа дали непријателот е помогнат од разузнавачки податоци. Зависи од тоа колку добри средства имаш за откривање на непријателот и карактеристики на оружјата за да нападниш. Русија не поседува такви, и затоа не ни пробува да направи нешто со тоа. Не им е дел ни од воената стратегија, затоа па не ни развиваат такви.

Лесно е да уништиш радар, тешко е да уништиш возила со ракети за лансирање.
Што ќе правиш само со ракетите, ќе стрелаш на празно?
Сите модерни ПВО, освен АА, користат некој вид лоцирање и наведување, најчесто радар и сите тие системи се интегрирани, често пати во едно возило. На тие што не се на едно возило, ако им го уништиш радарот, тие се комплетно бескорисни.
Пишав погоре, дури и на Украина да и прекини целата надворешна поддшка, Русија нема да постигни воздушна доминација бидејќи нема капацитети да ги потисни Украинските одбрани.
Минус логистичка подршка и дотур на оружје од 40тина држави. 2003 Ирак беше препуштен сам на себе
Пишував за Ирак од 1991. Ирак од 2003та е комплетно друга армија.

Значи освен ПВО, ракети, и секаква техника и оружје што ја добиваат од САД и вазалите, тенкови, артилерија, дронови, муниција за сето тоа, сателитско и интернет покривање на терен, авакс тип на надгледување и контрола, па дури директно учество со војници/платеници (демек доброволци)... Освен тоа Ирак бил во „слична“ ситуација како Украина денес.
Русија е на три страни од 4 околу Украина. Русија е сосед на Украина. Русија веќе има војски во Украина пред нападот.
Ирак е на другата страна од планетава. САД го нападнаа Ирак од 1 страна од можни 4.
Русија имаше колку сака време за планирање, распоредување и сл.
САД беа ограничени со време во Заливската војна.
Русија исто така има сателити, авакси, дронови, буквално повеќе типови на тенкови, артилерија, противтенковски ракети од целиот Запад.
Русија е лидер во електронско војување. САД се години назад зад Русија на тоа поле.
Русија поседува балистички ракети што САД може да ги сонуваат.
Русија има повеќе тенкови отколку сите останати на планетава заедно.

На крајот имаме војна што Русија ја води цела година, а на САД им требаше месец и една недела да го столчат Ирак.
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.033
Поени од реакции
29.399
Pa voeno porazena Ukraina ne pretstavuva voena zakana povekje, toa se podrazbira. Zarobeni ili predadeni vojnici isto ne pretstavuvaat voena zakana.
Ali ova ti e tocno, ako nemozes ili neznaes brzo togas mora vaka ulica po ulica. Efektot okolu demilitarizacijata ke bidi ist samo sto ke treba mnogu povekje vreme, vojska i resursi koi sekako kostaat pari, pari koi inaku bi se upotrebile za drugi potrebi.

Ja drzat linijata na odbrana, sto drugo.
Sto pravat Rusite zaglaveni so meseci za edno gratce malce pogolemo od Aracinovo.
Ako mislis deka toa e nekoja taktika, da taktika e vo nemoznost da napravat nisto povekje okolu toa. Da mozea ili znaeja veruvaj ke napraveja :toe: .
Taka da ne si pravite bajram so umot deka ova e nekoj master plan, nekoja bozem superiorna taktika ili neznam sto za neznam sto.
Vojnata e skapa rabota, kolku pobrzo zavrsi tolku podobro i sekako poeftino za pobednikot. Nikoj nejki da se vlecka so meseci za edno gradce i da reci ova nas ni e taktikata, bas toa ni bese planot.
Првата и втората половина од постот се бесмислени кога ќе се постават едно наспроти друго. Викаш во ред е тоа ако не може брзо, тогаш барем споро нека иде. А после викаш „заглавени се Русите“. :)
Небитно. Битно е кој ќе победи на крај, а онолку човечки загуби од Украинците тоа не гледам како може да доведе до победа.

Не значи дека ова било „мастер план“ од почеток, едноставно гледаат дека работите се поволни за нив.

Во првите два месеци од војната, западната помош за Украина се состоеше од Џавелини, стингери и nlaw. Два месеци имаа Русите да воспостават воздушна супериорност, барем над источна Украина. Не успеаја.
Украинците и тогаш и сега имаат троцифрен број С300. Другите работи што ги кажуваш се одвишни.
Кога кажуваш (кажувате) дека Русите не користат воздушна супериорност, што имаат врска џавелини, стингери и nlaw? Руското ПВО што го имаат Украинците е она што прави разлика, не смрдливите џавелини, стингери и nlaw.

