Војна во Украина (исклучиво воена перспектива)

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.587
Поени од реакции
26.099
не би сакал да влегувам во хипотетички муабети, не ме бива за фикција.

Како што ти кажуваш, имале 8 години да се спремат, да модернизираат војска, да натрупаат војска бројчано и да испланираат подобро. Русија не го направи тоа, Украина делумно го направи.
И сега сме тука каде што сме, после осум години припремање на само 30.000 војска ќе се жалиме дека ни е малку, па што мислеа? што планираа?
Мобилизацијата е директен доказ дека не се припремиле правилно за тоа што го целеле како финална цел.
Exactly, не планирале тоа што ти го мислиш, не планирале тоа што САД го мислеа, не планирале тоа што Украина го мислела. Планирале да го освојат Керсон. Тие 30К според Украински извори или 9К според Руски извори (што најверојатно е вистината) биле да го замајаваат фокусот на Украинската армија и нејзините западни господари.

Па одтаму излегоа приказните за километарски конвој со логистика кој „заглавил“ на само помалку од 100 килемтри од граница и така заглавен без бензин успеал да исчезне за една ноќ, без никој да го примети.
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.219
Поени од реакции
35.821
Муабетиве дека нападот од север беше лажњак за да пробиеле од југ имаат нула логика и се фантазија. Ни мнозинството руси не веруваат во приказнава.

Целта беше убод во срце и влез во Киев што е можно побрзо а со тоа и пад на власта во Украина. Не успеа тоа и ги заглавија таму со огромни загуби.

Стварно не разбирам како го гледате тоа како планирана работа.
 
Ајде и ти објасни ми, како може да мислеле дека може да се завземе Киев со еве 30К војска, ако ние двајца тука расправавме за џавелините и за другото оружје што го добила Украина уште пред да почне војната? Тоа ти е подценување на Русите до нацизам.

Еве пробај да одговориш на наједноставно прашање, што беше причината за заглавени конвои и како тие заглавени конвои преку ноќ исчезнаа? И зошто на пример немаше заглавено конвои на југ, каде што е подлабоко во Украинска територија? И зошто според Украински извори 80% од војската беше на југ, за 20% на север (Според руски извори 7% на север), ако знаеме дека срцето е на север.

Или пологично е твоето сценарио дека сакале воздушен десант или воздушен мост да направат на само 100 км од граница.
 
Последно уредено:

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.313
Поени од реакции
29.779

Еве пробај да одговориш на наједноставно прашање, што беше причината за заглавени конвои и како тие заглавени конвои преку ноќ исчезнаа? И зошто на пример немаше заглавено конвои на југ, каде што е подлабоко во Украинска територија? И зошто според Украински извори 80% од војската беше на југ, за 20% на север (Според руски извори 7% на север), ако знаеме дека срцето е на север.
Од мое искуство логика е бесполезна против инает.
Всушност и аргументи/факти не помагаат многу.

Најпосле ако северниот фронт толку љубат да го сметаат за пораз, кој си па ти да им го ограничуваш тоа задоволство?
 
Последно уредено:

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
17.782
Поени од реакции
21.188
Ајде и ти објасни ми, како може да мислеле дека може да се завземе Киев со еве 30К војска, ако ние двајца тука расправавме за џавелините и за другото оружје што го добила Украина уште пред да почне војната? Тоа ти е подценување на Русите до нацизам.

Еве пробај да одговориш на наједноставно прашање, што беше причината за заглавени конвои и како тие заглавени конвои преку ноќ исчезнаа? И зошто на пример немаше заглавено конвои на југ, каде што е подлабоко во Украинска територија? И зошто според Украински извори 80% од војската беше на југ, за 20% на север (Според руски извори 7% на север), ако знаеме дека срцето е на север.
Oti domasniot esap ne sekogas izleguva na pazar :toe: .
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
23.655
Поени од реакции
38.839
30к ќе беше доволно војска планот да испаднеше како што треба. Имаме дискутирано, ќе довлечеа засилувања. Но проблемот беше што беа начекани во заседа. Слабото разузнавање што се дешава на терен си го направи своето.
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.587
Поени од реакции
26.099
Oti domasniot esap ne sekogas izleguva na pazar :toe: .
Владе, не збориме за ловно друштво Стогово (Дебарското не Кичевското пошто Кичевчани се малце поспособни) за да се преесапиле. Разбирам на пример имало гадни битки кај што Русите изгубиле и се повлекле. Ајде некако ќе замижам и ќе разберам на пример дека имало огромен конвој што заглавил ради бензин и неисправност на возилата (?!?!?) на помаалку од 100 километри од граница, ама како бре преку ноќ се поправиле во возилата и пази молимте не продолжиле така поправени и наполнето со бензин, туку се вратиле. Не збориме за 1-2 возила, туку за километарски колони.

Па ајде друга логика. Според Украински извори, Русија учествувала во северната офанзива со 15К-30К војска, ај сега јас да те прашам тебе да пресметаш, колку една 40 километарска колона има возила и колку шофери се потребни за нив. Нема апсолутно никаква логика, Русите да сакале нешто повеќе да постигнат на север, освен да им ги замајаваат Украинците, додека на југ иде глатко.
 
Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.065
Поени од реакции
4.715
Ако сакаа да им држат војска на северот на Украина, ќе користеа артилерија да бомбардираат постојано и ќе навлезеа плитко во Украинска територија, со тоа избегнувајќи посериозни загуби. Како што прават впрочем по целиот фронт.
Најверојатно целта им беше брз пад на Киев. А тоа не се прави со огромна војска бидејќи се потребни брзи движења и распоредувања.
 
Само уште обидот за влез во Киев фали, пошто реално беа пред Киев уште првиот ден.
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.219
Поени од реакции
35.821
Ајде и ти објасни ми, како може да мислеле дека може да се завземе Киев со еве 30К војска, ако ние двајца тука расправавме за џавелините и за другото оружје што го добила Украина уште пред да почне војната? Тоа ти е подценување на Русите до нацизам.

Еве пробај да одговориш на наједноставно прашање, што беше причината за заглавени конвои и како тие заглавени конвои преку ноќ исчезнаа? И зошто на пример немаше заглавено конвои на југ, каде што е подлабоко во Украинска територија? И зошто според Украински извори 80% од војската беше на југ, за 20% на север (Според руски извори 7% на север), ако знаеме дека срцето е на север.

Или пологично е твоето сценарио дека сакале воздушен десант или воздушен мост да направат на само 100 км од граница.
30 илјади имаше само во Белорусија. Кај се останатите што јуришаа од Курск - Суми и од Чернихив надоле накај Киев. ВДВ, Спецназ, сите најдобри елитни единици беа во Белорусија и ударна тупаница при нападот. Правеа десант на факинг Хостомел со најдобрите армиски единици. За што? За диверзија? За диверзија жртвуваа луѓе кои ќе им требаат години да ги заменат? Имајте малку common sense за работиве.
Автоматски споено мислење:

Само уште обидот за влез во Киев фали, пошто реално беа пред Киев уште првиот ден.
Па не можеа да влезат зашто заглавија кај Буча и Ирпин во крвави урбани битки кај што имаа страшни загуби кај елитните единици. Покрај тоа и конвоите од Белорусија надоле партал им ги правеа од заседи.
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.587
Поени од реакции
26.099
30 илјади имаше само во Белорусија. Кај се останатите што јуришаа од Курск - Суми и од Чернихив надоле накај Киев. ВДВ, Спецназ, сите најдобри елитни единици беа во Белорусија и ударна тупаница при нападот. Правеа десант на факинг Хостомел со најдобрите армиски единици. За што? За диверзија? За диверзија жртвуваа луѓе кои ќе им требаат години да ги заменат? Имајте малку common sense за работиве.
Автоматски споено мислење:

Па не можеа да влезат зашто заглавија кај Буча и Ирпин во крвави урбани битки кај што имаа страшни загуби кај елитните единици. Покрај тоа и конвоите од Белорусија надоле партал им ги правеа од заседи.
Хостомел го освоија уште првиот ден. Буквално за неколку саати, додека западната пропагнда кажуваше за тешки битки кај Хостмел и тешки загуби на Русите, CNN случајно дојдоа на местото на настанот за да ги забележат Руските трупи како целосно го контролираат аеродромот, за какви битки и за какви жртви збориш ти за Хостомоел?

На 6 Март Украинците целосно беа повлечени од Ирпин, на 9ти Март од Ирпин. За завземање на овие два града скоро и воопшто да немаше копнена офанзива, туку само интензивно бомбардирање.

И зошто „факинг“ не тргнаа на Киев? Колку им се жртвите на Русите на север и според кои извори? Исто сега јас да ти кажам Украинците имаа миљон жртви на север и „prove im wrong“.

Туку уште стоиш на тврдењето дека сакале да извршат воздушен коридор или десант на Киев?
 
мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
17.782
Поени од реакции
21.188
Владе, не збориме за ловно друштво Стогово (Дебарското не Кичевското пошто Кичевчани се малце поспособни) за да се преесапиле. Разбирам на пример имало гадни битки кај што Русите изгубиле и се повлекле. Ајде некако ќе замижам и ќе разберам на пример дека имало огромен конвој што заглавил ради бензин и неисправност на возилата (?!?!?) на помаалку од 100 километри од граница, ама како бре преку ноќ се поправиле во возилата и пази молимте не продолжиле така поправени и наполнето со бензин, туку се вратиле. Не збориме за 1-2 возила, туку за километарски колони.

Па ајде друга логика. Според Украински извори, Русија учествувала во северната офанзива со 15К-30К војска, ај сега јас да те прашам тебе да пресметаш, колку една 40 километарска колона има возила и колку шофери се потребни за нив. Нема апсолутно никаква логика, Русите да сакале нешто повеќе да постигнат на север, освен да им ги замајаваат Украинците, додека на југ иде глатко.
Jamajka, blefiraa ajde da recam i blefot ne im uspea. Se slucuva, ni prvi ni posledni. Mislam i prethodno imam napisano , a i drugi manje vise istata teza ja zastapuvaat. Ocekuvaa Kiev( vladata) pri neposredna opasnost da padni i posle ke si se prosetaa niz Ukraina kako krava kroz kukuruz. Arno ama Kiev ne padna i toa e toa. Nema vrska ova so lovno drustvo, ali daleku od toa da izmisluvame tamu nekoj taktiki, strategii i neznam sto.
 
Klinton

wanna BOMB?
Член од
11 април 2010
Мислења
2.786
Поени од реакции
4.432
Тоа ти е подценување на Русите до нацизам.
другар ептен претера.
И САД и ЕУ и Украина ептен ја згрешија ама Русија никако да згреши, оти никогаш и не згрешила.
патетично е ова
Од мое искуство логика е бесполезна против инает.
Всушност и аргументи/факти не помагаат многу.
да, колку и да ви се објаснува воена перспектива, експерти како тебе се држат до себекреирани факти.

Логиката ти е аквариум, а преташ ко риба на суво брат.

мешате тактика со стратегија, мешате воена терминологија и логика со кошаркарски поими, ама битно факти излагате на маса
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.219
Поени од реакции
35.821
Хостомел го освоија уште првиот ден. Буквално за неколку саати, додека западната пропагнда кажуваше за тешки битки кај Хостмел и тешки загуби на Русите, CNN случајно дојдоа на местото на настанот за да ги забележат Руските трупи како целосно го контролираат аеродромот, за какви битки и за какви жртви збориш ти за Хостомоел?

На 6 Март Украинците целосно беа повлечени од Ирпин, на 9ти Март од Ирпин. За завземање на овие два града скоро и воопшто да немаше копнена офанзива, туку само интензивно бомбардирање.

И зошто „факинг“ не тргнаа на Киев? Колку им се жртвите на Русите на север и според кои извори? Исто сега јас да ти кажам Украинците имаа миљон жртви на север и „prove im wrong“.

Туку уште стоиш на тврдењето дека сакале да извршат воздушен коридор или десант на Киев?
Ехее сега ќе се лажеме за факти од пред осум месеци :D
Аеродромот во Хостомел го заземаа откако Украинците успеаја да ја уништат пистата и со тоа да спречат авионски десант кон Гостомел. Буча не успеаја целосно да ја стават под контрола, Ирпин не успеаја да го заземат и претрпеа големи загуби. Автопатот кон Житомир не успеаја да го стават под своја контрола. Украинците ја поплавија реката Ирпин и со тоа спречија напад од пошироки размери.

Сите видеа од почетоците на војната кај северот од Киев се со елитни ВДВ трупи поддржани од Спецназ и Росгвардиа. За загубите таму ја не шпекулирам туку си имаш еден куп докази. Четири дена после инвазијата, таму горе е убиен Мајор Генерал на ВДВ, Андреј Суковетски. Прва загуба од тој ранг за Русија после ВСВ. Две недели после почетокот на инвазијата имаш еден тон објавени докази за загубени ВДВ сили кои излегуваат на површина. Почнуваат да се редат, загинати полковници, потполковници, мајори, цели полкови разбиени итн. Не постои држава на светот што може да поднесе такви загуби и да биде као it’s fine, don’t worry about it. Години ќе требаат за ова да се обнови.

Муабетиве дека ова било лажњак е ко Грците да им однеле златен коњ на Тројанците и да заборавиле војници да стават во него. И додека Тројанците го парчосуваат златниот коњ, ти ми велиш, види каква финта им направиме, дур се занимаваат со тоа, ние таму подоле зазедовме една штала и два селски бунари. Јак лажњак.
Автоматски споено мислење:

Туку уште стоиш на тврдењето дека сакале да извршат воздушен коридор или десант на Киев?
Сликано на 24 јуни дента на почетокот на инвазијата. Може одат на екскурзија во Ваташа.

D6B4E456-38E3-4CA5-AC98-41BCB4429A02.jpeg 1ED70ACB-067C-4218-B705-1F297741FB01.jpeg 22FE8121-4288-4C8F-A543-96D2C46F7777.jpeg E5B79E6F-5E0C-48AF-B87A-F2FE352D95A2.jpeg
 
Последно уредено:

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.587
Поени од реакции
26.099
Сликано на 24 јуни дента на почетокот на инвазијата. Може одат на екскурзија во Ваташа.

Прегледај го приврзокот 352160Прегледај го приврзокот 352161Прегледај го приврзокот 352162Прегледај го приврзокот 352163
Кај рибарите има едно светкаво метално парченце што се става во вода, и кога рибите ќе го видат како светка, им привлекува внимание, си мислат дека е храна, ќе го лапнат и ќе се закачат за јадицата. Ниту знаеш кога е сликано ниту во кој контекст. И сигурно ако сакаат да изненадат ќе сликаат вакви работи. Само ај, секој со својот ум.
Автоматски споено мислење:

другар ептен претера.
И САД и ЕУ и Украина ептен ја згрешија ама Русија никако да згреши, оти никогаш и не згрешила.
патетично е ова
Да, сигурно сакале со возушен мост или воздушен десант на 100 километри од граница, баш првиот ден кога ПВО им беше активна. Тврдењево не е ич патетично..
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom