И јас мислев вака, од што ги јаде совест не ни можат да живеат, се самоубиваат бидејќи не можат да ги поднесат сликите што им се враќаат, викав доволна казна им е тоа што мора да живеат со тоа до крај на животот, ама после гледам истите тие луѓе во странство си шетаат слободни, на сепаре со флаши дискотеки, буквално го живеат животот што му го скратиле на прегазениот. Страшно многу ме разбесни тоа.
Има една случка што ми ја прераскажале, ќе скратам на детаљи, бидејќи не сум сигурен дека човекот на кој му се има случено би сакал да се сподели, дека не го знам лично. Еден тип го собираат вака исто како пешак, лом бил цел, цела кариера во тоа што правел му се сјебува, ама битно жив останал. После неколку години го гледа човекот кој го прегазил и еден саат се мисли дали да му пријде, си рекол “сепак морам да му пријдам да го поздравам колку и да ми буди црни спомени сепак животот не поврзува со таа случка и имаме некоја конекција меѓу нас“, отишол најпријателски спремен да му прости кога овој му рекол “како се осмелуваш да ми доаѓаш, знаеш ли колку проблеми поради тебе имав со судови и полиции, и колата ми ја оштети“. Скроз се пореметени вредностите во општеството, така да не се нафаќам да проценувам више како се очекувало или како би требало некој да се однесува после одредена ситуација.