Ја овде читам само оправдувања. Ниеден од овие факти не ви беше познат пред да почне војната, сеа навидум прогледавте :D
Испадна Украина да ти била светска сила.
Ма какви, игнорираш куп аргументи и се правиш на тошо. Тапа. :)

Многумина ти објаснија дека споредуваш баби и жаби, но не се откажуваш. Главниот момент што целосно го игнорираш: Русија не војува само против Украина, туку војува против САД, НАТО И Украина. Процесирај го тој факт, па после прави споредби.
 
Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.011
Поени од реакции
4.670
Многумина ти објаснија дека споредуваш баби и жаби, но не се откажуваш. Главниот момент што целосно го игнорираш: Русија не војува само против Украина, туку војува против САД, НАТО И Украина. Процесирај го тој факт, па после прави споредби.
Секои две армии се споредливи и можеш да ги ставиш на кантар.
Непријателот и поддршката се променливите.
Способноста, обуката, мотивацијата исто.

Се тргна одовде:

Ирак и Украина ги споредуваш...сериозен ли си жити кариера?
Се дури не успеавте во муабетот да го пикните САД со аваксите.

Русија војува против Украина. Украина е поддржана финансиски, со опрема, обука и разузнавање од надвор.
Не е првпат во историјата ова да се случува. Напротив, истото Русија го правеше против САД во две големи војни.
Русија, требаше да знае дека ќе дојде до оваа ситуација. Оттука требаше да биди спремна за ова сега.
Русија беше свесна и знаеше дека, долго пред да ја нападни Украина, Западот ја вооружуваше и обучуваше Украинската армија.
Русија ги имаше апсолутно сите карти во рака пред да нападни. Можеа да бираат што сакаат. Знаеа што се случува внатре во Украина. Знаеа кој им е непријател.

Година подоцна, изиграа така, да сега се заглавени во војна чиј крај не се гледа. Сигурно дека овој не е исходот кој го планирале.

Русија евентуално ќе ја добие војнава, вака или така. Но цената што ќе ја плати ќе биди многу голема. Многу поголема доколку направеа добри пресметки и припрема пред да се впуштат во ваков конфликт.
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.521
Поени од реакции
26.012

Тука е приказната поинаква. Русија точно знаела што ќе добие и не верувам дека некогаш планирале или очекувале нешто поинаку. Знаеле дека западот ја обучува Украина, знаеле дека ќе добие поддршка каква што добива, тоа е несомнено. Дали се заглавени во војнава е прашање на перцепција. Можеш многу лесно да ја смениш перспективата и да видиш дека уствари западот е тој што е заглавен во Украина. Економски ова на западот му удира од глава, не на Русија. Излегоа на површина многу проблеми, паднаа многу митови. Само една работа е очигледна константа, тоа е дека сеуште тепаат во пропагандната војна...
 
мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
17.697
Поени од реакции
20.956
Првата и втората половина од постот се бесмислени кога ќе се постават едно наспроти друго. Викаш во ред е тоа ако не може брзо, тогаш барем споро нека иде. А после викаш „заглавени се Русите“. :)
Небитно. Битно е кој ќе победи на крај, а онолку човечки загуби од Украинците тоа не гледам како може да доведе до победа.

Не значи дека ова било „мастер план“ од почеток, едноставно гледаат дека работите се поволни за нив.
Velam deka ne e toa nekoja superiorna taktika, nesto sto Rusite go planirale i bas taka ispadnalo kako sto planirale, kako sto tuka ja pretstavuvate tuku tolku im se moznostite i znaenjeto, osven sekako ako nivnata glavna taktika i cel im e da se baftaat za sekoja ulicka od sekoja naselba posebno i taka so meseci i meseci, godini i godini.
Автоматски споено мислење:

Тука е приказната поинаква. Русија точно знаела што ќе добие и не верувам дека некогаш планирале или очекувале нешто поинаку. Знаеле дека западот ја обучува Украина, знаеле дека ќе добие поддршка каква што добива, тоа е несомнено. Дали се заглавени во војнава е прашање на перцепција. Можеш многу лесно да ја смениш перспективата и да видиш дека уствари западот е тој што е заглавен во Украина. Економски ова на западот му удира од глава, не на Русија. Излегоа на површина многу проблеми, паднаа многу митови. Само една работа е очигледна константа, тоа е дека сеуште тепаат во пропагандната војна...
Se ova sto go nabroja za zapadot ke se slucese i ako Ukraina padnese, kapitulirase , samo sto Rusite daleku pomalce ke gi kostase vo ljuge, oprema i resursi. Bukvalno istoto duri i poloso po zapadot.
 
Последно уредено:
Член од
3 јануари 2023
Мислења
7.059
Поени од реакции
4.551
Во Форумот од играта „War Thunder“, во која играчите контролираат симулирани тенкови, авиони, војни бродови и артилерија, на кратко се појавиле информации од тајни документи од најмодерниот руски авион „Su-57“ како и од „Mig-29“. Информациите биле многу брзо тргнати од администраторите на серверите.
Инаку само 5 авиони од типот „Su-57“ биле активни, најверојатно од страв да не бидат соборени.

Повеќе за СУ-57
 
Член од
14 ноември 2013
Мислења
6.189
Поени од реакции
19.266
Покрај напредокот околу гратчето Вуледар, руската армија и силите на ДНР ја проширија тампон зоната северно од Володимиривка.

Eisenhorn

Lord Inquisitor
Член од
6 мај 2009
Мислења
3.741
Поени од реакции
8.228
Нема потреба од тоа ни тогаш, ни сега. Артилеријата си ја завршува работата и отстранува секакви одбрани.
Не може да се воспостави 100% воздушна надмоќ над држава со површина на Украина која располага со десетици (минимум) батерии С-300 и истите ги произведува(ше) додека во реално време добива податоци од НАТО сателити и авакси.

Можеби Американците би можеле доколку прифатат загуби на ниво на Виетнамската војна
 
Ingvar

MONAD
Член од
28 март 2020
Мислења
3.555
Поени од реакции
8.383
Што ќе правиш само со ракетите, ќе стрелаш на празно?
Сите модерни ПВО, освен АА, користат некој вид лоцирање и наведување, најчесто радар и сите тие системи се интегрирани, често пати во едно возило. На тие што не се на едно возило, ако им го уништиш радарот, тие се комплетно бескорисни.
Пишав погоре, дури и на Украина да и прекини целата надворешна поддшка, Русија нема да постигни воздушна доминација бидејќи нема капацитети да ги потисни Украинските одбрани.
Русија го оневозможи целокупно ПВО на Украина во првите неколку денови, проблемот кој го има Русија е САД и аваксите. За 15 мин. ќе биде контролирано небото ако ги средат аваксите. Целото ПВО им е интегрирано сосистемите на НАТО, ја користат цела опрема на располагање, радарските системи. Не е ова Украинска армија, сите оператори се американци, украинците трчаат само и гинат по бојно поле и ровови, ни химарси управуваат, ни патриот ни тенкови ќе возат ни бутур.
Русите мора да одат систематски, како сега што прават и да дејствуваат локално и што вика Клинтон косат трева, не само со авиони туку и со хеликоптери, кои се уште побитни на русите.
Иначе и да имаат целосна воздушна супериорност русите немаат наведувани бомби, многу малку имаат и тоа им е една од утките, ама најверојатно доктрината им е таква. Исто имаа проблем и имаат со користење на дронови. Тие две работи и корупцијата у поглед на опрема им се утки, другото е ок.
Автоматски споено мислење:

Во Форумот од играта „War Thunder“, во која играчите контролираат симулирани тенкови, авиони, војни бродови и артилерија, на кратко се појавиле информации од тајни документи од најмодерниот руски авион „Su-57“ како и од „Mig-29“. Информациите биле многу брзо тргнати од администраторите на серверите.
Инаку само 5 авиони од типот „Su-57“ биле активни, најверојатно од страв да не бидат соборени.

Повеќе за СУ-57
До сега е фатен на радар кој знае колку пати и идентификуван како СУ 57 и со тоа американците знаат која му е таа radar cross section. А у глобала сите знаат дека не е сигурно колку врапче. Немаат стелт технологија како американците русите у секој случај, да имаа ќе имаа и крстосувачки стелт ракети како JASSM. Русите се ориентирани кон хиперсонична технологија и големи количини на ракети.
 
Последно уредено:

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.033
Поени од реакции
29.399
Velam deka ne e toa nekoja superiorna taktika, nesto sto Rusite go planirale i bas taka ispadnalo kako sto planirale, kako sto tuka ja pretstavuvate tuku tolku im se moznostite i znaenjeto, osven sekako ako nivnata glavna taktika i cel im e da se baftaat za sekoja ulicka od sekoja naselba posebno i taka so meseci i meseci, godini i godini.
...
Se ova sto go nabroja za zapadot ke se slucese i ako Ukraina padnese, kapitulirase , samo sto Rusite daleku pomalce ke gi kostase vo ljuge, oprema i resursi. Bukvalno istoto duri i poloso po zapadot.
Не знам дали е „супериорна“ тактика, ама е ефективна тактика. Да имале други подобри опции секако ќе ги употребеле. Најпосле неизбежно ќе видиме на крајот од војната.

Не заборавај дека ова е хибридна војна, уште поголеми последици требаше да има од економската војна што западниве ја водат против Русија. Во Украина воено потфрлија западните, ама економски ептен потфрлија во војната. Ете ги САД според сите параметри се во рецесија само не признаваат, Британија вчера читав - исто така. Русија? Не баш.

Западниве се медиумски јаки, ако не читате разни извори - свашта ќе верувате.

Автоматски споено мислење:

Секои две армии се споредливи и можеш да ги ставиш на кантар.
Непријателот и поддршката се променливите.
Способноста, обуката, мотивацијата исто.
Тогаш споредувај ги Ирак со Русија, нели и двете како противници на САД и вазалите.
Ете ти ги сите потребни состојки за истиот западен рецепт:
Диктатор (демек)?
- чек.
Поседуваат оружје за „масовно уништување“?
- чек.
Демек „оска на злото“?
- чек.
Прогласени за „терористичка“ држава?
- чек.
Итн, итн.

Мислам ако веќе правиме инфантилни муабети (споредби), ајде тогаш да ги споредуваме Ирак со Русија како противници на САД и вазалите. Ете некако магично да ги снема сите нуклеарки, мислиш САД денес можат да водат конвенционална војна против Русија, или макар со Кина? Ете поединечно, нема ни да земеме во обзир дека во тој сличај воен сојуз меѓу Русија и Кина е очекуван и природен.

Повторно... остави споредби на Украина со Ирак, Украина не е само Украина туку противниците на Русија се САД и вазалите.
 
Последно уредено:

Ingvar

MONAD
Член од
28 март 2020
Мислења
3.555
Поени од реакции
8.383
Ова е веќе сериозно загазување у WW3, паѓа ракета на руска територија и на нејзе пишува мејд и УСА. ќе има одговор од Русија кај и да е....многу опасна ситуација е ова, еден чекор до нуклеарен холокауст е планетава, нема никаков сомнеж тука. Ако американците не свиткаат опашка после некоја ескалација од страна на Русија си еба матер све.
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.033
Поени од реакции
29.399
Русија го оневозможи целокупно ПВО на Украина во првите неколку денови, проблемот кој го има Русија е САД и аваксите. За 15 мин. ќе биде контролирано небото ако ги средат аваксите. Целото ПВО им е интегрирано сосистемите на НАТО, ја користат цела опрема на располагање, радарските системи. Не е ова Украинска армија, сите оператори се американци, украинците трчаат само и гинат по бојно поле и ровови, ни химарси управуваат, ни патриот ни тенкови ќе возат ни бутур.
Русите мора да одат систематски, како сега што прават и да дејствуваат локално и што вика Клинтон косат трева, не само со авиони туку и со хеликоптери, кои се уште побитни на русите.
Иначе и да имаат целосна воздушна супериорност русите немаат наведувани бомби, многу малку имаат и тоа им е една од утките, ама најверојатно доктрината им е таква. Исто имаа проблем и имаат со користење на дронови. Тие две работи и корупцијата у поглед на опрема им се утки, другото е ок.
Сеуште имаат солидни колични на С300 кои не ги употребуваат баш за да не бидат уништени. Како што русите употребуваат повеќе авијација на фронтот (со ниски летови додуше), така и САД испраќаат понекој украински С300 во поизбацени позиции - и така понекои од нив се уништувани. Секој месец има барем од едно потврдено с300 уништување (или повеќе). Но тоа што солиден број од с300 ги чуваат неупотребени е причината зошто РФ не почнува масовно класично бомбардирање, нема ни да има такво нешто во оваа војна (или во било која војна против држава која има современо ПВО).

Адекватно ПВО е причината зошто држави како Иран и Кореја не се нападнати во последниве децении. Имаат голема и способна конвенционална армија за спротиставување на копнен напад, и ПВО што е доволно способно да им ја помати сметката на западните.

САД Русија ги нападна преку прокси (украинската марионетска власт), ама енд гејмот се свесни дека не може да биде воена победа. Енд гејмот е создавање услови за државен удар во Русија... Ова го зборувавме уште пред војната, само истите кои го игнорираа тоа тогаш - го игнорираат и сега. Поинтересни се муабети за тенкови, авиони и ПВО. :unsure:
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom