Прерано е да се збори за заземање на Артојомск/Бахмут. А и лично јас не гледам причина зошто Русите би го зеле, мелница е за украинско месо, ПСВ во 21 век само што едната страна има дронови, артилерија, проектили и авиони.
Според ЊЈТ, украински воен доктор тврди дека 250 украински војници биле ранети во 1 ден, те кај него стигнале толку. Колку ли само не стигнуваат, а од тие кои стигнуваат колку умираат или се неспособни за понатамошно војување? Кога се бореа кај Писки, лесно ранетите војници ги враќаа назад на фронт, не стигнуваа ни да им се пружи медицинска помош.
Стратегијата на Киев да се брани секоја педа до последен здив и бесмислени суицидни напади е многу крвава за украинскиот народ и катастрофално лоша на долг рок за поствоена Украина.